OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015.5Pages: 291, PDF Size: 7.64 MB
Page 51 of 291

Клучеви, врати и прозорци49
Пакување на дефлекторот за
ветер
За да го спакувате дефлекторот, придвижете ги задните јазичиња за заклучување така што ќе ги турнете
наназад и ќе ги завртите во
држачите. Туркајте ги наназад
шините на предните јазичиња за
заклучување додека добро да се
наместат. Сколопете го
дефлекторот и спакувајте го во
торбата.
Преклопете ги задните потпирачи
за грб. Исправете ја тврдата
покривка на торбата во товарниот
простор. Поставете ја торбата од
долу нагоре странично во процепот
на горната рамка. Фиксирајте ја
торбата со Velcro затворачи со алки за врзување на двете страни.
Кренете ги задните потпирачи за
грб.
Систем за заштита од
превртување Системот за заштита од
превртување се состои од
зајакната рамка на
шофершајбната и покриени шипки
за заштита при превртување зад
задните потпирачи за глава.Во случај на превртување,
фронтален судир или страничен удар, шипките за заштита при
превртувањето се исправаат
нагоре за милисекунди. Тие исто
така се активираат заедно со
системите на предните и
страничните воздушни перничиња.
Забелешка
Не ставајте предмети на капаците
на шипките за заштита од
превртување зад потпирачите за
глава.
Контролната сијаличка за
воздушните перничиња v се пали
ако шипките против
превртувањето биле активирани.
Системот се активира кога мекиот
покрив е отворен или затворен.
Не смее да се ракува со мекиот
покрив ако шипките за заштита при превртување биле активирани. Ако
прекинувачот бил активиран, ќе се
огласи континуиран
предупредувачки звук и ќе се
појави порака во Информативниот
центар за возачот.
Page 52 of 291

50Седишта, потпирачиСедишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 50
Предни седишта ......................... 52
Безбедносни ремени .................60
Систем на воздушни перничиња .................................. 64
Системи за врзување на деца ..71Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Потпирачи за глава на предните
седишта
Местење на височината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Page 53 of 291

Седишта, потпирачи51
Хоризонтално местење
Полека повлечете го перничето на
потпирачот за глава кон напред. Тој може да се заглави во неколку
положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре и оставете да се заглави. За да поместите надолу, притиснете
ја бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот за
главата надолу.
Вадење на задниот потпирач за
главата
На пр., кога се користи систем за
врзување на деца 3 71.
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Ставете го потпирачот за глава во
мрежеста торба и прицврстете го
долниот дел од торбата со
прицврстувачите велкро на подот
на товарниот простор. Погодна
мрежеста торба можете да
набавите кај сервисерот.
Page 54 of 291

52Седишта, потпирачиАктивни потпирачи заглава Во случај на удар одзади, предните
делови на активните потпирачи за
глава се движат малку нанапред. Затоа главата е поткрепена така
што ризикот од повреда на вратот е намален.
Забелешка
Одобрената дополнителна
опрема може да се прикачи само ако не се користи седиштето.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 87.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 55 of 291

Седишта, потпирачи53
би требало да лежат леко врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 50.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу два
прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Местење на должината на
седиштата
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Потпирач за грб на седиштето
Свртете ја рачката наназад,
наместете ја наваленоста и
отпуштете ја рачката. Нека се
заглави потпирачот за грб чујно.
Page 56 of 291

54Седишта, потпирачи
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=седиштето погореудолу=седиштето подолуНавалување на седиштата
Пумпање со рачката
угоре=предниот крај погореудолу=предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Page 57 of 291

Седишта, потпирачи55
Приспособлив потпирач заколковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Преклопување на
седиштето9 Предупредување
Патниците на задните седишта
треба да внимаваат да не ги
приклешти механизмот за
местење кога седиштето ќе се
врати во првичната положба.
Внимание
Кога седиштето е на најголема
висина, притиснете го
потпирачот за глава надолу и кренете ги штитниците за сонце пред да го склопите потпирачотза грб напред.
Преклопување на седиштата
со рачно управување
Кренете ја рачката за отпуштање и
склопете го потпирачот за грб
наназад, потоа клизнете го
седиштето напред до сопирањето.
За да го вратите, клизнете го
седиштето наназад до
сопирањето. Кренете го
потпирачот за грб во иправена
положба без ракување со ниедна
рачка. Проверете дали потпирачот
за грб се заглавува.
Page 58 of 291

56Седишта, потпирачи9Предупредување
Кога го исправате, проверете
дали седиштето е добро
заглавено во положбата пред да
возите. Ако не го направите тоа, може да биде предизвикана
повреда во случај на нагло
сопирање или судар.
Кога е целосно заглавено,
седиштето е повторно во
првичната позиција.
Не ракувајте со рачката за
навалување на потпирачот за грб
додека потпирачот е навален
нанапред.
Преклопување на
електричните седишта
Подигнете ја рачката за
ослободување и навалете го
потпирачот за грб нанапред.
Седиштето се лизга автоматски
напред до сопирањето.
За да го вратите, кренете го
потпирачот за грб во исправена
положба и заглавете го.
Седиштето се лизга автоматски
назад до првобитната положба.
Во случај кога потпирачот за глава на преклопениот потпирач за грб е
блокиран со горната рамка на
шофершајбната, оставете
седиштето да се помрдне малку
наназад или надолу 3 57, или
поставете го потпирачот за глава
на пониска положба 3 50.
Безбедносна функција
Ако електричното седиште наиде
на отпор додека се лизга напред
или назад, веднаш се сопира и се
придвижува во спротивната
насока.
Забелешка
Не седете на седиштето додека се движи.
Прекин на електрична енергија
Ако седиштето остане во предна
положба со отворена врата
подолго од 10 минути,
електричното местење е без
напојување. Во тој случај,
затворете ја и отворете ја вратата
или вклучете го палењето и
повторно ракувајте со
електричното местење.
Page 59 of 291

Седишта, потпирачи57
ПреоптоварувањеАко функцијата за преклопување е
преоптоварена електрично,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Електрично местење на
седиштето9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Местење на должината на
седиштата
Поместете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Височина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре/
удолу.
Page 60 of 291

58Седишта, потпирачи
Навалување на седиштата
Поместете го предниот дел на
прекинувачот нагоре/надолу.
Наслони на седиштата
Свртете го прекинувачот
нанапред/наназад.
Потпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.