TPMS OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015Pages: 301, PDF Size: 7.79 MB
Page 244 of 301

242Нега на возилотоСистем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите (TPMS) го проверува притисокот во сите
четири тркала еднаш по минута
кога брзината на возилото ќе
надмине определена граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.Притиснете го копчето MENU за да
се избере Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Page 246 of 301

244Нега на возилото
возачот, Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) 3 113.
Изберете:
■ Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација
мора да се спореди со позицијата
на новото тркало/гума по ротирање на гумите или по замена на целиот
комплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
на TPMS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со гума за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при следното палење. Сензорите сеспоредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед:
левата предна гума, десната
предна гума, задната десна гума и
задната лева гума. Трепкачот на
моменталната активна положба
свети додека да се усогласи
сензорот.Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење.
Потребни се две минути за
споредување на првата положба на гума/тркало и пет минути вкупно за да се споредат сите четири
положби на гуми/тркала. Ако трае
подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање; кај возилата со
автоматски менувач поставете
ја рачката на менувачот на P.
2. Вклучете го палењето.
3. Со копчето MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
Page 247 of 301

Нега на возилото245
5. Притиснете го копчетоSET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сирената
се огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со левата предна гума.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со десната предна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.10. Продолжете со десната задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.
11. Продолжете со левата задна гума и повторете ја постапката
од чекор 8. Сирената се
огласува двапати да укаже дека идентификациската шифра на
сензорот е споредена со левата задна гума и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми споредпрепорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
14. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 113.Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.