OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.94 MB
Page 161 of 309

Возење и ракување159Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачниот режим со притискање на
< или ] на рачката на менувачот
3 160.
Екран на менувачот
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:режим за автоматско
менувањеM:режим за рачно менување<:притиснете за ставање во
поголема брзина во рачен
режим]:притиснете за ставање во
помала брзина во рачен
режим
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Page 162 of 309

160Возење и ракување
Без нагазување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P, R или M,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате вобрзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Ставете ја рачката на менувачот во положбата M.
Притиснете < на рачката на
менувачот за да ставите во
поголема брзина.
Притиснете ] на рачката на
менувачот за да ставите во помала
брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
Page 163 of 309

Возење и ракување161брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини
Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.● Функцијата за автоматско префрлување во лер
автоматски се префрлува на
работење в место кога
возилото е застанато во некоја
брзина за напред и педалот за
сопирачките е притиснат.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● При стартување на снег или мраз или на други лизгави
површини, електронската
контрола на преносот избира
повисока брзина автоматски.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас
повеќе од жлебот за збоднување ќе
предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.Дефект
Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g. Освен
тоа, се прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 113.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Во зависност
од дефектот, и втората брзина
може да се користи во рачниот
режим. Менувајте брзини само кога возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Page 164 of 309

162Возење и ракувањеАко е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 257.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Ослободете ја облогата на рачката на менувачот од
средишната конзола; пикнете
го прстот во кожениот отвор од
предната страна на рачката на
менувачот и притиснете ја
облогата нагоре кај предниот
обод оздола, како што е
прикажано на илустрацијата.
Свртете ја облогата налево.
3. Притиснете ја рачката за ослободување и поместете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако повторно се стави во
овие положби, рачката на
менувачот повторно ќе се
заглави во нив. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 165 of 309

Возење и ракување163Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 102.
Систем за сопирање-поаѓање
3 153.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматизираниот рачен менувач
овозможува рачно менување
брзини (рачен режим) или
автоматско менување брзини
(автоматски режим), двете со
автоматска контрола на куплунгот.
Рачното менување е можно со
потчукнување на рачката на
менувачот во рачниот режим.
Забелешка
Кога отклучувате или отворате
врата на возилото, може да се
слуша звук од хидрауличниот
систем.Екран на менувачот
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
Палење на моторот
За да го запалите моторот,
притиснете ја педалата на
сопирачките ако менувачот не е во
позиција N.
Page 166 of 309

164Возење и ракувањеМенувачот автоматски се
префрлува во N при стартување.
Можее да настапи кратко
задоцнување.
Палењето не е возможно ако сите
светла за сопирачката се
дефектни.
Систем за сопирање-поаѓање Autostop
Ако возилото е во мирување и
педалата за сопирачките е
притисната, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
На Автостоп укажува контролната
сијаличка D.
Autostart
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Штом се рестартира моторот,
контролната сијаличка D се гаси
во Информативниот центар за возачот.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 15 % или повеќе.
Систем за сопирање-поаѓање
3 153.
Рачка на менувачотСекогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
Забелешка
Не држете ја рачката на
менувачот во средишна положба.
Ако некоја брзина не е целосно
активирана, тоа може да
предизвика дефект, а во
Информативниот центар за
возачот може да се прикаже
шифра за грешка 81.
Вратете ја рачката на менувачот
во средишната положба. По
кратко време, во
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже N и
системот повторно ќе работи
нормално.
Пораки за возилото 3 113.N:положбата лерD/
M:префрлување помеѓу
автоматскиот (D) и рачниот
(M) режим за менување.
Екранот на менувачот
прикажува или D или M со
избраната брзина
Page 167 of 309
![OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник Возење и ракување165<:ставање во поголема брзина
во рачниот режим]:ставање во помала брзина
во рачниот режимR:р OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник Возење и ракување165<:ставање во поголема брзина
во рачниот режим]:ставање во помала брзина
во рачниот режимR:р](/img/37/38447/w960_38447-166.png)
Возење и ракување165<:ставање во поголема брзина
во рачниот режим]:ставање во помала брзина
во рачниот режимR:рикверц. Ставајте во
рикверц само кога возилото
е во мирување
Ако рачката на менувачот се
помести од R налево, D се вклучува
непосредно.
Ако рачката на менувачот се
помести од D на < или ], се одбира
рачен режим M и преносот се
менува.
ПоаѓањеПритиснете ја педалата на
сопирачките и поместете ја
рачката на менувачот во D/M или
R . Ако се одбере D, менувачот е во
автоматски режим и ставено е во
прва брзина. Ако се избере R, се
активира рикверц.
Возилото почнува да се движи
штом ќе се отпушти педалата на
сопирачката.
За да појдете без притискање на
педалата на сопирачките,
забрзајте веднаш откако ќе ставите во брзина додека трепка D или R.
Ако ни педалот за гас ни ножната сопирачка не е нагазната, не се
става во ниедна брзина и за кратко
време трепка D или R на екранот.
Застанување на возилото
Во D, првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото ќе застане. Во R,
рикверцот останува активен.
Моторно сопирање
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме когавозите по удолнини. Менувањето
во рачен режим е можно
единствено кога моторот работи
или при Автостоп.
Нишање на возилото Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу R и D повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Последната ставена брзина
(видете на екранот на менувачот)
останува активна кога се исклучува палењето. Со N не е ставено во
ниедна брзина.
Затоа секогаш затегнувајте ја
паркирната сопирачка кога го
исклучувате палењето. Ако не е
затегната паркирната сопирачка,
P трепка на екранот на менувачот
и клучот не може да се извади од
бравата за палење. P престанува
Page 168 of 309

166Возење и ракувањеда трепка на екранот на менувачот
штом ќе се затегне малку
паркирната сопирачка.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Систем за контрола на
притисокот во гумите
За да го почнете споредувањето на сензорите на системот за контролана притисокот во гумите, рачката
на менувачот треба да се помести
и да се задржи во положбата N
5 секунди. P светнува на екранот на
менувачот за да покаже дека
споредувањето на сензорите може
да се почне.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 240.
Рачен режим
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето набрзина. Тоа го спречува моторот даработи со премногу или премалку
вртежи. Во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 113.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Кога + или - е избрано во
автоматскиот режим, менувачот се
префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Показател за менување брзини
Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.Електронски програми за
возењето
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Приспособливата програма автоматски го прилагодува
менувањето на брзини кон
условите за возење, на пр.
поголема оптовареност или стрмнини.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора при високи температури на истиот.
Page 169 of 309

Возење и ракување167Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g. Освен
тоа, во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 113.
Понатамошното возење е
ограничено или не е можно,
зависно од дефектот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила. Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 101.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 101.
Page 170 of 309

168Возење и ракувањеПриспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 101.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.