OPEL CORSA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2016Pages: 301, PDF Size: 7.88 MB
Page 181 of 301

Возење и ракување179Активирање
Притиснете L ако претходно е
активирана контролата на
патувањето, се исклучува кога ќе се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- : моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар
за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување
на брзината.
Ограничената брзина ќе се зачува
и се покажува во зазграда во
Информативниот центар за
возачот. Освен тоа, се појавува и
соодветна порака.
Page 182 of 301

180Возење и ракувањеПродолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување
Притиснете L, се гаси показателот
за ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот. Зачуваната брзина се
брише.
Со притискање на m за да се
активира контролата на
патувањето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
деактивира и ограничувачот на
брзината, но ограничувањето на
брзината ќе се зачува за следното
активирање на ограничувачот на
брзината.Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возило директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија како и визуелно
предупредување во
шофершајбната.
Предуслов е предупредувањето за преден судир да не е исклучено со
притискање на V.
Активирање Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Page 183 of 301

Возење и ракување181Притиснете V, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето.
Предупредување на возачот
Контролната сијаличка за возило
напред A светнува зелено во
групата инструменти кога системот
ќе открие возило на патеката за
возење.
Кога растојанието од возилото напред ќе стане премало или когасе приближува пребрзо до друговозило и е можен судир, црвено
предупредувачко LED-свето се
одразува трепкајќи на
шофершајбната во видното поле
на возачот.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање Системот може да се деактивира.Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.
Општи информации
9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
Page 184 of 301

182Возење и ракувањенапред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на шофершајбната
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е при брзини поголеми од 40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 105. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да
изберете Vehicle Information Menu
(Изборник за информации завозилото) ? и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за покажување на
растојанието однапред.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
црти: -.- сек.
Page 185 of 301

Возење и ракување183Помош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег на оддалеченост
до 1,5 метри. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади се прикажува со
променливи линии за
оддалеченост на Информативниот
центар за возачот 3 105 или,
зависно од верзијата, на Инфо-
екранот во боја 3 112.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со
притискање SET/CLR на рачката за
трепкачот, показателот на
оддалеченоста се појавува пак.
Page 186 of 301

184Возење и ракувањеДеактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Во двата случаи светлото во
копчето се гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, светлото во копчето трепка три секунди, потоа се гаси.
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 101 или
се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Page 187 of 301

Возење и ракување185
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Предната помош за паркирање може да се активира и при брзина
до 11 км/ч со кусо притискање на
копчето за помош за паркирање.
Ако r се вклучи еднаш во еден
циклус на палењето, предната
помош за паркирање се
деактивира при брзина над
11 км/ч. Повторно ќе се активира
ако брзината на возилото не
надминала 25 км/ч претходно. Ако
брзината на возилото надминала
25 км/ч претходно, предната
помош за паркирање останува
деактивирана кога брзината ќе се
намали под 11 км/ч.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото во
опсег на оддалеченост до
1,5 метри. и пред него до
1,2 метри. Зависно која страна на
возилото е поблиску до пречка, од
таа страна ќе слушате
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Информативниотцентар за возачот 3 105 или,
зависно од верзијата, на Инфо-
екранот во боја 3 112.
Оддалеченоста до задните и
предните пречки се прикажуваат со
менување на линиите на
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот 3 105.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со
притискање SET/CLR на рачката за
трепкачот, показателот на
оддалеченоста се појавува пак.
Page 188 of 301

186Возење и ракување
Растојанието до препреките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 112.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 25 км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 115.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за
паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 105 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран во боја 3 112 , проследени со
звучни сигнали.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Page 189 of 301

Возење и ракување187Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот
и во предниот браник.
Копче за помош за паркирање D
и логика за ракување
Напредната помош за паркирање и предно-задната помош за
паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на D ја активира
или деактивира помошта за
паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или деактивира напредната помош за
паркирање, видете во посебниот
опис подолу.Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на D на
следниов начин:
● Ако е активна предно-задната помош за паркирање, кусо
притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна предно-задната помош за паркирање, долго
притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.
● Ако е активна напредната помош за паркирање и
системот е во режим за барање
место за паркирање, кратко
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна напредната помош за паркирање и
системот е во режим на
водење на паркирањето,
кратко притискање ја
деактивира напредната помош за паркирање.● Ако е активна напредната помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за напред или лер, кусо
притискање ја активира или
деактивира предната помош за
паркирање.
● Ако е избрана брзина за назад,
кусо притискање ја активира
или деактивира предната и
задната помош за паркирање.
Активирање на предно-задна
помош за паркирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Page 190 of 301

188Возење и ракување
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање D означува
дека системот е подготвен да
работи.
Предно-задна помош за
паркирање може да се активира и
при брзина до 11 км/ч со кусо
притискање на копчето за помош за паркирање.
Ако D се вклучи еднаш во еден
циклус на палењето, предната
помош за паркирање се
деактивира при брзина над
11 км/ч. Повторно ќе се активира
ако брзината на возилото не
надминала 25 км/ч претходно. Ако
брзината на возилото надминала
25 км/ч претходно, предната
помош за паркирање останува
деактивирана кога брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Кога ќе се деактивира системот,
светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки зад возилото во
опсег на оддалеченост до
1,5 метри. и пред него до
1,2 метри. Зависно која страна на
возилото е поблиску до пречка, од
таа страна ќе слушате
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост на Информативниотцентар за возачот 3 105 или,
зависно од верзијата, на Инфо-
екранот во боја 3 112.
Оддалеченоста до задните и
предните пречки се прикажуваат со
менување на линиите на
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот 3 105.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со
притискање SET/CLR на рачката за
трепкачот, показателот на
оддалеченоста се појавува пак.