OPEL COMBO 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2015Pages: 75, PDF Size: 1.19 MB
Page 31 of 75

Радио31
Ако функцијата Менување AF е
активна и радиото не може да ја
прима наместената станица,
радиото ќе активира автоматско
пребарување при кое на екранот ќе
се прикаже Пребарување FM .
Функцијата Менување AF може да
се активира само за брановата
должина FM.
Режим на сообраќајни
соопштенија (TA)
Некои станици на брановата
должина FM емитуваат
информации за условите на
сообраќајот.
За да ја активирате функцијата TA
на аудио системот Радио со ЦД-
плеер , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притискајте го
повеќепати додека на екранот
не се покаже AF.
2. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата TA ON
(ВКЛ.) или TA OFF (ИСКЛ.) .Кога е активно RDS, на екранот
ќе се прикаже TA.
За да ја активирате функцијата TA
на аудио системот Радио со ЦД/
МР3-плеер , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притиснете
2. R / S : Притискајте додека на
екранот не се прикаже
Сообраќајни информации
3. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата Сообраќајни
информации ON (ВКЛ.) или
Сообраќајни информации OFF
(ИСКЛ.)
Кога е активно RDS, на екранот
ќе се прикаже ТА.Кога е активна функцијата TA,
можно е следново:
■ Пребарување само станици RDS што емитуваат на
брановата должина FM и
емитуваат сообраќајни
информации
■ Прием на сообраќајни информации иако се користи ЦД-
то / плеерот за медиуми
■ Прием на сообраќајни информации со претходно
определена минимална јачина,
дури и кога јачината на радиото
е исклучена
Кога е активна функцијата TA и ЦД-
то / плеерот за медиуми е во режим
стишување/пауза, функцијата
стишување/пауза ќе се поништи и
ќе почне автоматско местење на
станица што емитува сообраќајни
информации.
Функцијата стишување/пауза ќе
продолжи на крајот на
сообраќајното соопштение.
Page 32 of 75

32Радио
Кога ќе дојде сообраќајно
соопштение, јачината може да е поголема од нормалната.
Нормалната јачина ќе продолжи на крајот на сообраќајното
соопштение.
Режим за сообраќајни програми
(TP)
Функцијата TP овозможува
корисникот да ги наоѓа само оние
станици што редовно емитуваат
сообраќајни соопштенија 1)
.
Кога е активна оваа функција, на
екранот ќе се прикаже TP.
Во некои земји има радио станици што не емитуваат сообраќајни
информации дури и кога е активна
функцијата TP.
Регионален режим (REG)
Понекогаш некои станици RDS
емитуваат регионално различни програми на различни
фреквенции.За да ја активирате функцијата
REG на аудио системот Радио со
ЦД-плеер , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притискајте го
повеќепати додека на екранот
не се покаже REG.
2. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата REG ON
(ВКЛ.) или REG OFF (ИСКЛ.) .
За да ја активирате функцијата
Регионално на аудио системот
Радио со ЦД/МР3-плеер , користете
ги следниве копчиња на
инфозабавниот систем:
1. MENU : Притиснете
2. R / S : Притискајте додека не се
прикаже Регионално на екранот
3. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата
РегионалноON (ВКЛ.) или
РегионалноOFF (ИСКЛ.) .Кога е вклучен режимот REG, се
земаат предвид само
фреквенциите на моментната
станица со RDS со иста регионална
програма.
Ако режимот REG е исклучен, се
земаат предвид само
фреквенциите на моментната
станица со RDS со различна
регионална програма.
Режим на подобрена друга мрежа
(EON)
Функцијата EON овозможува
приемникот автоматски да ги следи другите мрежи или станици со
сообраќајни програми и
привремено да ја намести таа
станица.
Оваа функција работи само кога е
активна функцијата TA.
Прием на тревоги за итни случаи
Во режимот RDS радиото е
поставено да прима соопштенија
за итни случаи во случај на
исклучителни околности или1) Само Радио со ЦД/МР3-плеер .
Page 33 of 75

Радио33
настани што може да предизвикаат
општа опасност (земјотреси,
поплави и сл.), ако ги емитува
наместената станица.
За време на соопштение за итни
случаи , на екранот ќе биде
прикажано Тревога. Кога ќе дојде
соопштение за итни случаи ,
јачината може да е поголема од
нормалната. Нормалната јачина ќе продолжи на крајот на
соопштението за итен случај .
Оваа функција се активира
автоматски и не може да се
исклучи.
Page 34 of 75

34ЦД-уредЦД-уредОпшти информации...................34
Употреба ..................................... 35Општи информации
ЦД-плеерот на инфозабавниот
систем може да репродуцира
аудио ЦД-а.
Само Радио со ЦД/МР3-плеер : ЦД-
плеерот може да репродуцира и
ЦД-а со МР3.
Важни информации за аудио
ЦД-а и ЦД-а со MP3Внимание
Не ставајте под никакви услови
ДВД-а, сингл ЦД-а со пречник од
8 см или ЦД-а со посебен облик
во аудио плеерот.
Немојте да ставите налепници
на ЦД-ата. Тие дискови може да се заглават во единицита за ЦД
и да ја расипат единицата.
Тогаш неопходна ќе биде скапа
замена на уредот.
Може да се користат следниве
формати на ЦД-а:
■ CD-ROM ( Радио со ЦД-плеер ).
■ CD-ROM, CD-R и CD-RW ( Радио
со ЦД/MP3 player ).
Може да се репродуцираат
следниве фреквенции за
урнекување за ЦД-а со MP3 ( само
Радио со ЦД/МР3-плеер ):
■ 44,1 kHz, стерео (96 - 320 kbps) ■ 22,05 kHz, моно или стерео (32 - 80 kbps)
■ Променлива брзина на битови (VBR )
ЦД-ата CD-R и CD-RW што се
користат мора да се изрежани во
согласност со спецификацијата
ISO9660.
■ Аудио ЦД-а со заштита од прекопирање кои не се во
согласност со стандардот за
аудио ЦД-а може да не се
репродуцираат правилно или
воопшто да не се репродуцираат.
Page 35 of 75

ЦД-уред35
■ Кај ЦД-ата со мешан режим(комбинација на аудио и на
податоци на пр. MP3), ќе се
откријат и репродуцираат само
звучните записи MP3.
■ Самозапишаните ЦД-а за запишување (CD-R) или ЦД-а за
повеќекратно запишување
(CD-RW) се поранливи во поглед
на неправилното ракување од однапред запишаните ЦД-а.
Правилното ракување треба да
се обезбеди, особено во случај
на ЦД-а за запишување (CD-R) и ЦД-а за повеќекратно
запишување (CD-RW); видете
подолу.
■ Гледајте да не оставате отпечатоци од прстите кога
менувате ЦД-а.
■ Вратете ги ЦД-ата во нивните омоти веднаш откако ќе ги
извадите од ЦД-плеерот за да се заштитат од валканост и
оштетувања.■ Валканоста и течностите на ЦД-ата можат да ги замачкаат
леќите на аудио плеерот внатре во уредот и да предизвикаатдефекти.
■ Заштитувајте ги ЦД-ата од топлина и директна сончева
светлина.
Следните ограничувања важат за
ЦД-а со МР3 (само Радио со ЦД/
MP3-плеер ):
■ Може да се прочитаат само датотеки MP3. Другите
компримирани формати за
звучни записи не можат да се
репродуцираат.
■ Ако датотеките MP3 на еден CD- R или CD-RW се организирани во
под-папки, нивната организација
се компримира во структура од
едно ниво при што под-папките
се сметаат за главни папки.Употреба
Започнување репродукција од
ЦД
Радио со ЦД-плеер:
Вклучете го Инфозабавниот
систем и турнете го ЦД-то со
печатената страна нагоре во
отворот за ЦД додека не биде
вовлечено: Репродукцијата од ЦД-
то започнува автоматски.
Ако веќе има ЦД во уредот,
притиснете го копчето SRC:
Почнува репродукцијата на ЦД-то,
и песната од ЦД-то продолжува од истото место каде што била
сопрена.
Ако го притиснете копчето SRC
кога не е вметнато ЦД, на екранот
ќе се прикаже Нема ЦД. Додека е
прикажана пораката, функцијата за стишување се активира
автоматски. Звучниот систем потоа
автоматски ќе продолжи со
режимот за радио.
Page 36 of 75

36ЦД-уред
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете го копчето _
или 6 еднаш или повеќепати.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете го копчето _
или 6 за брзо премотување напред
или назад на моменталниот звучен запис.
Паузирање
Кратко притиснете го вртливото
копче ON/OFF за да ја прекинете
репродукцијата на ЦД-то. На
екранот ќе се прикаже Пауза.
Забелешка
Изворот на звук не може да се
смени додека моменталниот
извор на звук е на стишување /
пауза.
Притиснете го вртливото копче ON/OFF за да ја исклучите.
Функцијата за паузирање може да
се исклучи и со менување на
изворот за звук.Екран за ЦД
Кога се репродуцира ЦД, на
екранот се прикажани следниве
информации:
■ T1 (Песна 01): го покажува бројот
на песната на ЦД-то
■ 0:42 : го покажува изминатото
време од почетокот на песната
Вадење на ЦД
Притиснете го копчето d: ЦД-то се
турка нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, ќе се вовлече
автоматски по кратко време.
Звучниот систем потоа автоматски
ќе продолжи со режимот за радио.
Радио со ЦД/МР3-плеер:
Вклучете го Инфозабавниот
систем и турнете го ЦД-то со
печатената страна нагоре во
отворот за ЦД додека не се
вовлече.Кога е ставено ЦД, на екранот ќе се прикаже Се чита ЦД . Кога ќе се
прочитаат информациите од ЦД-
то, репродукцијата на ЦД-то
почнува автоматски.
Ако веќе има ЦД во инфозабавниот
систем, притиснете го копчето
MEDIA на инфозабавниот систем
или SRC/OK на воланот:
Репродукцијата на ЦД-то ќе
продолжи од истото место каде
што била сопрена.
Забелешка
Во зависност од податоците
зачувани на аудио ЦД-то или на
ЦД-то со МР3, на екранот ќе се
прикажат различни информации
за ЦД-то и за моменталната
музичка нумера.
Скокнување на следниот или
претходниот запис
Накратко притиснете го копчето k
или l еднаш или повеќепати.
Избирање албум или песна - ЦД
со MP3
Притиснете го копчето R или S за
избирање албум/папка и сл.
Page 37 of 75

ЦД-уред37
Притиснете го копчето k или l за
да изберете песна од албумите/
папките и сл.
Брзо вртење напред или назад
Притиснете и држете го копчето
k или l за брзо премотување
напред или назад на моменталниот звучен запис.
Стишување / пауза
Кратко притиснете го копчето
MUTE за да ја прекинете
репродукцијата на ЦД-то. На
екранот ќе се прикаже Пауза.
Притиснете го копчето MUTE уште
еднаш за да го исклучите.
Екран за ЦД
Кога се репродуцира ЦД, следниве
информации ќе се прикажат на
екранот кога е избрана
соодветната функција од
изборникот:
■ ЦД песна 5 (Песна 05): го
покажува бројот на песната на
ЦД-то
■ 0:42 : го покажува изминатото
време од почетокот на песнатаТекстуални информации на MP3-
ЦД (ознака ID3)
На екранот може да се прикажат
информации за MP3 (ID3-TAG)
(на пр. наслов на песната, име на
изведувачот, име на албумот итн.)
на ЦД-то. Ако нема информации
ID3-TAG, на екранот ќе се прикаже
само името на датотеката.
За да се прикажат информациите
ID3-TAG со копчињата на
инфозабавниот систем, изберете
го следново:
1. MENU : Притиснете
2. R / S : Притискајте додека не се
прикаже Приказ на MP3 на
екранот
3. _ / 6: Притиснете за да
изберете една од следниве 5
опции:
■ Папки
■ Наслов на датотеката
■ Наслов
■ Автор
■ АлбумВадење на ЦД
Притиснете го копчето d: ЦД-то се
турка нанадвор од процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, ќе се вовлече
автоматски по кратко време.
Page 38 of 75

38AUX приклучокAUX приклучокОпшти информации...................38
Употреба ..................................... 38Општи информации
Радио со ЦД/МР3-плеер
Во средишната конзола има AUX
штекер за приклучување на
надворешни извори на звукот.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Можно е, на пр., да се поврзе
преносен ЦД-плеер со џек од
3,5 мм во приклучокот AUX.
Употреба
Притискајте го копчето MEDIA
повеќепати за да го активирате
режимот AUX, па вклучете го
надворешниот аудио уред.Внимание
Пред поврзување или
исклучување на помошен уред,
на пр. пренослив ЦД-плеер,
исклучете го плеерот и
Инфозабавниот систем за да се избегнат проблеми со
квалитетот и можно
оштетување на опремата.
Со извор на звук поврзан со влезот
AUX може да се ракува само со
контролите на самиот извор на
звук. Не може да се менуваат
песни, папки или музички листи со
контролите на инфозабавниот
систем.
Уметникот или насловот на
нумерата не се прикажани на
екранот.
Page 39 of 75

AUX приклучок39
При поврзување преку машки
приклучок, системот го открива
изворот на звукот автоматски.
Зависно од јачината на снимањето,
може да има доцнење пред да се
слушне изворот на звукот.
Page 40 of 75

40USB приклучокUSB приклучокОпшти информации...................40
Репродукција на зачувани
аудио папки ................................ 42Општи информации
Радио со ЦД/МР3-плеер
Достапна е порта USB за
поврзување со надворешни извори на звук.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Плеер за MP3, уред USB или iPod
може да се поврзат во портата
USB.
Поврзаниот надворешен аудио
уред ви овозможува да
репродуцирате дигитално аудио
што припаѓа на одредена
категорија, на пр. по изведувач или
музички жанр.
Ако уредот USB содржи многу
датотеки, создавањето библиотека може да потрае неколку минути.
Со уредите USB се ракува со
следниве контроли:
■ Изборници на екранот
■ Контроли на воланот 3 8
■ Говорни команди 3 46
Откако ќе поврзете аудио уред
USB, притиснете го копчето
MEDIA за да го смените изворот на
звук во плеер за медиуми.
На екранот ќе се прикажат пораки
да ве известат дека системот го
користи надворешен аудио уред
поврзан преку USB.
Важни информации
Приклучените MP3-плеери и
мемории USB треба да се
усогласени со спецификацијата
Класа на мемориски уреди USB
(USB Mass Storage Class
specification) (USB MSC).