OPEL COMBO E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019Pages: 313, PDF Size: 10.34 MB
Page 51 of 313

Седишта, потпирачи49положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре или притиснете ја спојката и турнете го надолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете
го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре или турнете го надолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
Page 52 of 313

50Седишта, потпирачи
● Седете така да задникот дабиде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Приспособете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 97.
● Наместете го потпирачот за глава 3 48.● Намастете го потпирачот за
колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Надолжно прилагодување
Page 53 of 313

Седишта, потпирачи51Повлечете ја рачката, лизгајте го
седиштето, па отпуштете ја
рачката. Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Во зависност од верзијата,
повлечете ја рачката на
совозачкото седиште и лизгајте го
седиштето, па отпуштете ја
рачката.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Турнете ја рачката, поставете ја
наваленоста и отпуштете ја
рачката. Не навалувајте се на
потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу
Page 54 of 313

52Седишта, потпирачиПотпирач за половината
Свртете го тркалцето според
вашите потреби.
Преклопување на
седиштето
Во зависност од верзијата,
предното совозачко седиште може да се преклопи во рамнина со
положбата на таблата.
Преклопување на единечното
седиште од совозачката страна
Повлечете го совозачкото седиштенајназад што можете, за да го
избегнете контактот со инструмент таблата при преклопувањето.
Турнете го потпирачот за глава
надолу и извадете го пред да го
преклопите потпирачот за грб
3 48.
Во зависност од верзијата,
извадете го потпирачот за рака
3 54.Турнете ја рачката, преклопете го
потпирачот за грб сосема
нанапред и отпуштете ја рачката.
Потоа притиснете го потпирачот за
грб надолу се додека не е потполно рамен.
Исправање на единечното
седиште од совозачката страна
За да го вратите седиштето во
исправена положба, повлечете го
потпирачот за грб нагоре до крај.
Повлечете ги рачките за
ослободување и подигнете го
потпирачот за грб целосно и потоа
ослободете ги рачките.
Page 55 of 313

Седишта, потпирачи53Преклопување на клупата од
совозачката страна
Преклопете го средишниот
потпирач за грб повлекувајќи ја
јамката.
Преклопете го надворешниот
потпирач за грб така што ќе ја
повлечете јамката. Туркајте го
потпирачот за грб нанапред додека
седиштето не се спушти до подот
од возилото.
Кога е повлечен, максималната
тежина на потпирачот за грб е 50 кг.За да го подигнете перничето од
седиштето, повлечете ја рачката и
подигнете го перничето до
потпирачот за грб додека не се
заклучи.
Исправање на клупата од
совозачката страна
За да го вратите потпирачот за грб во исправена положба, повлечете
го седиштето нагоре додека не се заклучи.
За да го вратите перничето од седиштето во првичната положба,
турнете ја рачката и спуштете го
перничето од седиштето додека не се заклучи.
Page 56 of 313

54Седишта, потпирачи9Предупредување
Кога совозачкото седиште е во
преклопена положба, системот
на воздушни перничиња за
сопатникот мора да се
деактивира.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 68.
9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Потпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
подигне.
За да го извадите потпирачот за
рака, подигнете го, па турнете го и
свртете го во положбата што е
прикажана на сликата. Потоа
извлечете го потпирачот за рака од
потпирачот за грб.
За да го поставите потпирачот за
рака, поставете го во потпирачот
за грб и спуштете го.
Греење
Активирајте го греењето на
седиштата со притискање на ß за
односното предно седиште.
LED- копчето светнува за да покаже
активирање.
Page 57 of 313

Седишта, потпирачи55Со повторно притискање на ß се
исклучува греењето на седиштата.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 164.Задни седишта
Втор ред на седиштата
Во зависност од опремата,
наклонот на задното седиште е поделен на два или три дела. Сите
делови можат да се преклопат
надолу.
Пред да ги склопите потпирачите
за грб на задните седишта,
направете го следното, доколку е
неопходно:
● Поместете ги предните седишта нанапред.
● Извадете го капакот на товарниот простор 3 83.
Преклопување на седиштата 1. Притиснете го потпирачот за глава надолу 3 48.
2. Проверете дали безбедносните
ремени на надворешните
седишта лежат правилно на
потпирачите за грб.
3. Повлечете го лостот за ослободување на едната или
двете надворешни страни и
преклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
Page 58 of 313

56Седишта, потпирачи4. Во зависност од верзијата,преклопете го средишниот
потпирач за грб повлекувајќи ја
јамката.
5. Или пак, преклопете ги потпирачите за грб на
седиштата од товарниот
простор: повлечете ја рачката
на левиот или десниот ѕид од
товарниот простор за да ги
преклопите потпирачите за грб
на задното седиште.
9 Предупредување
Водете сметка при ракување со
задните потпирачи за грб од
товарниот простор. Потпирачот за грбот се преклопува со
значителна сила. Ризик од
повреда, особено за децата.
Осигурете се дека ништо не е закачено за задните седишта и
дека на седалото нема ништо.
9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Расклопување на седиштата
За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грб и доведете ги
во исправена положба додека не
се заглават чујно.
Потпирачите за грб се правилно заглавени кога црвената ознака
близу до рачката за ослободување веќе не се гледа.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Page 59 of 313

Седишта, потпирачи57Трет ред седишта9Предупредување
Кога задните седишта или
потпирачите за грб се
прилагодуваат или
преклопуваат, држете ги рацете и стапалата подалеку од
подрачјето на движење.
Не прилагодувајте ги седиштата
додека возите бидејќи може да се придвижат неконтролирано.
Возете само со заглавени
седишта и потпирачи за грб.
9 Предупредување
Кога се местат задните
седишта, внимавајте тоа да е
правилно наместено на
котвените точки, бравите да се
целосно заглавени, а
потпирачот за грб да е во
правилна положба.
Ако не го направите тоа, може
да биде предизвикана повреда
во случај на нагло сопирање или судар.9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Во зависност од верзијата,
површината на товарниот простор
може да се зголеми со
преклопување или отстранување
на третиот ред седишта.
Преклопување на седиштата 1. Притиснете го потпирачот за глава надолу 3 48.
2. Повлечете ја рачката и
преклопете го потпирачот за
грб на перничето од седиштето.
Page 60 of 313

58Седишта, потпирачи3. Повлечете ја рачката инавалете го целото седиште
нанапред.
4. Прицврстете го преклопеното седиште во исправена положба
така што ќе го прицврстите
каишот за еден од столбовите
на потпирачот за глава на
предниот дел од преклопеното
седиште.
Расклопување на седиштата 1. Безбедносните ремени не треба да го попречуваат
расклопувањето.
2. Извадете го каишот и спуштете го склопеното седиште на
подот, така што задниот држач
се наоѓа во точката за
прицврстување и дека е цврсто
заклучен во позицијата.
3. Кренете го потпирачот за грб и приспособете го потпирачот за
глава.
Вадење на седиштата 1. Притиснете го потпирачот за глава надолу 3 48.
2. Повлечете ја рачката и преклопете го потпирачот за
грб на перничето од седиштето.
Повлечете ја рачката и
навалете го целото седиште
нанапред (видете во
„Преклопување на
седиштата“ погоре).
3. Повлечете ја јамката за да се ослободат држачите и
отстранете го склопеното
седиште од точките за прицврстување на подот.