OPEL CASCADA 2017 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2017Pages: 121, PDF Size: 1.82 MB
Page 31 of 121

Радио31програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне
емитување бучава.
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
Ако сигналот DAB е преслаб за да го прима приемникот,
системот се префрлува на
истата програма на друга
станица DAB или FM.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DABсе подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
радиото на инфозабавниот
систем остаснува активно во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP 3 28,
се емитуваат сообраќајните соопштенија на FM-станицата
со најдобар прием. Исклучете
го TP ако не сакате приемот
DAB да се прекинува со
сообраќајни соопштенија FM.
Соопштенија DAB Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Додека сте во главниот изборник
за DAB, притиснете го
повеќефункциското копче за да го
отворите DAB menu (DAB
изборник) , па изберете
Announcements (Соопштенија) .Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се
прима моментално се прекинува
кога има соопштение од таков вид.
Активирајте ги саканите категории.
Page 32 of 121

32ЦД-уредЦД-уредОпшти информации...................32
Употреба ..................................... 33Општи информации
Важни информации за аудио
ЦД-а и MP3/WMA ЦД-а
ЦД плеерот на Инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а и MP3/WMA ЦД-а.Внимание
Никогаш не ставајте ДВД-а,
сингл ЦД-а со пречник од 8 см
или ЦД-а со посебен облик во аудио плеерот.
Не ставајте налепници на ЦД- ата. Тие дискови може да се
заглават во погонот за ЦД и да
го уништат плеерот. Тогаш ќе
мора да се замени уредот.
Формати на фајлови
Аудио ЦД-а
Може да се користат следниве ЦД- формати: CD-ROM Mode 1 и
Mode 2; CD-ROM XA Mode 2,
Form 1 и Form 2.
ЦД-а со МР3
Може да се користат следниве
формати на фајлови: ISO9660
Level 1, Level 2, (Romeo, Joliet).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во кој било формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно, а
имињата на нивните фајлови и
папки може да не се прикажат
правилно.
Следните ограничувања важат за
податоците зачувани на MP3/
WMA ЦД:
Број на песни: најмногу 999.
Број на папки: најмногу 255.
Длабочина на структурата на
папките: најмногу 64 нивоа (се
препорачува: најмногу 8 нивоа).
Број на музички листи: најмногу 15 .
Број на песни по музичка листа:
најмногу 255.
Применливи проширувања на
списоците со репродукции:
.m3u, .pls, .asx, .wpl.
Page 33 of 121

ЦД-уред33УпотребаЗапочнување репродукција од
ЦД
Вметнете го ЦД-то со етикетата
нагоре во отворот за ЦД додека не
се вовлече.
Репродукцијата на ЦД-то почнува
автоматски и се прикажува
главниот изборник CD или MP3 CD
(МП3 ЦД) .
Ако веќе има вметнато ЦД, но
главниот изборник CD или MP3 CD
(МП3 ЦД) не е активен,
притиснете ;, а потоа изберете
CD .
Се прикажува главниот изборник
CD или MP3 CD (МП3 ЦД) и
почнува репродукцијата.
Зависно од податоците зачувани на аудио CD или MP3 CD (МП3
ЦД) , на екранот ќе се прикажат
различни информации за ЦД-то и
моменталната песна.
Забелешка
Кога е веќе активен извор на звук,
може да менувате меѓу различни
извори на звук со притискање
SRCE .
Вадење на ЦД
Притиснете d.
ЦД-то се турка нанадвор од
процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Листа на песни Вртете го повеќефункциското
копче за да се прикаже листа на
сите песни на ЦД-то.
Забелешка
Моментално репродуцираната песна се обележува со i.
Одберете ја саканата песна.
Функциски копчиња
Прескокнување на претходната
или следната песна
Притиснете t или v еднаш или
повеќепати за да прескокнете до
претходната или следната песна.
Брзо напред или назад
Притиснете и држете t или v за
брзо вртење напред или назад на
моменталната песна.
Page 34 of 121

34ЦД-уредПаузирање репродукција
Притиснете r за паузирање на
репродукцијата.
Изборник за звук
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже изборникот
за ЦД или за МП3.
Забелешка
За опис на функциите на
изборникот за MP3 3 37.
Функција за мешана репродукција
За да ги репродуцирате песните од ЦД по случаен редослед,
активирајте Shuffle (Мешање) .
За да се вратите на нормален
редослед за репродукција,
деактивирајте Shuffle (Мешање) .
Page 35 of 121

Надворешни уреди35Надворешни
уредиОпшти информации ...................35
Репродукција на звук .................37
Прикажување слики ...................38
Користење апликации ................ 39Општи информации
Приклучоци за поврзување
надворешни уреди се наоѓаат во
средишната конзола.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
AUX приклучок
Може да се поврзе дополнителен
уред со 3,5 милиметарски
приклучок во AUX приклучокот.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички фајлови
содржани на дополнителни уреди.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Гласноста може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува од дополнителниот уред.Поврзување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во
приклучокот AUX на
инфозабавниот систем, користете
го следниов кабел:
3-полен за извор на звук.
За да го откачите уредот AUX,
изберете друга функција, а потоа
отстранете го уредот AUX.
USB приклучок MP3-плеер, уред USB или паметен
телефон може да се приклучат во
USB приклучокот. Инфозабавниот
систем може да репродуцира
музички фајлови или да прикажува
слики содржани на дополнителни
уреди.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.
Page 36 of 121

36Надворешни уредиПоврзување/откачување уред
Поврзете го USB-уредот со USB
приклучокот.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB што не
може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB, изберете друга
функција, а потоа извадете го
уредот USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Bluetooth
Уреди што поддржуваат профили A2DP и AVRCP на музика Bluetooth
можат безжично да се поврзат со
Инфозабавниот систем.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
овие уреди.
Поврзување уред
За детален опис на поврзувањето преку Bluetooth 3 74.
Формати на фајлови
Аудио фајлови
Поддржани се само уреди
форматирани со системите на
фајлови FAT32, NTFS и HFS+.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Аудио фајлови што можат да се
репродуцираат се .mp3, .wma, .aac
и .m4a.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Сликовни фајлови
Фајлови со слики што можат да се
прикажат се .jpg, .jpeg, .bmp, .png
и .gif.
Фајловите треба да се широки
најмногу 2048 точки и високи
најмногу 2048 точки (4MP).
Gracenote
Базата на податоци Gracenote
содржи информации за
медиумските податоци што се
достапни на пазарот во моментот.
Page 37 of 121

Надворешни уреди37Кога се поврзуваат надворешни
уреди, песните или фајловите ги
препознава функцијата Gracenote.
Ако се активира функцијата за
нормализација на Gracenote,
правописните грешки во ознаките
на МП3 се поправаат автоматски.
Поради тоа, резултатите за
пребарување медиуми може да се
подобрат.
Притиснете CONFIG и потоа
изберете Radio Settings (Поставки
за радиото) .
Изберете Gracenote Options
(Опции за Gracenote) за да се
прикаже односниот подизборник.
Активирајте ја функцијата за
нормализација на Gracenote.
Репродукција на звук Почнување репродукција
Ако не е поврзан, поврзете го
уредот 3 35.
Притиснете ; и потоа изберете
USB , AUX или Bluetooth .
Пример: главен изборник за USB
Функциски копчиња
Со медиумските фајлови на
уредите USB и Bluetooth може да се
ракува со копчињата на таблата со инструменти.
Прескокнување на претходната
или следната песна
Притиснете t или v еднаш или
повеќепати за да прескокнете до
претходната или следната песна.
Брзо напред или назад
Притиснете и држете t или v за
брзо вртење напред или назад на
моменталната песна.
Паузирање репродукција
Притиснете r за паузирање на
репродукцијата.
Изборници за звук
За да се прикаже соодветниот
изборник за звук, притиснете го повеќефункциското копче.
Забелешка
Не се достапни сите ставки во
сите изборници за звукот.
Функција за мешана репродукција
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже изборникот
за USB или за Bluetooth.
Page 38 of 121

38Надворешни уредиЗа да ги репродуцирате песните одсоодветниот уред по случаен
редослед, активирајте Shuffle
(Мешање) .
За да се вратите на нормален редослед за репродукција,
деактивирајте Shuffle (Мешање) .
Разгледување
(достапно само на изборниците
USB)
За да побарате песна во
структурата, изберете една од
ставките, на пр. Folders (Папки),
Play Lists (Плејлисти) или Albums
(Албуми) .
Разгледувајте ја структурата
додека ја најдете саканата песна.
Изберете ја песната за да почне
репродукција.
Индивидуални музички листи
Системот овозможува да се прават нови музички листи преку
функцијата Gracenote. Сличните
песни се составуваат во листа
автоматски направена од
системот.Изберете песна околу која сакате
да направите нова музичка листа.
Изберете Play More Like This...
(Пуштај повеќе вакви...) во
соодветниот изборник за аудио. Се
создава нова музичка листа и се
зачувува во изборникот Play Lists
(Плејлисти) .
За да избришете музичка листа
направена од системот, изберете
Delete automatic playlist (Избриши
автоматска плејлиста) . Се
прикажува листа на сите
направени музички листи.
Изберете ја музичката листа што
сакате да ја избришете. Музичката
листа е избришана.
Прикажување слики
Гледање слики Поврзете уред USB 3 35.
Притиснете ; и потоа изберете
Pictures (Слики) за да го отворите
изборникот Picture Viewer USB
(Прегледник на слики на USB) .Се прикажува листа на сите слики
и папки со слики најдени на
уредот USB.
Разгледувајте ги сликите и папките
додека не ја најдете саканата слика
и изберете ја. Се прикажува
сликата.
Функциски копчиња
Копче за информации
Изберете Info (Информации) на
дното од екранот за да се прикажат
информации за сликата зачувана
на уредот USB, на пр. име или број.
Односните информации се
прикажуваат над сликата.
Page 39 of 121

Надворешни уреди39Прескокнување до претходната
или следната слика
Изберете < или > на дното од
екранот за да се прикаже
претходната или следната слика.
Слајдови
За да почнат да се прикажуваат
сите слики сочувани во некоја
папка со слики како слајдови,
изберете 6 на дното од екранот.
Почнуваат да се прикажуваат
слајдови.
Кога ќе почне прикажувањето на
сите слики, 6 се менува во Q.
Изберете Q за да го паузирате
прикажувањето на сите слики.
Вртење слика
Изберете R на дното од екранот за
да ја свртите сликата.
Изборник за слики За да го прикажете изборникот за
слики, изберете Menu (Изборник)
на дното од екранот.Главен прегледник на слики
Изберете Picture Viewer Main
( Главен прегледник на слики) за да
се прикаже список со сите папки со
слики, видете погоре.
Тајмер за слајдовите
За да го приспособите времето за
кое се прикажува една слика во
слајдовите, изберете Slideshow
Timer (Тајмер на слајдовите) . Се
прикажува односниот
подизборник. Одберете ја саканата опција.
Произволно прикажување слики
За да се прикажуваат сликите на
слајдовите по случаен редослед,
активирајте Shuffle Images (Мешај
слики) .
Користење апликации Преку паметниот телефон,
достапна е апликацијата за
интернет-радио AUPEO.
Забелешка
Во зависност од избраната
сметка, достапни се различни
опции и карактеристики:● Нормална сметка, бесплатна
● Премиум сметка со дополнителни карактеристики,
се плаќа надомест на Aupeo
Поврзување на паметниот
телефон
Ако не е поврзан со
Инфозабавниот систем, поврзете
го паметниот телефон:
● iPod ®
/iPhone ®
: поврзете го
уредот со USB приклучокот
3 35.
● Телефон со Android ™:
воспоставете поврзување
преку Bluetooth 3 74.
Преземање на апликацијата Забелешка
Пред да може да се ракува со
некоја апликација преку
контролите и изборниците на
Page 40 of 121

40Надворешни уредиИнфозабавниот систем,
апликацијата мора да се
инсталира на паметниот телефон.
Преземете ја апликацијата
AUPEO на паметниот телефон од
соодветната продавница за
апликации.
Вклучување на апликацијата
Притиснете ;, па изберете
AUPEO на почетниот екран.
Се воспоставува врска со
апликацијата што е инсталирана на паметниот телефон и главниот
изборник од апликацијата се
прикажува на екранот од
Инфозабавниот систем.
Изборник на Aupeo
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да се прикаже
изборникот на Aupeo.
За да ја оценувате музиката според
вашиот вкус, изберете ги
соодветните ставки од изборникот.
За да се прикаже подизборник со
категории за избор на музика,
изберете Station List (Список на
станици) .
Список на станици на AUPEO
Притиснете ; и изберете AUPEO.
Свртете го копчето за повеќе
функции за да пристапите
директно до AUPEO Station List
(Список на станици) .
Омилени
За да пристапите до
персонализирани станици,
миксови и веб-радија што
претходно сте ги избрале како
омилени, изберете Favourites
(Омилени) . Изберете ја саканата
омилена ставка од списокот.
Избор на музика
Во други подизборници, достапни се различни категории за музички
избор.
Забелешка
Содржината од списокот
Достапни може да се менува.
За да ја изберете музиката што
сакате да ја репродуцирате,
изберете ги саканите категории.