OPEL COMBO E 2019.1 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.1, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019.1Pages: 319, PDF Size: 10.49 MB
Page 151 of 319

Контрола на климатизацијата149на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
за шофершајбната и деактивирајте
го l.
Максимално ладење
Накратко отворете ги прозорците
за топлиот воздух да може да се
распрска брзо.
● Вклучете го ладењето A/C.
● Притиснете u за да го вклучите
системот за кружење на
воздухот.
● Притиснете M за распределба
на воздухот.
● Поставете ја контролата на температурата n на
најстудено.
● Наместете ја брзината на вентилаторот x на највисоко
ниво.
● Отворете ги сите отвори.
Греење на задното стакло, греење
на шофершајбната и греење на
страничните ретровизори b 3 46.
Седишта со греење ß 3 55.
Одмаглување и одмрзнување
на прозорците
● Наместете ја брзината на вентилаторот x на највисоко
ниво.
● Поставете ја контролата на температурата n на најтопло.
Page 152 of 319

150Контрола на климатизацијата● Ако е потребно, вклучете голадењето A/C.
● Вклучете го греењето на задното стакло e.
● Отворете ги страничните отвори за проветрување по
потреба и насочете ги кон
прозорците на вратите.
Забелешка
Ако се одбрани поставките за
одмаглување и одмрзнување,
Autostop може да биде попречено.
Ако се одбрани поставките за
одмаглување и одмрзнување
додека моторот е во Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски. Систем за сопирање-
поаѓање 3 166.
Систем за сопирање-поаѓање
3 166.Електронски систем за
контрола наклиматизацијата
Контролата на климатизацијата со
двојна зона овозможува различни
температури за возачката и
совозачката страна.
Во автоматскиот режим,
температурата, брзината на
вентилаторот и распределбата на
воздухот се регулираат
автоматски.
Контроли за:
● рачно кружење на воздухот u
● распределба на воздухот w
● прекинувач-преклопник за приспособување на
температурата на возачката и
предната совозачка страна
● одмаглување и одмрзнување
h
● ладење A/C
● автоматски режим AUTO
● синхронизирање на температурата во двојна зона
MONO
● греење на задното стакло и греење на страничните
ретровизори e
● брзината на вентилаторот r
s
Греење на задното стакло Ü 3 46.
Странични ретровизори со греење
Ü 3 42.
Активираните функции се
означуваат со LED-сијаличка во
соодветната контрола.
Page 153 of 319

Контрола на климатизацијата151Системот на електронската
контрола на климата е целосно
функционален само кога работи
моторот.
Автоматски режим AUTOОсновна поставка за максимална
удобност:
● Притиснете го AUTO,
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
● Отворете ги сите отвори за проветрување за да
овозможите оптимална
распределба на воздухот во автоматскиот режим.
● Климатизацијата мора да се активира за оптимално ладење
и одмаглување. Притиснете
A/C за да ја вклучите
климатизацијата. Сијаличката
во копчето покажува дека е
вклучено.
● Поставете ја претходно одбраната температура за
возачот и совозачот користејќи
го левиот и десниот вртлив прстен. Препорачана
температура е 22 °C.Притиснете AUTO неколку пати за
да ги изберете саканите
автоматски поставки:
● Меко автоматски е за мека и
тивка распределба на
воздухот.
● Автоматски за температурна
удобност и тивка распределба
на воздухот.
● Брзо автоматски за динамична
и ефикасна распределба на
воздухот.
Рачни поставки
Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со активирање на
следниве функции:
Page 154 of 319

152Контрола на климатизацијатаБрзина на вентилаторот r s
Притиснете r за да го зголемите
протокот на воздухот или s за да
го намалите.
За да се вратите на автоматскиот
режим, притиснете AUTO.
Распределба на воздухот w
Притиснете w неколку пати додека
не се прикаже саканата насока на распределба на воздухот.
t:кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиu:кон главата и задните седишта
преку приспособливите отвори за проветрувањеv:кон предниот и задниот
простор за нозетеw:кон шофершајбната и
прозорците на предните врати,
кон главата и задните седишта преку приспособливите отвориза проветрување, кон
предниот и задниот простор за
нозете
Со притискање w неколку пати
може да се изберат комбинации на различни опции за распределба навоздухот.
За враќање на автоматската
распределба на воздухот,
притиснете AUTO.
Претходно одбирање на
температурата
Поставете ја претходно одбраната
температура посебно за возачот и
совозачот на саканата вредност
Page 155 of 319

Контрола на климатизацијата153користејќи ги левиот и десниот
прекинувач за приспособување на
температурата.
Препорачаната температура
изнесува 22 °C. Температурата се
покажува на екранот покрај
прекинувачите за приспособување на температурата.
Ако е поставена минимална
температура Lo, системот за
контрола на климатизацијата
работи на максимално ладење, ако
е вклучено ладењето A/C.
Ако е поставена максимална
температура Hi, системот за
контрола на климатизацијата
работи со максимално греење.
Забелешка
Доколку е вклучено A/C,
намалувањето на поставената
температура во кабината може да предизвика повторен старт на
моторот од Автостоп или да
спречи Автостоп.
Систем за сопирање-поаѓање
3 166.Синхронизирање на
температурата во двојна зона
MONO
Притиснете MONO за да ја
поврзете поставката за
температурата за страната на
совозачот со страната на возачот /
за да го отстраните поврзувањето
на поставката за температурата за страната на совозачот со страната
на возачот. Поставката за
температурата за страната на
совозачот е поврзана со страната
на возачот ако LED-сијаличката во
копчето MONO не свети.
Климатизација A/CПритиснете го A/C за да го
вклучите ладењето. Ладењето
функционира само кога моторот
работи и кога е вклучен
вентилаторот на контролата на
климатизацијата.
Повторно притиснете A/C за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Page 156 of 319

154Контрола на климатизацијатаРачно кружење на воздухот u
Притиснете u за да го активирате
кружењето на воздухот. u се
прикажува на екранот за да го
потврди активирањето.
Повторно притиснете u за да го
исклучите кружењето на воздухот.
9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може да се замаглат
однатре. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика патниците да се
чувствуваат поспано.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, активирајте го бришачот
за шофершајбната и деактивирајте
го l.
Одмаглување и одмрзнување на
прозорците h
●
Притиснете h. LED-копчето
светнува за да покаже
активирање.
● Климатизацијата и автоматскиот режим се
вклучуваат автоматски. LED-
сијаличката во копчето A/C
светнува, а на екранот се
прикажува AUTO.
● Температурата и распределбата на воздухот се
поставуваат автоматски и
вентилаторот работи со
голема брзина.
● Вклучете го греењето на задното стакло e.
● Вклучете го греењето на шофершајбната ,.
● За да се вратите на претходниот режим,
притиснете го повторно
копчето h.
Page 157 of 319

Контрола на климатизацијата155Забелешка
Ако се притисне V додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречено додека повторно не се
притисне V.
Ако копчето V се притисне
додека моторот е во Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 166.
Деактивирање на електронскиот систем за контрола на
климатизацијата
Притиснете s неколку пати додека
електронскиот систем за контрола на климатизацијата не се
деактивира.
Грејач за паркирање
Грејачот за паркирање овозможува загревање на внатрешноста на
возилото и проветрување на
внатрешноста на возилото со
амбиентален воздух.
Статусот на работа на грејачот за
паркирање се покажува со
сијаличка со LED.
● Сијаличката светнува: Тајмерот е поставен.
● Сијаличката трепка: Системот работи.
LED-сијаличката се исклучува на
крајот од работата на греењето или кога грејачот за паркирање е
прекинат со користење на
далечинскиот управувач.
Грејачот за паркирање може да се
програмира преку Сликовниот
информативен екран /
Информативниот екран во боја.
Дополнително, грејачот за
паркирање може да се вклучи или
исклучи со користење на
далечинскиот управувач.
Сликовен инфо-екран
Притиснете MENU за да ја
отворите страницата на
изборникот.
Притиснете Греење или
Проветрување .
Притиснете H или I за да го
изберете саканиот тајмер.
Потврдете со OK.
Поставете го потребното време на
тајмерот: Притиснете { или } за
да ја поставите саканата вредност.
Потврдете со OK.
Page 158 of 319

156Контрола на климатизацијатаЗа да го поставите тајмерот,
притиснете H или I за да изберете
OK на екранот. Потврдете со OK.
Информативен екран во боја
Притиснете го d.
Притиснете го Temperature
conditioning (Температура за
климатизација) .
Активирајте го Temperature
conditioning (Температура за
климатизација) со притискање ON
(Вклучено) .
Притиснете го Settings (Поставки) .
Изберете го Heating (Греење) или
Ventilation (Проветрување) .
Притиснете Time 1 (Време 1) или
Time 2 (Време 2) за да го изберете
саканиот тајмер.
Одредете го времето на избраниот тајмер.
Притиснете ü за да ги зачувате
поставките и да го поставите
тајмерот.Грејач за паркирање преку
далечински управувач
Грејачот за паркирање може да се
вклучи со користење на
далечинскиот управувач.
Притиснете го ì.
Замена на батеријата во
далечинскиот управувач
Ако светлото на показателот на
далечинскиот управувач свети
жолто, статусот на полнењето на
батеријата е слаб. Ако светлото на показателот не свети повеќе,
батеријата е празна и треба да се
замени.
1. Извадете го капачето од далечинскиот управувач така
што ќе го одвртите со паричка и
извадете ја батеријата.
2. Заменете ја батеријата со друга
од истиот тип. Обрнете
внимание на положбата на
инсталирањето.
3. Завртете го капачето на своето место.
Page 159 of 319

Контрола на климатизацијата157Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори за проветрување
Средишни отвори за
проветрување во таблата со
инструменти
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да го затворите отворот,
свртете ги ребрата навнатре.
Надворешни отвори за
проветрување во таблата со
инструменти
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да го затворите отворот,
свртете ги ребрата нанадвор.
Додека е вклучено ладењето,
треба да бидат отворени барем
два отвори за проветрување.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Задни отвори за проветрување
во средишната конзола
За да ја активирате дистрибуцијата
на климатизиран / загреан воздух
преку задните отвори за
проветрување, притиснете E.
Page 160 of 319

158Контрола на климатизацијатаНасочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
Прилагодете го протокот на
воздухот за да ја изберете
саканата брзина.x:зголемување на протокот на
воздухотx:намалување на протокот на
воздухот
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната, прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Ладење на касетата Системот за климатизација
внесува изладен воздух во
касетата преку отвор.Свртете го лизгачот нагоре или
надолу за да го овозможите или
оневозможите ладењето на
касетата.
Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.