OPEL COMBO 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2015Pages: 75, PDF Size: 1.19 MB
Page 51 of 75

Препознавање на гласот51
За да смените како се известувате
за дојдовна текстуална порака:
1. Притиснете s и кажете
„ MESSAGE READER (ЧИТАЧ
НА ПОРАКИ) “.
2. Кажете „ SIGNAL TYPE (ВИД
СИГНАЛ) “ за да пристапите до
следниве опции за
известување:
3. Кажете „ Reader off (Искл. читач)
“ за да се исклучи читачот на
пораки SMS. Кога ќе пристигне
нова порака SMS на вашиот мобилен телефон, системот
без раце нема да ве извести.
или
Кажете „ Visual and acoustic
signal (Визуелен и акустичен
сигнал) “. Системот без раце го
сигнализира доаѓањето на нова текстуална порака на екранот и
со звучен сигнал.
или
Кажете „ Visual signal only ( Само
визуелен сигнал) “.
Пристигнувањето на новатекстуална порака се
сигнализира само на екранот.
За да излезете од читачот на
пораки SMS:
Притиснете s и кажете „ Exit
(Излези) “.
За повеќе информации за
функциите на читачот на пораки,
видете во Ракување во делот
Телефон 3 61.
Говорни команди за плеерот
за медиуми
За да го смените изворот на звук во плеер за медиуми:
1. Притиснете s и чекајте сигнал.
2. Кажете „ Player (Плеер) “.
Притискајте го копчето s секојпат
пред да кажете некоја од следниве
препознаени говорни команди:
■ Кажете „ Play (Пушти) “.
(ги репродуцира звучните
записи)
■ Кажете „ Stop (Стоп) “.
(ја сопира репродукцијата на
звучните записи)■ Кажете „ Next (Следно) “.
(преоѓа на следната песна)
■ Кажете „ Previous (Претходно) “.
(преоѓа на претходната песна)
■ Кажете „ SHUFFLE (МЕШАНО) “.
(ги репродуцира песните по
произволен редослед)
Притиснете го s и кажете
„ SHUFFLE (МЕШАНО) “ повторно
за вклучување/исклучување на
функцијата.
■ Кажете „ Loop (Повторувај) “.
(ги репродуцира истите звучни
записи без престан)
Притиснете го s и кажете „ Loop
(Повторувај) “ повторно за
вклучување/исклучување на
функцијата.
■ Кажете „ FOLDERS (ПАПКИ) “.
(овозможува да бирате папки и
да ги репродуцирате сите записи
во папките на вашиот уред USB)
■ Кажете „ ARTISTS
(ИЗВЕДУВАЧИ) “.
Page 52 of 75

52Препознавање на гласот
(овозможува да изберете
посебен изведувач и да ги
репродуцирате сите записи и
албуми од него)
■ Кажете „ GENRES (ЖАНРИ) “.
(овозможува да изберете жанр и
да ги репродуцирате сите записи
од одреден жанр)
■ Кажете „ ALBUMS (АЛБУМИ) “.
(овозможува да изберете албуми
и да ги репродуцирате сите
записи од одреден албум)
■ Кажете „ PLAYLISTS (МУЗ.
ЛИСТИ) “.
(овозможува да изберете список на репродукција и да ги
репродуцирате сите записи од
одреден список)
■ Кажете „ AUTOPLAY (АВТО.
РЕПР.) “.
(автоматски ги репродуцира
звучните записи кога ќе се
вметне меморија USB)
Притиснете го s и кажете
„ AUTOPLAY (АВТО. РЕПР.)
“ повторно за вклучување/
исклучување на функцијата.За повеќе информации за
функциите на плеерот за медиуми, видете во Репродукција на
меморираните аудио фајлови во
делот USB приклучок 3 42.
Поставки за говорните
команди За да пристапите до изборникот за
поставки за говорните команди:
1. Притиснете s и чекајте сигнал.
2. Кажете „ SETTINGS
(ПОСТАВКИ) “.
Потоа може да се користи
следнава листа препознаени
говорни команди:
■ User data (Кориснички податоци)
■ PAIRING (СПАРУВАЊЕ)
■ Advanced features (Напредни
функции)
■ Exit (Излези)За да пристапите и да ги менувате
корисничките податоци:
За да отстраните мобилен
телефон од системот без раце:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ User data (Кориснички
податоци) “.
3. Кажете „ Delete users (Избриши
корисници) “.
4. Системска порака ќе ве замоли да го потврдите изборот.
Кажете „ Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ за да ја откажете операцијата.
За да ги отстраните контактите од
именикот на системот без раце:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ User data (Кориснички
податоци) “.
3. Кажете „ Delete phonebook
(бришење на телефонскиот
именик) “.
4. Системска порака ќе ве замоли да го потврдите изборот.
Page 53 of 75

Препознавање на гласот53
Кажете „Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ за да ја откажете операцијата.
За да пренесете контакти од
телефонот во системот без раце:
Ако контактите не биле ископирани во системот без раце за време на
спарувањето, можно е податоците
да се пренесат подоцна.
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ User data (Кориснички
податоци) “.
3. Кажете „ Add contacts (Додај
контакти) “.
За да ги отстраните сите мобилни
телефони, контакти и податоци:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ User data (Кориснички
податоци) “.
3. Кажете „ Delete all (бришење на
се) “.
4. Системска порака ќе ве замоли да го потврдите изборот.Кажете „ Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ за да ја откажете операцијата.
За да спарите мобилен телефон со системот без раце:
За да го користите системот за
телефонирање без раце,
мобилниот телефон треба првин
да се спари со возилото преку
Bluetooth 3 58.
За да ја активирате постапката за
спарување телефон користејќи
говорни команди:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ PAIRING
(СПАРУВАЊЕ) “.
3. На екранот на возилото се прикажува PIN-от. Внесете го
PIN-от на тастатурата на
вашиот мобилен телефон.
На екранот се прикажува Се
поврзува .Забелешка
Ако не се внесе PIN за неколку
минути, операцијата се откажува
автоматски.
4. Кога ќе заврши спарувањето, системот ќе ве праша дали
сакате да ги ископирате
контактите од мобилниот
телефон во системот за
телефонирање без раце.
Кажете „ Yes (да)“ за да
потврдите или кажете „ No (Не)
“ ако не сакате да ги ископирате
контактите.Внимание
Спарувањето мобилен телефон треба да се врши само додекавозилото е во мирување.
Видете во делот „ Поврзување
Bluetooth “ за повеќе информации
3 58.
Page 54 of 75

54Препознавање на гласот
За да пристапите до напредните
функции:
До идентификациската шифра на
системот за телефонирање без
раце и шифрата GPRS за мобилни
телефони може да се пристапи
преку изборникот за напредни
функции.
За да пристапите до
идентификациската шифра на системот за телефонирање безраце:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ Advanced features
(Напредни функции) “.
3. Кажете „ System code
(Системска шифра) “.
На екранот ќе се прикаже
8-цифрената идентификациска
шифра.
За да пристапите до шифрата за
GPRS:
1. Притиснете s и кажете
„ SETTINGS (ПОСТАВКИ) “.
2. Кажете „ Advanced features
(Напредни функции) “.3. Кажете „GPRS code (Шифра за
GPRS) “.
На екранот ќе се прикаже
шифрата за GPRS.
4. Кажете „ Preset (Меморија) “ за
да ја задржите постојната
шифра.
или
Кажете „ Disable (Исклучи) “ за да
ја исклучите шифрата за GPRS.
или
Притиснете s и кажете „ Cancel
(откажување) “ за да ја откажете
говорната интеракција.
За да излезете од изборникот за
поставки:
Притиснете s кажете „ Exit (Излези)
“.
Корисни совети за говорните
команди ■ Микрофонот на возилото е наменет за возачот. Микрофоноте правилно поставен и насочен
за оваа намена, така што не мора да ја менувате својатавообичаена возачка положба за
да може системот да ги
препознае говорните команди.
Ако зборувате предалеку од
микрофонот на возилото, на пр.,
ако седите на задните седишта,
системот може да не ги
препознае вашите говорни
команди.
■ Бучава во заднина и гласни надворешни звуци исто може дапредизвикаат неразбирање на
говорните команди. Може ќе
биде неопходно да се затворат
сите прозорци и подвижниот
покрив, да се исклучи
климатизацијата и да побарате
сопатниците да не зборуваат
додека ги кажувате говорните
команди.
■ Откако ќе го активирате системот
за препознавање глас, секогаш
чекајте го звучниот сигнал пред
да зборувате, инаку системот ќе
забележи само дел од говорната команда и нема да ја препознае.
■ Ако системот не ја препознае говорната команда, со порака ќе
Page 55 of 75

Препознавање на гласот55
побара да ја повторите. Ако
говорната команда с è уште не се
препознава, се репродуцира
листата на снимени говорни
команди. Повторете ја саканата
говорна команда кога ќе се
репродуцира.
Во случај системот сè уште да не
ја препознава говорната
команда, системот за
препознавање глас се исклучува
автоматски.
■ Ако не се даде говорна команда за неколку секунди по
активирањето на
препознавањето глас, системот ќе се исклучи автоматски.
Важни забелешки за
јазичната поддршка ■ Говорните команди се програмирани системот да ги
препознава на одреден јазик. Меѓутоа, на системот не му треба
да идентификува единствен
глас, затоа говорните команди
може да се препознаат без оглед кој ги кажува.■ Системот може да препознае говорни команди на разни јазици,
но ќе препознае само говорни
команди на моментално
поставениот јазик.
■ Меѓу јазиците што можат да се изберат во системот за
препознавање глас спаѓаат:
Англиски, германски, француски, италијански, португалски,
шпански, холандски, полски и
турски.
За да го смените јазикот на
системот без раце (вклучително
и Препознавање на гласот),
видете во Сопственичкиот
прирачник на возилото или
посоветувајте се со овластен
сервисер на Opel.
Page 56 of 75

56ТелефонТелефонОпшти информации...................56
Поврзување ................................ 57
Поврзување Bluetooth ................58
Итен повик .................................. 60
Ракување .................................... 61
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 69Општи информации
Системот за телефонирање без
раце, заснован врз технологијата
Windows Mobile , е личен
телематски систем што му
овозможува на корисникот да ги
користи уредите за комуникација и
забава и е посебно конструиран за користење во возила.
Системот ви овозможува да
разговарате на мобилен телефон
преку микрофонот и звучниците на возилото, како и да ракувате со
најважните функции на мобилниот
телефон преку контролните
копчиња на воланот или со говорна интеракција со инфозабавниот
систем.
За да можете да го користите
системот за телефонирање без раце, мобилниот телефон мора да
е поврзан со него преку Bluetooth
3 58.
Забелешка
Не сите функции на системот за
телефонирање без раце се
поддржани од секој мобилентелефон. Можните телефонски
функции зависат од релевантниот
мобилен телефон и операторот.
Видете во упатството за ракување
во прирачникот на вашиот
мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Важни информации за ракувањето и безбедноста насообраќајот9 Предупредување
Употребата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете додека возите може да
биде опасна зашто вашата
концентрација се намалува кога телефонирате. Паркирајте го
возилото пред да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете.
Следете ги прописите на
земјата во која возите.
Page 57 of 75

Телефон57Исто така, следете ги посебнитепрописи кои важат во конкретни
области и секогаш исклучувајте
го мобилниот телефон ако
употребата на мобилни
телефони е забранета, ако
мобилниот телефон
предизвикува пречки или ако
дојде до опасни ситуации.9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Заради тоа, подготвени се
безбедносни прописи со кои
треба да се запознаете пред
користењето на телефонот.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
SMS (Услуга за куси пораки)
Со технологијата на
синтетизирање глас, вградениот
читач на пораки SMS 3 61 на
инфозабавниот систем може да ги
чита дојдените текстуални пораки
на вашиот мобилен телефон со
Bluetooth преку звучниците на
возилото.
Со функциите на читачот на
пораки SMS се управува со
контролите на воланот или со
говорни команди.
Не сите мобилни телефони го
поддржуваат говорното читање
пораки SMS . Видете ги упатствата
за ракување во прирачникот на
вашиот мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Поврзување
Со системот за телефонирање без
раце треба да биде поврзан
мобилен телефон за да можат да
се контролираат неговите функции
преку инфозабавниот систем.Со системот не може да се поврзе
телефон ако претходно не бил
спарен. Видете во делот
Поврзување Bluetooth (3 58) како
се спарува мобилен телефон со системот за телефонирање без раце преку Bluetooth.
Кога палењето е ставено во
положбата MAR, системот за
телефонирање без раце ги бара
спарените телефони во близина.
На мобилниот телефон треба да е
активирано Bluetooth за да може
системот за телефонирање без раце да го препознае телефонот.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон.
Пораката Се поврзува , на екранот
укажува дека се поврзува телефон. Потврдата на поврзувањето на
екранот ги прикажува деталите за
спарениот мобилен телефон.
Забелешка
Кога е активно поврзувањето
Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без
Page 58 of 75

58Телефон
користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
Автоматско поврзување
За да може вашиот телефон да се
поврзе автоматски кога ќе се
вклучи системот, може да биде
неопходно да ја активирате
функцијата за автоматско
поврзување со Bluetooth на вашиот
мобилен телефон. Видете во
упатството за ракување со вашиот
мобилен телефон.
Ако поврзувањето не успее: ■ Проверете дали телефонот е вклучен
■ Проверете да не е празна батеријата на телефонот
■ Проверете дали телефонот е веќе спарен.
Функцијата Bluetooth на мобилниот
телефон и на системот за
телефонирање без раце треба да
биде активна и мобилниот телефон
треба да биде наместен за
прифаќање на барањето за
приклучување на системот.Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на, на пр., мобилен телефон со други уреди.
Компатибилни мобилни телефони
му овозможуваат на корисникот да
упатува и прима повици и да слуша говорни пораки користејќи ги
контролите на воланот или
интеракција со говор. Информации
како листата контакти и листата
повици од мобилниот телефон
може да се пренесат во меморијата на инфозабавниот систем и да се
прикажат на екранот.
Забелешка
Функционалноста може да биде
ограничена, зависно од марката и
моделот на телефонот.
Спарување на мобилен
телефон со системот за телефонирање без раце
Забелешка
Пред да спарите мобилен
телефон, додајте контакти во
именикот на мобилниот за даможете да ги повикувате
користејќи го системот за
телефонирање без раце.
За да го користите вашиот систем
за телефонирање без раце, треба
да се воспостави врска помеѓу
мобилниот телефон и системот
преку Bluetooth , т.е. мобилниот
телефон треба да се спари со
возилото пред да се користи. За
таа цел, мобилниот телефон мора
да поддржува Bluetooth.
Погледнете во упатствата за
ракување за вашиот мобилен
телефон.
За да се воспостави поврзување
Bluetooth , системот за
телефонирање без раце треба да биде вклучен и Bluetooth треба да
биде активирано на мобилниот
телефон.
За да спарите мобилен телефон,
користете ги следниве контроли на воланот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
Page 59 of 75

Телефон59
3.SETTINGS (ПОСТАВКИ) :
Изберете опција
4. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборот
5. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
6. PAIRING (СПАРУВАЊЕ) :
Изберете опција
7. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборот
На екранот ќе се прикаже Се
поврзува додека системот ги бара
достапните уреди преку Bluetooth.
Ако системот за телефонирање без раце го нашол мобилниот
телефон, на екранот ќе се прикаже
4-цифрен PIN.
Внесете го PIN-от на тастатурата
на мобилниот телефон и ќе
примите потврда на екранот, на кој ќе се прикажат детали за
мобилниот телефон што бил
успешно спарен.
Забелешка
Инфозабавниот систем го
одредува PIN-от што се користи за
спарување со мобилен телефонпо случаен избор секогаш кога се
спарува нов телефон, затоа не
мора да го помните. Ако го
изгубите, пак ќе може да го
користите системот за
телефонирање без раце.
Забелешка
Ако не се внесе PIN за неколку минути, операцијата се откажува
автоматски.
Постапката за спарување може да
се активира и со системот за
препознавање на гласот 3 46.
Забелешка
Ако друг телефон се поврзе
автоматски во текот на
процедурата за спарување, тој
автоматски ќе се исклучи за да
овозможи да продолжи
процедурата за ново спарување.
Забелешка
За да ја прекинете постапката за
спарување во кој било момент,
притиснете го копчето Ã / q на
воланот. На екранот ќе се прикажепорака за грешка што потврдува
дека спарувањето не било
успешно.
Првиот пат кога ќе се спари
мобилен телефон, системот
прикажува порака за добредојде
штом ќе се поврзе. Пораката нема да се прикаже при следните
поврзувања на истиот мобилен
телефон.
Треба да го спарите телефонот само еднаш. Потоа, системот без
раце ќе се поврзува автоматски
секојпат кога ќе го свртите клучот
за палење во положбата MAR.
Забелешка
Функцијата Bluetootn на
мобилниот телефон мора да биде
активна, така што инфозабавниот
систем ќе го препознае
телефонот секогаш кога ќе
влезете во возилото и ќе го
ставите клучот за палење во
положбата MAR.
Page 60 of 75

60Телефон
Забелешка
Ако спарувањето не успее,
проверете дали уредот го
наведува телефонскиот систем
на возилото.
Може ќе треба да се избрише
уредот од листата уреди и да се
спари како нов уред.
Кога системот ќе заврши со
спарувањето, ќе ве праша дали
сакате да ги префрлите контактите
од телефонот што сте го спариле.
3 61.
Кога ќе заврши спарувањето,
телефонот автоматски се поврзува со системот за телефонирање без
раце. Потоа со мобилниот телефон
може да се ракува преку
контролите на инфозабавниот
систем на воланот.
Отпарување на мобилен
телефон од системот за
телефонирање без раце Ако е искористен максималниот
број спарени телефони, нов
телефон може да се спари само
ако се отпари постоечки телефон.За да отпарите мобилен телефон,
користете ги копчињата на
воланот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
3. SETTINGS (ПОСТАВКИ) :
Изберете опција, а потоа притиснете го копчето SRC/OK
за да потврдите
4. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
5. Кориснички податоци :
Изберете ја опцијата, а потоа
притиснете го копчето SRC/OK
за да потврдите
6. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
7. Избриши корисници : Изберете
ја опцијата, а потоа притиснете
го копчето SRC/OK за да
потврдите
Избришете го уредот од листата
уреди со Bluetooth на мобилниот
телефон. Погледнете во
упатствата за ракување за вашиот
мобилен телефон.Отпарувањето на телефонот ги
брише сите негови преземени
контакти и поранешни повици од
системот за телефонирање без
раце.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа, немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно правилно да се
вметне важечка SIM-картичка во мобилниот телефон.