TPMS OPEL COMBO 2017 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2017Pages: 223, PDF Size: 4.72 MB
Page 180 of 223

178Нега на возилото9Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Ако притисокот во гумите треба да
се намали или зголеми кај возило
со систем за контрола на
притисокот во гумите, исклучете го
палењето.
Зависност од температуратаПритисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa (0,1 бари) за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Систем за следење на притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги
емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Табела за притисок во гумите
3 210.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Состојба на низок притисок на
гумите
Page 181 of 223

Нега на возилото179На откриена состојба на низок
притисок во гума укажува светење
на контролната сијаличка w 3 96
заедно со предупредувачка
мелодија. Кај возилата со
повеќефункциска верзија на
Информативниот центар за
возачот се појавува и соодветна
порака.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 210.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во системот.
За тоа време може да свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во сите четири гуми.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете го палењето.Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку вредностите на
притисокот во гумите нема да се
препознаат од системот и w трепка
неколку секунди, а потоа свети постојано. Кај возилата со
повеќефункциска верзија на
Информативниот центар за
возачот се појавува и соодветна
порака.
Резервното тркало и привременото резервно тркало не се опремени со
сенсори за притисок. TPMS не
работи со овие тркала. За другите
три тркала TPMS останува
функционален.
Резервно тркало 3 186, Менување
тркала 3 184.
Контролната сијаличка w и
(зависно од верзијата) соодветна
порака се појавуваат при секој
циклус на палење додека гумите не се напумпаат до правилниот
притисок.
Информативен центар за возачот 3 100.Функција за повторно учење
По менување тркала, TPMS треба
одново да направи пресметки.
Процесот на повторно учење
одзема до 20 минути возење со
минимална брзина од 20 км/ч.
Ако се појавуваат проблеми за време на повторното учење,
контролната сијаличка w трепка
неколку секунди, а потоа свети
постојано и (зависно од верзијата)
се прикажува предупредувачка
порака во Информативниот центар за возачот.
Информативен центар за возачот
3 100.
Општи информации Употребата на синџири за гуми или
течните комплети за поправање на гуми што се достапни во трговијатаможе да го влоши
функционирањето на системот.
Може да се користат комплети за
поправање гуми одобрени од
фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 181,
Синџири за гуми 3 181.
Page 182 of 223

180Нега на возилотоРаботата со електронски уреди или
близината до објекти кои користат
слични бранови на фреквенција
може да доведе до нарушување на системот за следење на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите сензорите на TPMS треба да се
демонтираат и да се сервисираат
во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, повремено
заменувајте ги предните тркала со
задните. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големината
на гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни