OPEL CASCADA 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2014Pages: 283, PDF Size: 7.43 MB
Page 21 of 283

Накратко19
Палење на моторот
■ cвртете го клучот во положбата 1
■ помрднете го воланот малку за да се ослободи бравата на
воланот
■ притиснете ги куплунгот и сопирачката
■ автоматскиот менувач во P или N
■ не нагазнувајте го педалот за гас
■ мотори на дизел: свртете го
клучот во положбата 2 за
предзагревање и почекајте да се изгасне контролната
сијаличка !
■ свртете го клучот во положбата 3 и отпуштете го
Палење на моторот 3 153.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Ставете го менувачот во лер
■ Отпуштете ја педалата за куплунг
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Page 22 of 283

20Накратко
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 154.ПаркирањеВнимание
Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка. Затегнувајте ја
рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте ја
колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот m.
■ Ако возилото е на рамна површина или на угорница,
ставете во прва брзина или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Ако
возилото е на угорница, свртете ги предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на удолница,
ставете во рикверц или
наместете ја рачката на
менувачот во P пред да го
исклучите палењето. Свртете ги
предните тркала кон работ на
тротоарот.
■ По возење со голема брзина на моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот кратко
време да работи со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
■ Изгаснете го моторот. Свртете го
клучот за палење во положбата
0 и извадете го. Вртете го
воланот додека не се заклучи.
Автоматски менувач: клучот
може да се извади кога рачката
на менувачот е во P.
Page 23 of 283

Накратко21
■ Затворете ги прозорците имекиот покрив.
■ Заклучете го возилото. Активирајте го системот за
тревожење при кражба 3 29.
■ Вентилаторот за ладење на моторот може да продолжи даработи по гаснењето на моторот
3 207.
Клучеви, брави 3 22, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 205.
Page 24 of 283

22Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............22
Врати ........................................... 27
Безбедност на возилото ............29
Странични ретровизори ............32
Ретровизори ............................... 33
Прозорци .................................... 34
Покрив ......................................... 38Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикетата која се вади.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 251.Клуч со дел што се
преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста, и затоа
теба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци за
возилото се потребни за да се
извршат извесни работи.
Page 25 of 283

Клучеви, врати и прозорци23Далечински управувач
Се користи за ракување со:■ Централна брава
■ Систем за заштита од кражба
■ Систем за тревожење при кражба
■ Мек покрив
■ Електрични прозорци
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 20 метри. Него може да го ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Опсегот е пречекорен
■ Напонот во батеријата е пренизок
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повторно
синхронизирање
■ Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори
Отклучување 3 24.Основни поставки
Некои поставки може да се изменат во изборникот Settings (поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 26 of 283

24Клучеви, врати и прозорци
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач се
синхронизира кога се вклучува
палењето.
Меморизирани поставки
При секое вадење на клучот од
бравата за палење, клучот
автоматски ги меморира следните
поставки:
■ Осветлување
■ Инфозабавен систем
■ Централна брава
■ Поставки на спортскиот режим
■ Поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во бравата за палење и ќе се сврти во
положбата 1 3 152.
Предуслов е Personalization by
driver (приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активиран во личните
поставки на
Сликовниот инфо-екран. Тоа мора
да се постави за секој клуч што се
користи. Кај возилата со
Информативен екран во боја,приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби е
постојано активирано.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Систем на централната
брава Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и капачето на
резервоарот.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски се отклучува.
Page 27 of 283

Клучеви, врати и прозорци25
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Отклучување
Притиснете го копчето c.
Може да изберете две поставки
при приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби
3 115.
■ Еднаш кратко притиснете го копчето c за да се отклучат двете
врати, товарниот простор и
вратичката за полнење гориво.
Повторно држете го копчето c
притиснато за да ги отворите
прозорците и мекиот покрив
3 34,
или
■ За отклучување само на возачката врата, товарниот
простор и вратичката за полнење гориво, еднаш кратко притиснете
го копчето c. За отклучување на
целото возило, два пати кратко
притиснете го копчето c.
Поставката може да се измени во
изборникот Settings (поставки) на
инфо-екранот 3 115.
Поставката може да се сними за клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 24.
Отклучување и отворање на
задната врата 3 27.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го копчето e накратко.
Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Повторно држете го копчето e
притиснато за да ги затворите
мекиот покрив и прозорците
3 34.
Page 28 of 283

26Клучеви, врати и прозорци
Копчиња за централнатабрава
Заклучување или отклучување на двете врати, товарниот простор и
вратичката за полнење на
резервоарот од патничкиот
простор.
Притиснете го копчето e
за
заклучување.
Притиснете го копчето c за
отклучување.
Дефект во системот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат совозачката врата,
товарниот простор и вратичката за
полнење на резервоарот. Кога ќе
се вклучи палењето, се исклучува
системот за заштита од кражба.
Заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Совозачката врата може да се
отвори со повлекување на
внатрешната рачка двапати.
Товарниот простор и вратичката на резервоарот за гориво не може да
се отворат. За да го деактивирате
системот за заштита од кражба,
вклучете го палењето 3 29.
Заклучување
Притиснете го тркалцето за
заклучување на совозачката врата.
Потоа затворете ја возачката врата и заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да
се заклучат.
Рачно затворање на мекиот покрив 3 38.
Page 29 of 283

Клучеви, врати и прозорци27Автоматско заклучување
Оваа безбедносна функција може да се намести автоматски да се
заклучат вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот за гориво штом ќе се
надмине извесна брзина.
Дополнително, може да се
конфигурира да ја отклучува
возачката врата или двете врати
откако ќе се исклучи палењето и ќе се извади клучот (рачен менувач)
или рачката на менувачот ќе се
стави во положбата P (автоматски
менувач).
Поставките може да се изменат во
изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 115.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 24.Врати
Товарен простор
Задна врата Отворање
Притиснете го копчето x на
далечинскиот управувач или по
отклучувањето притиснете ја
долната половина на амблемот на
брендот за да ја отворите задната
врата.
Со притискање на копчето x се
отвора задната врата, а возилото
останува заклучено.
Централна брава 3 24.
Товарен простор 3 79.
Page 30 of 283

28Клучеви, врати и прозорци
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не допирајте го амблемот на
брендот додека затворате бидејќи
така може повторно да ја отклучите задната врата.
Централна брава 3 24.
Блокирање на капакот на
багажникот
Задната врата може да се отвори
само кога мекиот покрив е целосно
отворен или затворен. Капакот за
мекиот покрив мора да биде
затворен.
Рачно затворање на мекиот покрив
3 38.
Блокирање на мекиот покрив
Со мекиот покрив може да се
ракува само кога задната врата е
затворена.
Општи совети за ракување созадната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата, на пр. кога превезувате кабасти
предмети, бидејќи отровните
издувни гасови кои не може да
се видат или намирисаат може
да навлезат во возилото. Тоа може да предизвика несвест идури смрт.
Внимание
Пред да го отворите капакот на
багажникот, проверете ги
пречките над глава, како врата
на гаражата, за да се избегне оштетувањето на капакот на
багажникот. Секогаш
проверувајте ја движечката
површина над и зад капакот на
багажникот.
Забелешка
Ставањето тешка опрема на
капакот на багажникот може да
спречува тој да остане отворен.