OPEL COMBO E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2019Pages: 313, PDF Size: 10.34 MB
Page 81 of 313

Складирање79на воздушни перничиња за
сопатникот мора да се
деактивира.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 68.
Плафонска конзола
Чувајте само лесни предмети како
документи или карти во
плафонската конзола.
Складишна преграда под
седиштето
Фиока под седиштето
Под предните седишта може да се
наоѓа фиока. За да ја отворите,
подигнете ја малку фиоката, па
повлечете ја.
Складишна кутија
Под средишната клупа може да се
наоѓа складишна кутија. Подигнете го перничето од седиштето така
што ќе ја повлечете рачката.
Складишната кутија може да се заклучи со катанец.
Page 82 of 313

80СкладирањеСкладирање восредишната конзола
Во средишната конзола може да се
наоѓа кутија за складирање.
Притиснете го капакот за да се
отвори.
Зад капакот на преградата за
складирање се наоѓа штекер за
напојување од 12 V.
Простор за складирање во просторот за нозете
До просторите за складирање во
просторот за нозете може да се
пристапи од задните седишта.
Во просторите за складирање под
предните седишта може да се
наоѓа прирачниот алат 3 256.
Во зависност од верзијата, во
задниот простор за нозете се
наоѓаат два простора за
складирање.
Плочи на покривот
Во зависност од верзијата, во
плочите на покривот се наоѓа
фиока.
Поделена е на четири дела.
Разделникот може да се извади.
Максималната дозволена
оптовареност е 6 кг.
Page 83 of 313

Складирање819Предупредување
Прицврстете ги предметите за
да спречите нивното паѓање и
предизвикувањето повреди.
Горно место за
складирање
До кутијата на покривот може да се
пристапи од задните седишта. За
да ја отворите, лизгајте ги
вратничките.
Треба да биде затворена додека се вози. Максималната дозволена
оптовареност е 10 кг.
До кутијата на покривот може да се
пристапи од товарниот простор.
Повлечете ја рачката за да ја
отворите кутијата на покривот.
Треба да биде затворена додека се вози. Максималната дозволена
оптовареност е 10 кг.
Товарен простор
Во зависност од верзијата,
површината на товарниот простор
може да се зголеми со
преклопување или отстранување
на третиот ред седишта.
Потпирачите за грб на седиштата
од вториот ред може да се склопат нанапред одделно. Дополнително,
потпирачот за грб на совозачкото
седиште може да се преклопи.
Зависно од товарењето, може да
се преклопат само одделни
седишта или потпирачи за грб.
Преклопување на совозачко
седиште 3 52.
Преклопување на вториот ред на
седиштата 3 55.
Преклопување или отстранување на третиот ред седишта 3 55.
Вратничка за скала Вратничката за скала е достапна запренесување долг товар.
Page 84 of 313

82СкладирањеОтворање на вратничката за
скала
1. Притиснете ја рачката и ослободете ја спојката со
пружина од држачот со
влечење.
2. Подигнете ја вратничката за скала.
3. Поместете ја понатаму од точката на отпор за да ја
прицврстите вратничката за
скала со спојките.
Шипка за поддршка Потпрете го тешкиот товар на
шипката за поддршка.1. Турнете ја рачката до врвот.
2. Турнете ја шипката за поддршка малку нанапред, па
насочете ја надолу до столбот на вратата.
3. Држете го долгиот товар во аголна положба.
4. Поставете ја шипката за поддршка под товарот на
нејзината првична положба.
Фиксирајте ја со притискање на
рачката надолу по точката на
отпор.
Page 85 of 313

Складирање83Задните врати ќе се заклучат
само кога шипката за поддршка е монтирана.
5. Цврсто обезбедете го товарот. Страничните држачи може да
се користат како точки за
прицврстување.
Затворање на вратничката за
скала
1. Проверете дали шипката за поддршка е правилно
прицврстена.
2. Спуштете ја вратничката за скала.
3. Фиксирајте ја спојката со пружина во држачот.
Капак на товарниот простор
Заден капак за багаж Не ставајте предмети врз капакот.Затворање на капакот
Повлечете го капакот на товарниот простор наназад и прицврстете го
во страничните држачи.
Отворање на капакот
Извадете го капакот на багажниот
простор од страничните рамки. Насочувајте го капакот додека не
се собере целосно.
Page 86 of 313

84СкладирањеВадење на капакот
Отворете го капакот на багажниот
простор.
Притиснете го капакот на
товарниот простор на една страна
и подигнете го. Извадете го капакот
на товарниот простор.
Складирање во товарниот простор
Ако капакот на товарниот простор
не се користи, ставете го во
товарниот простор. Може да го
ставите зад вториот или третиот
ред седишта.
Местење на капакот
Ставете го капакот на товарниот
простор во отворот од едната
страна. Притиснете го капакот на
едната страна и прицврстете го во
отворот.
Задна товарна полица
Не ставајте многу тешки или
предмети со остри рабови врз
задната товарна полица.
Максималната дозволена
оптовареност е 25 кг. Кога
пренесувате тежок товар,
монтирајте безбедносна мрежа зад задните седишта 3 87.
Монтирање на задната товарна
полица
Задната товарна полица може да
се монтира во две положби.
Page 87 of 313

Складирање85Ставете ја товарната полица така
што ќе ја прицврстите во држачите од двете страни.
Подигнување на задната
товарна полица
Задната товарна полица може да
се преклопи од назад и така
овозможува поголема
флексибилност во товарниот
простор.
Складирање во товарниот
простор
Поставете го преклопениот капак
исправено зад потпирачите за грб
на задните седишта.
Алки за врзување
Алките за врзување се предвидени за обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. со
користење на каиши за врзување
или мрежа за багаж.
Page 88 of 313

86Складирање
Алките за врзување може да бидат
сместени на подот на возилото или во страничниот дел. Бројот и
местото на алките за врзување
зависи од возилото.
Систем за ракување со товарот
Во зависност од верзијата,
преградата зад предните седишта
ги штити возачот и предните
патници од ризик од поместување
на товарот.
Во преградата зад совозачкото
седиште може да има вратничка
што може да се отстрани за да се
сместат долги предмети. Во
возилото има заштитен капак за да
се овозможи безбеден транспорт.
Ако потпирачот за грб на
надворешното совозачко седиште
е преклопен и вратничката на
преградата е отворена, тогаш
средишното седиште мора да биде
слободно.
Отстранување на вратничката
1. Ослободете го уредот за заклучување, спуштете ја
вратничката, па отстранете ја.
2. Складирајте ја вратничката зад седиштето од возачот.
Свртете го уредот за
заклучување нагоре. Ставете ги шарките од вратничката во
нивните лежишта, подигнете ја
вратничката и затворете го
уредот за заклучување.
Местење на заштитниот капак
Заштитниот капак мора да се
монтира секогаш кога е преклопен
потпирачот за грбот на
надворешното совозачко седиште,
а вратничката на преградата е
отворена.
1. Преклопете го потпирачот за грб на надворешното совозачко
седиште 3 52.
Page 89 of 313

Складирање87
2.Прицврстете ги четирите спојки
за капакот на соодветната алка за врзување.
3. Повлечете го потпирачот за глава од преклопениот
потпирач за грб, така што на
шипката од потпирачот за глава
ќе бидат видливи два жлеба
3 48.
4. Натоварете ги предметите.5. Поминете го каишот од капакот околу потпирачот за глава.
Затегнете го каишот влечејќи го за слободниот крај.
Безбедносна мрежа
Во зависност од верзијата,
безбедносната мрежа може да се
постави зад задните седишта или,
ако потпирачите за грб на
седиштата се преклопени, зад
предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници зад безбедносната мрежа.
Монтирање
Зад задните седишта
● Од двете страни во рамката на
покривот над задните седишта има отвори за монтирање.
Отворете ги капачињата и
спуштете ја и прицврстете ја
шипката од мрежата од едната страна, притиснете ја шипката
и спуштете ја, па прицврстете
ја од другата страна.
Page 90 of 313

88Складирање
● Поставете ги куките одкаишите на безбедносната
мрежа во алките за врзување
зад задните седишта.
Затегнете ги двата каиша
влечејќи ги за слободниот крај.
● Потпирачите на задните седишта мора да бидат
подигнати.
Зад предните седишта
● Од двете страни во рамката на
покривот над предните
седишта има отвори за
монтирање. Отворете ги
капачињата и спуштете ја и
прицврстете ја шипката од
мрежата од едната страна,
притиснете ја шипката и
спуштете ја, па прицврстете ја
од другата страна.
● Поставете еден каиш околу шипката што се наоѓа под
перничето на предното
седиште за возачот. Другиот
поставете го околу шипката на
совозачкото седиште. Потоа
прицврстете ја секоја од куките
за соодветниот каиш.
Затегнете ги двата каиша
влечејќи ги за слободниот крај.
● Турнете ги надолу потпирачите за глава и
преклопете ги потпирачите за
грб на задните седишта надолу
3 81.