OPEL CASCADA 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2014Pages: 283, PDF Size: 7.43 MB
Page 41 of 283

Клучеви, врати и прозорци39
Затворен мек покрив
Држете го прекинувачот притиснат
додека мекиот покрив сосема да се
спушти и капакот за мекиот покрив
сосема да се затвори. Кога
прозорците ќе почнат да се креваат отпуштете го прекинувачот,
прозорците автоматски ќе се
затворат.
Во текот на оваа операција на
почетокот сите прозорци ќе бидат
отворени.
Потврдување на операцијата
Целосно отворање или затворање
на мекиот покрив со прекинувачот
од централната конзола се
потврдува со огласување на
акустичен сигнал.
Ракување со далечинскиотуправувач
Отворен мек покрив
Држете го копчето c притиснато
додека мекиот покрив сосема да се
отвори и капакот за мекиот покрив
да се затвори. Во текот на оваа
операција сите прозорци ќе бидат
отворени.
Затворен мек покрив
Држете го копчето e притиснато
додека мекиот покрив, капакот за
мекиот покрив и прозорците
сосема да се затворат. Во текот на оваа операција на почетокот сите
прозорци ќе бидат отворени.
Page 42 of 283

40Клучеви, врати и прозорци
Потврдување на операцијата
Целосно отворање или затворање на мекиот покрив со далечински
управувач се потврдува со
предупредувачките трепкачи.
Безбедносно сопирање на
мекиот покрив
Копчето на далечинскиот
управувач или прекинувачот во
централната конзола мора да биде активиран додека мекиот покрив дадојде во соодветната крајна
позиција. Ако го отпуштите копчето или прекинувачот за време на
ракувањето, мекиот покрив веднаш
ќе престане да се движи. Мекиот
покрив останува во меѓупозиција
само одредено време. Потоа, ќе се
огласи предупредувачки звук,
хидрауличниот притисок во
системот се намалува и мекиот
покрив може да се придвижи сам
од себе. Со повторно активирање
на копчето или прекинувачот
операцијата продолжува.Услови за ракување
■ Возилото стои или се движи со брзина до 50 км/ч.
■ Преградата на товарниотпростор е одвиткана, вратичката
е затворена 3 79.
■ Капакот за мекиот покрив е во позиција затворено.
■ Капакот на багажникот е целосно
затворен.
■ Надворешната температура не е
пониска од -7 °C за отворање и
-10 °C за затворање.
■ Напонот во акумулаторот е доволен.
■ Системот не е преоптоварен со повторување на операцијата
(најмногу 5 комплетни циклуси
едно по друго).
Ако некој од овие услови не е
исполнет, се огласува
предупредувачка мелодија и се
појавува порака во
Информативниот центар за
возачот кога прекинувачот е
активиран, а мекиот покрив не се отвора или затвора.
■ Не смее да има предмети пред задното стакло или во пределот
на движењето на мекиот покрив
и капакот за мекиот покрив.
Page 43 of 283

Клучеви, врати и прозорци41
Ако автоматското возење не е во
функција кога е отворен мекиот покрив, затворањето направете го
рачно, следејќи ги упатствата од
„Рачно затворање во случај на
дефект на системот“.
Општи практични совети Забелешка■ Секогаш активирајте го прекинувачот за ракување
додека не се огласи звучен
сигнал или не светнат
предупредувачките трепкачи
како потврда дека мекиот
покрив е целосно отворен или
затворен.
■ Мекиот покрив може да стои во меѓупозиција за да овозможи
чистење на просторот на
хаубата и дихтунзите.
Отпуштете го прекинувачот во
централната конзола за време
на ракувањето за да го сопрете движењето на мекиот покрив во
средна положба најмногу
7 минути, кога палењето е
вклучено. По истекот на ова
време ќе се огласипредупредувачка мелодија, ќе
се намали хидрауличниот
притисок во системот и мекиот
покрив ќе почне сам да се
движи.
■ Не отворајте го мекиот покрив ако е мокар, замрзнат или
нечист.
■ Активирање на мекиот покрив на нерамен терен може да
предизвика неисправно
работење или штета.
■ Грижа за возилото 3 251.
Рачно затворање во случај на дефект на системот Во случај на грешка во
активирањето на електро-
хидрауличниот систем, отворениот
мек покрив може рачно да се
затвори.
Се огласува предупредувачка
мелодија и се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Внимание
Советуваме рачното затворање на мекиот покрив да го вршат
двајца.
Рачно ракување со мекиот
покрив е дозволено само за
затворање на покривот.
Page 44 of 283

42Клучеви, врати и прозорциВнимателно прочитајте го
следниот опис пред да
започнете со ракувањето.
Не почнувајте рачно затворање
на мекиот покрив кога возилото
е паркирано на надолнина или стрмнина.
Извадете го големиот
ветроодбојник пред да почнете
со работа.
По затворањето, однесете го
мекиот покрив на поправка во
сервис.
Подгответе ги следниве алати што се потребни за рачното ракување:
■ Имбус со шестоаголник од 4 мм на долгата и 6 мм на кратката
страна - се наоѓа во касетата,
■ двe врвки - се наоѓаат во касетата,
■ штрафцигер, што се наоѓа во кутијата со алати во товарниот
простор 3 229.
1. Исклучете го палењето.
2. Отоворете ја задната врата и земете го штрафцигерот од
кутијата со алати.3. Од внатрешната страна на
горниот раб на товарниотпростор има рачка за
ослободување на капакот за
мекиот покрив. Најдете ја рачката и слободете ја вртејќи
ја надолу.
Забелешка
Од следниот чекор натаму
капакот на багажникот не може да
се отвори.
Извадете ја одвртката од кутијата со алати за понатамошната
работа. Може да се случи
товарниот простор да не може да
се отвори додека возилото е на
Page 45 of 283

Клучеви, врати и прозорци43
сервис. Затоа извадете ги сите
потребни предмети од товарниот
простор.
4. Затворете го капакот на багажникот.
5. Кренете го капакот за мекиотпокрив од двете страни
истовремено, некаде до
половина крената позиција.
6. Ставете го шестоаголниот клуч од 4 мм во обележаната
позиција за отклучување.
Вртете го францускиот клуч во
правец на стрелките на
часовникот се до крај, така што
страничните јазичиња да се
завртат.
7. Отворете го капакот за мекиот покрив до неговата крајна
позиција.8. Тргнете ги пластичните капачиња од двете страни со
притискање и лизгање наназад, видете на сликата.
Page 46 of 283

44Клучеви, врати и прозорци
9. Кај шарките од двете страниима видливи ознаки.
10. Навлечете ги закачените врвки околу обележаната положба на
шарките од двете страни и
повлечете го крајот на врвката
низ јамката, како што е
прикажано на сликата.
11. Оставете ги краевите на врвките напред.
12. Извлечете го мекиот покривкревајќи ја горната прачка ( 1)
истовремено со затегнувачката
прачка ( 2) од двете страни.
13. Поместете ја предната прачка
(1 ) кон рамката на
шофершајбната.
14. Отстранете го малото капаче од рамката на шофершајбната
со шрафцигер што треба да го
вметнете во жлебот на капачето.
Page 47 of 283

Клучеви, врати и прозорци45
15.Ставете го францускиот клуч од
6 мм во бравата и заклучете
така што францускиот клуч ќе го
вртите во правец на стрелките
на часовникот, додека не дојде
во крајна позиција.16. Кренете ја прачката за затегнување ( 2) на мекиот
покрив од двете страни.
Кревајте го капакот за мекиот
покрив полека туркајќи го до
половина крената позиција, а
потоа оставете го да се лизне
во затворената положба.
17. Спуштете ја прачката за затегнување ( 2) на мекиот
покрив.
Забелешка
Возилото може да го возите во
ваква положба до сервис за
поправка на мекиот покрив.
Мекиот покрив не е сосема
водоотпорен и не е заглавен на
задниот дел.
За целосно да го заглавите
мекиот покрив, направите ги
следните чекори.
18. Цврсто притиснете ги надолу двете страни од прачката за
затегнување. Истовремено
повлечете ја врвцата со
шрафцигер вметнат во ушето,
полека и континуирано кон
предниот дел. Ако е можно,
потпрете се на рамката на вратата со другата рака.
Page 48 of 283

46Клучеви, врати и прозорци
Направете го ова од двете
страни за да го затворите
мекиот покрив назад.
По последниот чекор, капакот на
багажникот повторно може да се
отвори. Врвките нека ги отстранат
во вашиот сервис.
Мекиот покрив може да не се
отвори со фиксирани врвки.
Дефлектор за ветер
Има два дефлектори за ветер што
се наоѓаат во торба позади
потпирачите за грб на задните седишта. Преклопете ги задните
потпирачи за грб 3 79, отворете
ги Velcro затварачите и извадете ја
торбата од процепот.
■ Малиот дефлектор за ветер може да се стави меѓу заднитепотпирачи за глава.
■ Големиот дефлекто за ветер може да се стави меѓу предните
седишта.
Не ставајте предмети на
дефлекторот за ветар.
За да се монтираат дефлекторите,
мекиот покрив треба да биде
отворен.
Местење на малиот
дефлектор за ветер ■ Преклопете го левиот заден потпирач за грб 3 79.
■ Извадете го капакот на
водилката за дефлекторот што
се наоѓа меѓу задните потпирачи
за глава така што ќе го лизгате
настрана кон левата страна на
возилото.
Page 49 of 283

Клучеви, врати и прозорци47
■ Вметнете го адаптерот надефлекторот со накосување во
спротивниот жлеб на водилката.
■ Лизгајте го дефлекторот во водилката кон десната страна одвозилото додека добро да се
намести.
■ Кренете го задниот потпирач за грб.
Отстранете го дефлекторот по
обратен редослед.
Местење на големиот
дефлектор за ветер ■ Извадете го дефлекторот од торбата.■ Извлечете ги четирите јазичиња за заклучување на дефлекторот:
горните кои имаат пружина
искокнуваат со свртување на
јазичињата надвор од држачите
на двете страни, а долните
искокнуваат со кревање на
степените на шините од двете
страни.
■ Раширете го дефлекторот за ветер.■ Во шарката зад предните седишта вметнете ги десните
јазичиња за заклучување во
жлебовите на десната страна на
рамката во близина на задното
седиште. Малку преклопете го
дефлекторот на средината и
вметнете ги левите јазичиња за
заклучување во жлебовите на
рамката на левата страна.
Проверете дали сите јазичиња
се добро наместени. Притиснете го дефлекторот во средината.
Page 50 of 283

48Клучеви, врати и прозорци
■ Свртете го горниот дел вовертикална позиција.
Задните седишта не смее да бидат зафатени кога се монтира
големиот дефлектор за ветер.
Вертикалниот дел од дефлекторот
може да се спушти надолу кога не
се користи.
Дефлекторот за ветер може да
остане монтиран кога мекиот кров
е затворен.
За да го отстраните спуштениот
вертикален дел на дефлекторот,
кренете го малку дефлекторот во
средината и извадете го од
жлебовите на двете страни.
Пакување на дефлекторот за
ветер
За да го спакувате дефлекторот,
придвижете ги задните јазичиња за заклучување така што ќе ги турнете
наназад и ќе ги завртите во
држачите. Туркајте ги наназад
шините на предните јазичиња за
заклучување додека добро да се
наместат. Сколопете го
дефлекторот и спакувајте го во
торбата.
Преклопете ги задните потпирачи
за грб. Исправете ја тврдата
покривка на торбата во товарниот
простор. Поставете ја торбата од
долу нагоре странично во процепот
на горната рамка . Фиксирајте ја торбата со Velcro затворачи со
алки за врзување на двете страни.
Кренете ги задните потпирачи за
грб.
Систем за заштита од
превртување Системот за заштита од
превртување се состои од
зајакната рамка на
шофершајбната и покриени шипки
за заштита при превртување зад
задните потпирачи за глава.