OPEL ASTRA K 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2020Pages: 349, PDF Size: 27.42 MB
Page 311 of 349

Сервисирање и одржување309Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................309
Сервисни информации ..........309
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 310
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..310Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 116.
Европски сервисни периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 30000 км или по
една година, кое и да настапи прво. Кога е потребна замена на
моторното масло и филтерот
порано од одржувањето, тоа се
прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Летонија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Северна Македонија,
Малта, Монако, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Сан
Марино, Србија, Словачка,
Словенија, Шпанија, Шведска,
Швајцарија, Обединетото
кралство.
Екран за сервисирање 3 116.
Меѓународни сервисни
периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 15000 км или по
една година, кое и да настапи прво.
Кога е потребна дополнителна
замена на моторното масло и
филтерот порано од одржувањето,
тоа се прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.
Page 312 of 349

310Сервисирање и одржувањеТешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, влечење приколка,
возење по планински терен,
возење на лоша или песоклива
подлога, зголемено загадување на
воздухот, присуство на песок и
големо количество прашина во
воздухот, возење на голема
надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 116.Потврдувања
Потврдата на сервисирањето сеевидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и потпис на
сервисот.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни каква било рекламација или
добронамерно барање. Добро
служи и кога се продава возилото.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Page 313 of 349

Сервисирање и одржување311Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 316.
Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа
може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 316.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 316.
Сите препорачани степени на
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
Page 314 of 349

312Сервисирање и одржувањесе предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 315 of 349

Технички податоци313Технички податоциИдентификација на возилото..313
Идентификациски број на возилото ................................ 313
Идентификациска табличка ..314
Идентификација на моторот . 315
Податоци за возилото .............316
Препорачани течности и средства за подмачкување ..316
Податоци за моторот .............319
Перформанси ......................... 320
Димензии на возилото ........... 322
Зафатнини .............................. 323
Притисоци во гумите .............324Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Бројот за идентификација на
возилото може да е отпечатен на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Бројот за идентификација на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Page 316 of 349

314Технички податоциИдентификацискатабличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото.
Максималната тежина на возилото
зависи од спецификациите на
возилото, на пример, изборната опрема и додатоците. Видете во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со возилото или во
другите национални документи за
регистрација.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Page 317 of 349

Технички податоци315Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
користат идентификациската
шифра на моторот. Табелата на
податоците за моторот
дополнително го покажуваат
инженерскиот код.
Податоци за моторот 3 319.
За да го идентификувате моторот, видете во Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Сертификатот за сообразност го
покажува кодот за идентификација
на моторот, други национални
публикации може да покажат
инженерски код. Проверете ја
зафатнината на клипот и силата на
моторот за да се идентификува
соодветниот моторот.
Page 318 of 349

316Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување Европски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 309Квалитет на моторното маслоБензински мотори
F12SHL, F12SHR, F12SHT B14XFTБензински моторF14SHTБензински моторB16SHTМотори на дизелdexos1 Gen2✔–✔–dexos2––––OV0401547–✔✔✔
Ако квалитетот dexos или OV0401547 не е достапен, може да користите најмногу 1 литар моторно масло ACEAA3/B3 или C3 за бензински мотори и ACEA C5 за дизел мотори.
Page 319 of 349

Технички податоци317Класи по вискозитет на моторното маслоСите земји со европски период на сервисирање 3 309Бензински мотори
F12SHL, F12SHR, F12SHTБензински мотор F14SHTБензински мотор
B14XFT, B16SHTМотори на дизелВискозностSAE 0W-30
SAE 5W-30SAE 0W-20SAE 0W-20
SAE 0W-30
SAE 5W-30
SAE 0W-40
SAE 5W-40SAE 0W-20
Page 320 of 349

318Технички податоциМеѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 309Квалитет на
моторното маслоБензински мотори
F12SHL, F12SHR, F12SHT B14XFTБензински моторF14SHTБензински моторB16SHTМотори надизелdexos1 Gen2✔–✔–dexos2––––OV0401547–✔✔✔
Ако квалитетот dexos или OV0401547 не е достапен, може да користите најмногу 1 литар моторно масло ACEAA3/B3 или C3 за бензински мотори и ACEA C5 за дизел мотори.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите земји со европски период на сервисирање 3 309Бензински мотори
F12SHL, F12SHR, F12SHTБензински мотор F14SHTБензински мотор
B14XFT, B16SHTМотори на дизелВискозностSAE 0W-30
SAE 5W-30SAE 0W-20SAE 0W-20
SAE 0W-30
SAE 0W-40SAE 0W-20