bluetooth OPEL COMBO 2014 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2014Pages: 75, PDF Size: 1.15 MB
Page 4 of 75

4ВоведВоведОпшти информации.....................4
Функција за аларм при кражба .... 6
Преглед на контролните
елементи ....................................... 8
Употреба ..................................... 14
Поставки на тонот ......................20
Поставки на гласноста ............... 21Општи информации
Инфозабавен систем
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Радиото е опремено со 6 копчиња
за меморирање радио станици на
брановите должини FM и АМ,
Autostore - функција за автоматско меморирање на радио станици - и
Радио податочен систем (RDS) за подобрен прием и сообраќајни
информации.
ЦД-плеерот може да репродуцира
аудио ЦД-а, CD-R и CD-RW и, во
зависност од верзијата, исто така
репродуцира и ЦД-а со МР3.
Дигиталниот обработувач на
звукот има претходно одредени и
овозможува кориснички
определени режими на
еквалајзерот за оптимизација на
звукот 1)
.Добро обмислената конструкција
на контролните елементи и јасните екрани ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Систем без раце со
мултимедија
Системот за телефонирање без
раце е компатибилен со Радио со
ЦД/МР3-плеер и овозможува да
ракувате со разни функции на
телефонот и на аудиото со
контролите на воланот или со
системот за препознавање глас.
Системот за телефонирање без
раце е опремен со технологијата
Bluetooth за ракување со мобилни
телефони, читач на пораки SMS,
плеер на медиуми за USB и е
програмиран да препознава разни
говорни команди.
Технологијата Bluetooth
овозможува да воспоставите врска
меѓу мобилен телефон со
Bluetooth и системот за1)
Само Радио со ЦД/МР3-плеер .
Page 5 of 75

Вовед5
телефонирање без раце, така што
може да го пренесете ракувањето
со телефонот на возилото.
Читачот на пораки SMS користи
синтетизиран говор и технологија
Bluetooth за да ги чита дојдовните
текстуални пораки на мобилниот
телефон преку звучниците на
возилото.
Забелешка
Не сите функции на системот за
телефонирање без раце се
поддржани од секој мобилен
телефон. Можните телефонски
функции зависат од релевантниот
мобилен телефон и операторот.
Видете во упатството за ракување
во прирачникот на вашиот
мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Плеерот за медиуми овозможува
да репродуцирате и контролирате
дигитални звучни записи зачувани
на уред USB. Надворешните
мемориски уреди, на пр. iPod илиплеер за MP3 може да се поврзат
со плеерот за медиуми преку
портата USB.
Системот за Препознавање глас
овозможува да упатувате и
примате телефонски повици, да
пристапувате кон пораки SMS и да
ракувате со плеерот за медиуми со
низа говорни команди за поголема
безбедност и практичност.
Други надворешни уреди, на пр.
преносни ЦД-плеери, исто може да се поврзат со приклучокот AUX и да
се репродуцираат преку
инфозабавниот систем.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Возете безбедно секогаш кога
ракувате со инфозабавниот и со системот за телефонирање без
раце.
Ако имате сомнежи, сопрете го
возилото пред да ракувате.
Користење на прирачников
■ Ова упатство ги опишува достапните опции и функции.
Извесни контроли и описи,
вклучувајќи ги симболите,
екраните и функциите на
изборниците, може да не важат
за вашето возило поради
верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
Page 18 of 75

18Вовед
Контролни операции за
системот без раце (Читач на мултимедија CD
50): Системот без раце е опремен со
контроли на воланот за ракување
со телефони со Bluetooth, читач на
пораки SMS и Плеер за медиуми и
за активирање на Препознавањето
глас.
Јачина
Притискајте < или ] за да ја
прилагодувате јачината.
Актуелната поставка се покажува на екранот.
Стишување / пауза
Притиснете го Ã / ESC за
стишување на телефонските
повици или ѕвонењето или за
паузирање на Плеерот за медиуми.
На екранот се прикажува Mute или
Pause.
За пуштање на звукот и
продолжување на репродукцијата,
притиснете го Ã / ESC повторно.Забелешка
Прилагодување на јачината
автоматски ја откажува
функцијата за стишување/пауза.
Изборници на екранот Пристапувајте и движете се низ
изборниците на екранот со
контролите на воланот:
■ Притиснете го Â / MENU за да
пристапите до изборниците.
■ Притискајте го R или S за да ги
листате опциите на изборникот.
■ Притискајте го SRC/OK (или Â /
MENU ) за потврда на опциите на
изборникот.
■ Притиснете го Ã / ESC за да
излезете од изборник или за да
се вратите во претходен
изборник без зачувување.
Промените се зачувуваат и се
излегува од изборниците
автоматски по кусо време.
Користење на системот за
телефонирање без раце 3 56.Начини на работењето
Користете ги контролите на
воланот да ракувате со функциите
на системот без раце:
Телефон
Со најважните функции на
телефонот се ракува на следниов
начин:
■ Прифаќање телефонски повик: Притиснете Â / MENU .
■ Завршување или одбивање телефонски повик: Притиснете
го и држете го Â / MENU .
■ Стишување на микрофонот за време на телефонски разговор:
Притиснете Ã / ESC .
■ Пренос на телефонски разговор меѓу системот без раце и
мобилен телефон: Притиснете го
SRC/OK .
■ Менување во друг телефонски разговор за време на
телефонски повик: Притиснете
 / MENU .
Користење на телефонот 3 62.
Page 46 of 75

46Препознавање на гласотПрепознавање на
гласотПрепознавање глас ...................46Препознавање глас
Општи информации
Читач за мултимедија CD 50
Препознавањето глас ви
овозможува да ракувате со
одредени функции на спарен
мобилен телефон со Bluetooth со
користење низа програмирани
говорни команди.
Откако ќе спарите мобилен
телефон со Bluetooth и ќе ги
ископирате контактите од
телефонот во системот без раце, препознавањето глас ви
овозможува, на пр., да повикате контакт без рачно бирање на името
или бројот.
Спарување на мобилен телефон
3 58.
Можно е да се ракува и со Читачот
на пораки SMS и Плеерот за
медиуми (ЦД или уред USB) и да се
менуваат разни поставки со
говорни команди.
Читач на пораки 3 62.
ЦД плеер 3 34.Аудио уред USB 3 40.
За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето глас не
се вклучува додека не се активира.
Активирање на
препознавањето на гласот
За активирање на системот за
препознавање глас:
Притиснете го s на воланот.
Активирањето се потврдува со сигнал.
Исклучување на
препознавањето глас
За исклучување на системот за препознавање глас:
■ Кажете „ Cancel (откажување) “,
или
■ Притиснете Ã / ESC , или
■ Не кажувајте говорна команда откако ќе го активирате
системот.
Исклучувањето се потврдува со
сигнал.
Page 53 of 75

Препознавање на гласот53
Кажете „Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ за да ја откажете операцијата.
За да пренесете контакти од
телефонот во системот без раце:
Ако контактите не биле ископирани во системот без раце за време на
спарувањето, можно е податоците
да се пренесат подоцна.
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ User data (Кориснички
податоци) “.
3. Кажете „ Add contacts (Додај
контакти) “.
За да ги отстраните сите мобилни
телефони, контакти и податоци:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ User data (Кориснички
податоци) “.
3. Кажете „ Delete all (бришење на
се) “.
4. Системска порака ќе ве замоли да го потврдите изборот.Кажете „ Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ за да ја откажете операцијата.
За да спарите мобилен телефон со системот без раце:
За да го користите системот за
телефонирање без раце,
мобилниот телефон треба првин
да се спари со возилото преку
Bluetooth 3 58.
За да ја активирате постапката за
спарување телефон користејќи
говорни команди:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ PAIRING
(СПАРУВАЊЕ) “.
3. На екранот на возилото се прикажува PIN-от. Внесете го
PIN-от на тастатурата на
вашиот мобилен телефон.
На екранот се прикажува Се
поврзува .Забелешка
Ако не се внесе PIN за неколку
минути, операцијата се откажува
автоматски.
4. Кога ќе заврши спарувањето, системот ќе ве праша дали
сакате да ги ископирате
контактите од мобилниот
телефон во системот за
телефонирање без раце.
Кажете „ Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ ако не сакате да ги ископирате
контактите.Внимание
Спарувањето мобилен телефон треба да се врши само додекавозилото е во мирување.
Видете во делот „ Поврзување
Bluetooth “ за повеќе информации
3 58.
Page 56 of 75

56ТелефонТелефонОпшти информации...................56
Поврзување ................................ 58
Поврзување Bluetooth ................58
Итен повик .................................. 61
Ракување .................................... 62
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 70Општи информации
Системот за телефонирање без
раце, заснован врз технологијата
Windows Mobile , е личен
телематски систем што му
овозможува на корисникот да ги
користи уредите за комуникација и
забава и е посебно конструиран за користење во возила.
Системот ви овозможува да
разговарате на мобилен телефон
преку микрофонот и звучниците на возилото, како и да ракувате со
најважните функции на мобилниот
телефон преку контролните
копчиња на воланот или со говорна интеракција со инфозабавниот
систем.
За да можете да го користите
системот за телефонирање без раце, мобилниот телефон мора да
биде поврзан со него преку
Bluetooth 3 58.
Забелешка
Не сите функции на системот за
телефонирање без раце се
поддржани од секој мобилентелефон. Можните телефонски
функции зависат од релевантниот
мобилен телефон и операторот.
Видете во упатството за ракување
во прирачникот на вашиот
мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Важни информации за
ракувањето и безбедноста на сообраќајот9 Предупредување
Употребата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете додека возите може да
биде опасна зашто вашата
концентрација се намалува кога телефонирате. Паркирајте го
возилото пред да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете.
Следете ги прописите на
земјата во која возите.
Page 57 of 75

Телефон57Исто така, следете ги посебнитепрописи кои важат во конкретни
области и секогаш исклучувајте
го мобилниот телефон ако
употребата на мобилни
телефони е забранета, ако
мобилниот телефон
предизвикува пречки или ако
дојде до опасни ситуации.9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Заради тоа, подготвени се
безбедносни прописи со кои
треба да се запознаете пред
користењето на телефонот.
Bluetooth
Технологијата Bluetooth му
овозможува на корисникот да
упатува и прима повици со
претходно одредени говорни
команди или со рачните контроли
на воланот сосема безбедно и
удобно за време на возењето, во
целосна согласност со законите.
Системот за телефонирање без
раце ги поддржува Профилите за без раце Bluetooth V. 1.1 и V. 1.5 е
специфициран во согласност со
Bluetooth Special Interest Group
(SIG). Видете во спецификациите за поврзувањето Bluetooth во
прирачникот на својот мобилен
телефон.
Дополнителни информации за
спецификациите се достапни на
www.bluetooth.org/qualweb
Согласност со EU R & TTEСо тоа изјавуваме дека Bluetooth
System Transceiver е во согласност
со суштинските барања и други релевантни мерки на Директивата
1999/5/EК.
SMS (Услуга за куси пораки) Со технологијата на
синтетизирање глас, вградениот
читач на пораки SMS 3 62 на
инфозабавниот систем може да ги
чита дојдените текстуални пораки
на вашиот мобилен телефон со
Bluetooth преку звучниците на
возилото.
Со функциите на читачот на
пораки SMS се управува со
контролите на воланот или со
говорни команди.
Не сите мобилни телефони го
поддржуваат говорното читање
пораки SMS . Видете ги упатствата
за ракување во прирачникот на
вашиот мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Page 58 of 75

58ТелефонПоврзување
Со системот за телефонирање без
раце треба да биде поврзан
мобилен телефон за да можат да
се контролираат неговите функции
преку инфозабавниот систем.
Со системот не може да се поврзе
телефон ако претходно не бил
спарен. Видете во делот
Поврзување Bluetooth (3 58) како
се спарува мобилен телефон со системот за телефонирање безраце преку Bluetooth.
Кога палењето е ставено во
положбата MAR, системот за
телефонирање без раце ги бара
спарените телефони во близина.
На мобилниот телефон треба да е
активирано Bluetooth за да може
системот за телефонирање без раце да го препознае телефонот.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон.Пораката Се поврзува , на екранот
укажува дека се поврзува телефон. Потврдата на поврзувањето на
екранот ги прикажува деталите за
спарениот мобилен телефон.
Забелешка
Кога е активно поврзувањето
Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без
користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
Автоматско поврзување
За да може вашиот телефон да се
поврзе автоматски кога ќе се
вклучи системот, може да биде
неопходно да ја активирате
функцијата за автоматско
поврзување со Bluetooth на вашиот
мобилен телефон. Видете во
упатството за ракување со вашиот
мобилен телефон.Ако поврзувањето не успее:
■ Проверете дали телефонот е вклучен
■ Проверете да не е празна батеријата на телефонот
■ Проверете дали телефонот е веќе спарен.
Функцијата Bluetooth на мобилниот
телефон и на системот за
телефонирање без раце треба да биде активна и мобилниот телефон треба да биде наместен за
прифаќање на барањето за
приклучување на системот.
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на, на пр.,
мобилен телефон со други уреди.
Компатибилни мобилни телефони
му овозможуваат на корисникот да
упатува и прима повици и да слуша
говорни пораки користејќи ги
контролите на воланот или
интеракција со говор. Информации како листата контакти и листата
повици од мобилниот телефон
Page 59 of 75

Телефон59
може да се пренесат во меморијата
на инфозабавниот систем и да се
прикажат на екранот.
Забелешка
Функционалноста може да биде
ограничена, зависно од марката и моделот на телефонот.
Спарување на мобилен
телефон со системот за телефонирање без раце
Забелешка
Пред да спарите мобилен
телефон, додајте контакти во
именикот на мобилниот за да
можете да ги повикувате
користејќи го системот за
телефонирање без раце.
За да го користите вашиот систем
за телефонирање без раце, треба
да се воспостави врска помеѓу
мобилниот телефон и системот
преку Bluetooth , т.е. мобилниот
телефон треба да се спари со
возилото пред да се користи. За
таа цел, мобилниот телефон мора
да поддржува Bluetooth.Погледнете во упатствата за
ракување за вашиот мобилен
телефон.
За да се воспостави поврзување
Bluetooth , системот за
телефонирање без раце треба да биде вклучен и Bluetooth треба да
биде активирано на мобилниот
телефон.
За да спарите мобилен телефон,
користете ги следниве контроли на
воланот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
3. SETTINGS (ПОСТАВКИ) :
Изберете опција
4. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборот
5. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
6. PAIRING (СПАРУВАЊЕ) :
Изберете опција
7. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборотНа екранот ќе се прикаже Се
поврзува додека системот ги бара
достапните уреди преку Bluetooth.
Ако системот за телефонирање
без раце го нашол мобилниот
телефон, на екранот ќе се прикаже 4-цифрен PIN.
Внесете го PIN-от на тастатурата
на мобилниот телефон и ќе
примите потврда на екранот, на кој
ќе се прикажат детали за
мобилниот телефон што бил
успешно спарен.
Забелешка
Инфозабавниот систем го
одредува PIN-от што се користи за
спарување со мобилен телефон
по случаен избор секогаш кога се
спарува нов телефон, затоа не
мора да го помните. Ако го
изгубите, пак ќе може да го
користите системот за
телефонирање без раце.
Забелешка
Ако не се внесе PIN за неколку
минути, операцијата се откажува
автоматски.
Page 61 of 75

Телефон61
5.Кориснички податоци :
Изберете ја опцијата, а потоа
притиснете го копчето SRC/OK
за да потврдите
6. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
7. Избриши корисници : Изберете
ја опцијата, а потоа притиснете
го копчето SRC/OK за да
потврдите
Избришете го уредот од листата
уреди со Bluetooth на мобилниот
телефон. Погледнете во
упатствата за ракување за вашиот
мобилен телефон.
Отпарувањето на телефонот ги
брише сите негови преземени
контакти и поранешни повици од
системот за телефонирање без
раце.Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.