OPEL CORSA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2015.5Pages: 283, PDF Size: 7.39 MB
Page 181 of 283

Возење и ракување179
Во Информативниот центар за
возачот (DIC) изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол со притискање на
копчето SET/CLR .
Кога ќе се открие прикладно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот (DIC) и звучен сигнал.
Возила со показател на
Информативниот екран во боја
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на иконата 6 или
7 на Информативниот екран во
боја.Кога ќе се открие прикладно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го сопре возилото
за 10 метри за напоредни места за
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се предложи место за
паркирање, системот почнува да
бара друго погодно место за
паркирање.
Page 182 of 283

180Возење и ракување
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за 10 метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се даде пораката Stop
(Застанете) . Системот ја
пресметува оптималната патека до
паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото се
управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за сопирање,
забрзување и менување брзини.
Возачот не треба да го допира
воланот.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук укажува
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.Значи, ако поради нешто возачот треба да преземе контрола врзуправувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откриваат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна за
време на барањето.
Штом ќе се исклучи трепкачот,
системот повторно бара паркирни
места од совозачката страна.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
■ општи практични совети и пораки
за предупредување
■ совет кога се вози побрзо од 30 км/ч при барање место за
паркирање или 8 км/ч ви режимот
за наведување■ барањето за запирање на возилото кога се приметува
паркирно место
■ насоката на возењето за време на маневрите за паркирање
■ барање да се стави во рикверц или во прва брзина
■ барање за забрзување или сопирање
■ за некои од упатствата се прикажува лента за напредок на
Информативниот центар за
возачот (DIC)
■ успешно завршување на маневарот паркирање на коештоукажува појавен симбол и тон
■ откажување на маневар за паркирање
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на DIC може да се
потисне од пораки за возилото со
повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите, повторно се
покажуваат упатствата за
Page 183 of 283

Возење и ракување181
напредната помош за паркирање иманеварот за паркирање може да
продолжи.
Деактивирање
Системот се деактивира со:
■ долго притискање на копчето D
■ маневрата за паркирање заврши
успешно
■ возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
■ возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
■ откриено е попречување од возачот на воланот
■ надминување на бројот на максимални промени на
брзините: осум циклуси при
напоредно паркирање или
пет циклуси при напречно
паркирање
■ исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време
на маневрирањето ќе укажеParking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) на екранот. Освен
тоа, се огласува звучен сигнал.
Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
■ има дефект во системот
■ возачот не ја заврши маневрата за паркирање успешно
■ системот не функционира
■ дојде до некоја од причините за деактивирање опишани погоре
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, на
екранот се појавува Stop
(Застанете) . Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Долго притискање
на копчето D ќе го активира
системот и ќе се бара ново
паркирно место.Основни белешки за
системите за помош за
паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Page 184 of 283

182Возење и ракувањеВнимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирање
назад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете го копчето
r или D кратко за да ја
исклучите помошта за паркирање.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимално наведување при
Page 185 of 283

Возење и ракување183
паркирање, потребна е возна
оддалеченост од најмалку 10 км,
вклучително и свиоци.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„мртва“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
■ возила вон страничните слепи
зони што може да се
приближуваат брзо
■ пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возило или Ве
претекнуваат, портокалов
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка портокалово како предупредување да не се
менува лентата.Известувањето за странична слепа точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се
исклучува, на што укажуваат слаби
светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Page 186 of 283

184Возење и ракување
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 114.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај
задниот браник и се протегаат
околу три метри наназад и
настрана. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
два метри од тлото.
Известувањето за странична слепа точка е конструирано да игнорира
статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
ѕидови и греди. Паркирани или
возила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.Дефект
Може да дојде до повременипропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 246.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Page 187 of 283

Возење и ракување185
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Подрачјето што го прикажува камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Осветленоста и контрастот може
да се постават со допирање на
допирниот екран кога е активна
ретровизорската камера.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на визуелните
линии за наведување и на
симболите за тревожење може да
се менуваат во изборникот за
поставување во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 114.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Page 188 of 283

186Возење и ракување
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ наоколу е темно
■ сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
■ мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека крпа
■ возилото се судрило од задната страна
■ има екстремни промени на температурата
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност
Системот за помош со сообраќајни знаци ги забележува зададените
сообраќајни знаци преку предна
камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
■ автопати
■ регионални патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни знаци на сообраќајните знаци
■ ограничување за влечење приколки
■ ограничувања за влечење
■ предупредување за влажност
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на DIC додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Page 189 of 283

Возење и ракување187
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише,
на пр. кога се влегува во градска
зона. Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
Информативниот центар за
возачот. Изберете Возило со
копчето Изборник и изберете
Откривање сообраќајни знаци со
тркалцето за местење на рачката
за трепкачите 3 102.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата
Откривање сообраќајни знаци , ќе
се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни известувања на DIC.
Page 190 of 283

188Возење и ракување
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачите.Штом ќе се прикаже страницата за
поставување, изберете Вклучено
тревожење за да го активирате
појавното тревожење.
Деактивирајте избирајќи
Исклучено тревожење . Кога ќе се
вклучи палењето, функцијата за тревожење е деактивирана.
Појавното известување се
прикажува околу осум секунди во
DIC.
Препоставување на системотСодржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачите.
Изберете и потврдете Reset за да
го избришете системот на
помошникот за сообраќајни знаци.
По успешно ресетирање, ќе се
огласи тон и се покажува следниот
симбол додека не се открие следен сообраќаен знак.
Во некои случаи системот го бришепомошникот за сообраќајни знаци
автоматски.