OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2018.5Pages: 309, PDF Size: 7.94 MB
Page 71 of 309

Складирање69Ако двата велосипеда им пречат
еден на друг, релативните положби
на велосипедите може да се
приспособат со дотерување на
процепите за тркалата и со
вртливиот лост на процепот за
рачката на педалот додека
велосипедите веќе не се допираат
еден со друг. Осигурете се дека
има доволно слободен простор од
возилото.
Затегнете го шрафот за
закачување на дршката на
лежиштето на педалата до
максималната точка со рака.
Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот до процепите за
тркалата користејќи ги каишевите
за држење.
Проверете го велосипедот за да се осигурате дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Поставките за процепите за
тркалата и на вртливиот лост на
процепот за рачката на педалот
треба да се забележат и зачуваат
за секој еден велосипед.
Правилното претходно
поставување ќе го олесни
одновото местење на
велосипедот.
Забелешка
Се препорачува да закачите знак
за предупредување на
последниот велосипед одзади за да биде видливоста поголема.
Вадење на велосипед од
задниот систем за превозување
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Зафатете го велосипедот,
олабавете го шрафот за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалот, па
подигнете ја монтажната дршка на
лежиштето на педалот за да се
извади.
Page 72 of 309

70СкладирањеВовлекување на задниот
систем за превозување
Притиснете ги точките за
монтирање на педалата во
отворите за педалата како што е
прикажано на илустрацијата.
Вметнете го каишот за држење и
повлечете го цврсто удолу колку
што може.
Притиснете го лостот за
ослободување и лизнете ги
навнатре процепите за тркалата се докрај колку што е можно.
Ослободете го лостот за
закочување на дијагоналниот
потпирач и преклопете ги двата
процепа за рачките на педалите
надолу.
9 Предупредување
Ризик од приклештување.
Page 73 of 309

Складирање71
Завртете го прво десниот лост за
прицврстување ( 1) нанапред, а
потоа левиот лост за
прицврстување ( 2) додека тие не
може да се заглават во своите
соодветни процепи.Притиснете го лостот за
прицврстување надолу и
извлечете ги двата потпирача на
ламбите од процепите.
Склопете ги држачите на ламбите
навнатре на задните страни од
задните ламби.
Првин ставете ја предната ( 1), па
задната задна ламба ( 2) во
процепите и притиснете ја колку
што може докрај. Притиснете ги
каблите се докрај во сите шини за
да се спречи оштетувањето.
Отворете ја задната врата.
Притиснете ја рачката за
ослободување нагоре и држете ја.
Кренете го системот малку и
притиснете го во браникот додека
не се закочи.
Page 74 of 309

72СкладирањеЛостот за ослободување треба да
се врати во првобитната положба.9 Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме да побарате помош од
автомеханичар.
Товарен простор
Проширување на товарниот
простор
Задниот потпирач за грб може да се заглави во две положби. Кога превезувате кабасти предмети,
заглавете го во исправена
положба.
Поделен потпирач за грб
Повлечете го лостот за
ослободување на односната
страна, повлечете го потпирачот за грб нанапред до вертикалната
положба и заглавете го.
Единечен потпирач за грб
Повлечете го лостот за
ослободување на двете страни, повлечете го потпирачот за грб
нанапред до вертикалната
положба и заглавете го.
Кога се отклучува, до лостот за
ослободување се појавува црвена
ознака. Потпирачот за грб е
правилно заглавен кога црвените
ознаки на двете страни близу до
рачката за ослободување веќе не
се гледаат.
Преклопување на задните
потпирачи за грб надолу
Извадете го капакот на товарниот
простор ако е потребно.
Турнете ги потпирачите за глава
надолу со притиснување на патент бравата.
Page 75 of 309

Складирање73
Водете ги безбедносните ремени
преку страничните потпирачи за да
ги заштитите од оштетување. Кога
го преклопувате потпирачот за грб, повлечете ги безбедносните
ремени заедно со него.
Поделен потпирач за грб
Повлечете ја рачката за
ослободување на односната
страна и склопете го на седалото.
Единечен потпирач за грб
Повлечете ја рачката за
ослободување од двете страни и
склопете го на седалото.Ако возилото треба да се
натоварува преку задната врата,
извадете го безбедносниот ремен
од водичот на потпирачот за грб и
ставете ја плочката на копчата во
процепот што е покажано на
илустрацијата.
За да ги испраите, кренете ги
потпирачите за грб и доведете ги
во исправена положба додека не
се наместат чујно.
Уверете се дека безбедносните
ремени на бочните седишта се
наместени во соодветните шини за ремени.Потпирачот за грб е правилно
заглавен кога црвените ознаки на двете страни близу до рачката за
ослободување веќе не се гледаат.
9 Предупредување
Возете го возилото само кога
потпирачите за грб се цврсто
закочени во положбата. Инаку
има ризик од лична повреда или оштетување на товарот или на
возилото во случај на силно
сопирање или судир.
Page 76 of 309

74Складирање
Безбедносниот ремен на
средишното седиште може да се
блокира кога потпирачот за грб се
преклопува премногу брзо. За да
се откочи механизмот за
вовлекување, турнете го
безбедносниот ремен навнатре
или извлечете го околу 20 мм, па
отпуштете.
Капак на товарниот простор
Не ставајте предмети врз капакот.
Со 3 врати / хечбек со 5 врати
Вадење
Откачете ги врвците за држење од
задната врата.
Кренете го капакот на задниот дел
и турнете го нагоре на предниот
дел.
Извадете го капакот.
Складирање
Кога складишната преграда е
целосно наполнета, ставете го
капакот на преградата на задните седишта или извадете го од
возилото.
Монтирање
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу. Закачете ги врвците за
држење за задната врата.
Комбе
Капакот на товарниот простор се
состои од четири сегменти кои
може поединечно да се извадат и вметнат.
Вадење
За да го отстраните задниот капак,
откачете ги врвците за држење од
задната врата.
Page 77 of 309

Складирање75Кренете го капакот на задниот дел
и турнете го нагоре на предниот
дел. Извадете го капакот.
За да се извадат другите три
сегменти (редослед 1 до 3),
подигнете ги за задниот дел,
ослободете ги, свртете ги и
извадете ги.
Монтирање
Инсталирајте ги сегментите по
редоследот 3 до 1. Заглавете ги
сегментите во процепите од
страната.
Сегментите се преклопуваат кај
точките за соединување кога
истите се затворени.
За да го инсталирате задниот
капак, заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу. Закачете ги врвците за
држење за задната врата.
Капак на задната
преграда за складирање под подот
Заден капак на подот
Подигнете ја задната патосница за да пристапите до опремата за
итност во случај на дефект.
Алатки 3 236.
Кај моделите со комплет за
поправање гуми во десната страна
на товарниот простор, отворот за
резервното тркало може да се
користи како дополнителна
складишна преграда.
Комплет за поправање гуми 3 246.
Под со двојна товарна шуплина Подот со двојна товарна шуплина
може да се вметне во товарниот
простор во две положби:
Page 78 of 309

76Складирање
● непосредно над капакот заотворот на резервното тркалоили капакот на подот
● или во горните отвори во товарниот простор
За вадење, подигнете го подот со
товарната шуплина користејќи го прицепот и повлечете го наназад.
За вметнување, турнете го подот
со товарната шуплина нанапред во
соодветната шина, па спуштете го.
Ако е монтиран во горната
положба, просторот помеѓу подот
со товарната шуплина и капакот на
процепот за резервното тркало
може да се користат како
складишна преграда.
Во таа положба, ако потпирачите
за грб на задните седишта се
преклопени нанапред, се креира
една речиси сосема рамна товарна шуплина.
Подот со двојна товарна шуплина
може да издржи товар од не повеќе
од 100 кг. Во долната положба,
подот со двојна товарна шуплина
може да го издржи максималното
дозволено оптоварување.Алки за врзување
Со 3 врати / хечбек со 5 врати
Алките за врзување се предвидени за обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Page 79 of 309

Складирање77Комбе
Товарот може да се обезбеди со
четири алки за врзување во
товарниот простор
Предупредувачки
триаголник
Предупредувачкиот триаголник е
складиран во складишната
преграда под задната врата.
Прибор за прва помош
Складирајте го приборот за прва
помош во преградата во левиот
ѕид на товарниот простор.
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
Page 80 of 309

78СкладирањеСистем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба извадете го багажникот за на
покрив.Монтирање на модел без подвижен
покривТурнете ги капачињата што ги
кријат држачите за багажникот за
на покрив и турнете ги наназад.Монтирање на модел со подвижен
покрив
Ослободете ги капаците што ги
кријат монтажните точки на
багажникот за на покрив со
туркање на лизгачите во насоката
на стрелката и извадете ги нагоре.
За затворање на монтажните
рамки на багажникот за на покрив,
прво вметнете ги капаците напред
и заглавете ги лизгачите назад.
Закачете го багажникот за на
покрив кај соодветните точки,
видете ги приложените упатсва за
системот на багажникот за на
покрив.