OPEL CORSA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2016Pages: 301, PDF Size: 7.88 MB
Page 191 of 301

Возење и ракување189
Растојанието до препреките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 112.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со долго притискање на D.
Системот препознава и запомнува десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање во
режимот за помош за паркирање.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Максималната дозволена
напоредна оддалеченост меѓу возилото и редот паркирани
автомобили е 1,8 метри за
напоредно паркирање и 2,5 метри за напречно паркирање.
ФункционалностРежим за барање место за
паркирање
Возила со показател во
Информативниот центар за
возачот
Page 192 of 301

190Возење и ракување
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол со притискање на
SET/CLR .
Кога ќе се открие прикладно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Возила со показател на
Информативниот екран во боја
Изберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
лесно допирање на иконата 6 или
7 на Информативниот екран во
боја.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го сопре возилото
за десет метри за напоредни места
за паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се предложи место за
паркирање, системот почнува да
бара друго погодно место за
паркирање.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за
Page 193 of 301

Возење и ракување191десет метри за места за напоредно
паркирање или шест метри за
места за напречно паркирање
откако ќе се даде пораката Stop
(Застанете) . Системот ја
пресметува оптималната патека до
паркирното место.
Куса вибрација на воланот по
ставањето во рикверц укажува
дека системот го контролира
управувањето. Потоа возилото се
управува во местото автоматски со
тоа што на возачот му се даваат
детални упатства за сопирање,
забрзување и менување брзини.
Возачот не треба да го допира
воланот.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук укажува
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Значи, ако поради нешто возачот треба да преземе контрола врзуправувањето, држете го воланот
само за надворешниот раб. Тогаш
ќе се откаже автоматското
управување.Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откриваат паркирни места од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна
додека трае барањето.
Штом ќе се исклучи трепкачот,
системот повторно бара паркирни
места од совозачката страна.Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат:
● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Совет кога се вози побрзо од 30 км/ч при барање место за
паркирање или 8 км/ч ви
режимот за наведување.
● Барање за запирање на возилото кога се забележува
паркирно место.
● Насока на возењето за време на маневри за паркирање.
● Барање да се стави во рикверц
или во прва брзина.● Барање за забрзување или сопирање.
● За некои од упатствата се прикажува лента за напредок
на Информативниот центар за
возачот.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Приоритети за прикажувањето
Показателот за напредна помош за паркирање на Информативниот
центар за возачот може да се
потисне од од пораки за возилото
со повисок приоритет. Откако ќе ја
одобрите пораката со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите,
повторно се покажуваат
упатствата за напредната помош
за паркирање и маневарот за
паркирање може да продолжи.
Page 194 of 301

192Возење и ракувањеДеактивирање
Системот се деактивира со:
● долго притискање на D
● маневрата за паркирање заврши успешно
● возење побрзо од 30 км/ч при барање место за паркирање
● возење побрзо од 8 км/ч при наведување за паркирање
● откриено е попречување од возачот на воланот
● надминување на бројот на максимални промени на
брзините: осум циклуси при напоредно паркирање или
пет циклуси при напречно
паркирање
● исклучување на палењето
На деактивирањето од страна на
возачот или на системот за време на маневрирањето ќе укаже
Parking Deactivated (Паркирањето
е деактивирано) на екранот. Освен
тоа, се огласува звучен сигнал.Дефект
Порака се појавува во следниве
случаи:
● Има дефект во системот.
● Возачот не го завршил успешно маневарот за
паркирање.
● Системот не функционира.
● Дојде до некоја од причините за деактивирање опишани
погоре.
Ако се открие предмет за време на упатствата за паркирање, на
екранот се појавува Stop
(Застанете) . Отстранувањето на
предметот ќе ја продолжи
маневрата за паркирање. Ако не се отстрани предметот, системот ќе
се деактивира. Долго притискање
на D ќе го активира системот и ќе
се бара ново паркирно место.Основни белешки за системите
за помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Page 195 of 301

Возење и ракување193Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може
да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за
паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па
дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирањеназад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете кратко r или
D за да ја исклучите помошта за
паркирање.
Забелешка
По производството, на системот
му треба калибрација. За
оптимално наведување при
паркирање, потребна е возна оддалеченост од најмалку 10 км,
вклучително и свиоци.
Известување за
странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
„мртва“ зона. Системот известува
визуелно во секој ретровизор кога
открива објекти што може да не се
видливи во внатрешниот и
страничните ретровизори.
Page 196 of 301

194Возење и ракувањеИзвестувањето за странична слепа
точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека се
вози нанапред, независно дали се
претекнува возилото или Ве
претекнуваат, жолт
предупредувачки симбол B ќе се
запали на соодветниот страничен
ретровизор. Ако возачот тогаш го
вклучи трепкачот,
предупредувачкиот симбол B
почнува да трепка жолто како
предупредување да не се менува
лентата.
Известувањето за странична слепа
точка е активно од брзини од
10 км/ч до 140 км/ч. Ако се вози
побрзо од 140 км/ч, системот се исклучува, на што укажуваат слаби
светлосни предупредувачки
симболи B во двата странични
ретровизори. Со повторно
намалување на брзианта,
предупредувачките симболи ќе се
изгаснат. Ако потоа се открие
возило во слепата зона,
предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 119.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу три метри наназад и
настрана. Висината на зоната е
приближно околу 0,5 метри и
два метри од тлото.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
Page 197 of 301

Возење и ракување195ѕидови и греди. Паркирани или
возила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.
Дефект
Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 262.
Во случај на дефект на системот или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Page 198 of 301

196Возење и ракување
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Осветленоста и контрастот може
да се постават со допирање на
допирниот екран кога е активна
ретровизорската камера.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу десет секунди.
Активирањето или
деактивирањето на визуелните
линии за наведување и на
симболите за тревожење може да
се менуваат во изборникот за
поставување во Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 119.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете гообјективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Помошник за сообраќајни
знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајни знаци ги забележува сообраќајните
знаци преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Page 199 of 301

Возење и ракување197
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● автопати
● регионални патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што
системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост.
Штом брзината на возилото ќе се
намали под 55 км/ч, екранот се
ресетира и содржината на
страницата со сообраќајни знаци
се брише, на пр. кога се влегува во градска зона. Означувањето на
следната препозната брзина ќе се
прикаже.
Page 200 of 301

198Возење и ракувањеИндикации на екранот
Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
Информативниот центар за
возачот. Изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за информации за возилото) ? со
MENU и изберете Откривање
сообраќајни знаци со тркалцето за
местење на рачката за трепкачите
3 105.
Кога е избрана друга страница во
изборникот на Информативниот
центар за возачот тогаш
повторниот избор на страницата
Откривање сообраќајни знаци , ќе
го прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни тревожења на
Информативниот центар за
возачот.
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите.