156Нега на возилотоТркала и гумиСостојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања
на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се ставаат на сите тркала.
Гумите со големина 185/65 R15,
195/65 R15 и 195/60 R16 С се
дозволени како зимски гуми.Во согласност со прописите
специфични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 H215=Широчина на гумата во мм60=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата), во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)C=Товарна или трговска
употреба16=Пречник на тркалото, инчи95=Индекс на натовареноста,
на пр. 95 одговара на
690 кгH=Буква на шифрата на
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 190.
Податоците за притисокот во гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.