OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.75, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2015.75Pages: 295, PDF Size: 7.7 MB
Page 251 of 295

Нега на возилото249Менување тркалаСторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина. Предните
тркала треба да бидат наместени
право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај на
продупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Дигалката не бара одржување.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Извадете ги тешките предмети од возилото пред да го кревате.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
■ Пред да ги зашрафите завртките
на тркалото, исчистете ги и малку
намачкајте го стеснетиот дел од
секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Челични тркала:
Извлечете ја раткапната.
Легирани тркала со капачиња
на завртките:
Откачете ги капачињата на
завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги. За да
се заштити тркалото, ставете
мека ткаенина помеѓу шрафцигерот и лесната
бандажа.
Легирани тркала со централно
капаче:
Вметнете го екстракторот во
отворениот процеп на
централното капаче и извадете го капачето од тркалото.
Прирачен алат 3 233.
Page 252 of 295

250Нега на возилото
2. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите
клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во касетата.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
На верзиите со облоги на праг
или монтирани облоги на праг,
не смее да се употребува
приклучок. Возилото може да се оштети.4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Page 253 of 295

Нега на возилото251
Наместете ја рачката на
дигалката на дигалката
правилно приклучена, вртет ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
завртка по вкрсен редослед.
Затезниот момент е 110 Nm.
10. Порамнете го отворот на вентилот во раткапната на
челичното тркало со вентилот
на гумата пред да ја монтирате.
Наместете ги капачињата на
завртките или централното
капаче на легираното тркало.
11. Наместете го капакот на местото за дигалката.
12. Сместете го и прицврстете го заменетото тркало, прирачниот
алат 3 233 и адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалото 3 61.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Заменете ја неисправната гума колку е можно поскоро.Положба за кревање за
платформа
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
сместена централно под
вдлабнатината на прагот.
Page 254 of 295

252Нега на возилото
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Хечбек со 3/5 вратиРезервното тркало е сместено во
товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
Местење на подот со двојна
товарна шуплина во овој случај во
горната положба 3 76.
За вадење, одвртете ја
пеперужната завртка, подигнете го
резервното тркало, поместете го
во вертикална положба и извадете
го одозгора.
Кога одложувате заменето тркало
или привременото резервно тркало во отворот за резервното тркало,
секогаш прицврстувајте го со
пеперужната завртка.
Page 255 of 295

Нега на возилото253
Комбе
Отстранете го товарниот под.
Резервното тркало е прицврстено
заедно со капакот на подот.
Одвртете ја пеперужната завртка и подигнете го капакот на товарниот
простор.
Извадете ја размакницата над
задното тркало, подигнете го
тркалото и поместете го во
вертикална положба и извадете го
одозгора.
Кога одложувате заменето тркало
или привременото резервно тркало
во отворот за резервното тркало,
секогаш вметнувајте го
прилагодувачот и прицврстувајте
го капакот на товарниот простор со пеперужната завртка.
Зависно од неисправното
заменето тркало, размакницата
може да се изостави ако е
потребно, или тркалото може да се зашрафи без капакот на подот.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на привременото
резервно тркало може да
повлијае врз возната состојба.
Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Дозволената
максимална брзина на етикетата
од привременото резервно тркало
важи само за фабрички
доставената големина на тркала.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 242.
Page 256 of 295

254Нега на возилото
Резервно тркало со насочна
гума
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
■ Возната состојба може да се смени. Заменете ја
неисправната гума колку е можно поскоро.
■ Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на кабли за палење и акумулатор од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
■ Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен или на искри.
■ Испразнет акумулатор може да замрзне при температура од
0 °C. Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да поврзувате
кабли за палење.
■ Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
■ Користете помошен акумулатор со ист напон (12 волти). Неговиот
капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
■ Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
■ Не откачувајте го испразнетиот акумулатор од возилото.
Page 257 of 295

Нега на возилото255
■ Исклучете ги сите непотребниелектрични потрошувачи.
■ Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
■ Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
■ Возилата не смеат да дојдат во контакт еден со друг за време напроцесот на палењето со кабли.
■ Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
■ Отворете ги заштитните капаци на позитивната клема на двата
акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај на црвениот кабел со позитивната
клема на испразнетиот
акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути при поврзани кабли.
Page 258 of 295

256Нега на возилото
4. Вклучете електричнипотрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Вметнете одвртка во процепот во
долниот дел на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 233.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Page 259 of 295

Нега на возилото257
Менувачот е во лер.Внимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматски менувач: возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Возила со автоматизиран рачен менувач: возилото треба да се
влече само свртено нанапред со
предната оска крената од тлото.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Влечење друго возило
Вметнете одвртка во процепот во
долниот раб на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 233.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Page 260 of 295

258Нега на возилотоВнимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста БравиБравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка
бравите повторно автомеханичар.
Миење
Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што се
обоени со мат боја или имаатнанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за
автомобили, спроведете ги
соодветните напатствија на
производителот на пералната.
Бришачот на шофершајбната и
бришачот на задното стакло мора
да бидат исклучени. Извадете ја
антената и надворешните
додатоци како багажникот з ана
покрив итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.