OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2019Pages: 261, PDF Size: 6.79 MB
Page 161 of 261

Возење и ракување159
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки пред
возилото во опсег до 80 см и за
потенцијално опасни пречки зад возилото во опсег до 1,5 м.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот на екранот од
високо ниво 3 91 или, во зависност
од верзијата, на Информативниот
екран во боја 3 96.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката,
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Page 162 of 261

160Возење и ракување
Оддалеченоста до пречките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 96.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11км/ч.Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се деактивира системот,
LED-сијаличката во копчето се
гаси, а ако се деактивира рачно, во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Целиот систем мора да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палењето или додека не се
активира повторно во изборникот
за приспособување кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 98.
Основни белешки за системите за помош за паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
Page 163 of 261

Возење и ракување161бучава, може да предизвикаат
системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот не открива
неправилности на ниски рабови
или тло, на пример, во градежни
зони. Возачот е одговорен за тоа.
Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува на Информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Page 164 of 261

162Возење и ракувањеАктивирањеРетровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Подрачјето што го прикажува камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
прикажуваат како триаголници 9
на сликата, што ги покажува
пречките откриени од задните
сензори на помошта за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на Инфо-екранот со
предупредување да се провери
опкружувањето околу возилото.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Ретровизорската камера море да
се деактивира рачно во изборникот
за приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби во
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 101.
Деактивирање на водечките линии
и предупредувачки симболи
Активирање или деактивирање на
визуелни водечки линии и
предупредувачки симболи може да
се промени со копчиња на допир во долната зона на екранот.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на Инфо-
екранот.
Page 165 of 261

Возење и ракување163Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Возилото влече приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Помошник за сообраќајни
знаци
Функционалност
Системот за помош со сообраќајни знаци ги забележува сообраќајните
знаци преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● градски региони (специфични за земјата)
● автопати● регионални патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Page 166 of 261

164Возење и ракувањеМожно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Знакот за извичник во рамка
укажува дека е детектиран
дополнителен знак што системот
не може јасно да го идентификува.
Системот работи без загуба на
перформансите до брзина од
200 км/ч зависно од условите на
осветлување. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината на возилото ќе се
намали под 55 км/ч, екранот се
ресетира и содржината на
страницата со сообраќајни знаци
се брише, на пр. кога се влегува во градска зона. Означувањето наследната препозната брзина ќе се
прикаже.
Индикации на екранот
Информации за моментално
важечки сообраќајни знаци се
достапни на назначениот
помошник за сообраќајни знаци во
Информативниот центар на
возачот.
Дополнително, важечката граница на моментално ограничување набрзината е постојано прикажана во долната линија на
Информативниот центар за
возачот. Ако е достапно
ограничување на брзината со
дополнување, симболот + се
прикажува во оваа област.Изберете ? преку MENU и
изберете ја страницата за
помошник за сообраќајни знаци со
тркалцето на рачката 3 91.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата на
помошник за сообраќајни знаци, ќе
се прикаже последниот препознаен сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Функцијата за тревожење може да
биде активирана или деактивирана во изборникот за поставки на
страницата на помошник за
сообраќајни знаци.
Page 167 of 261

Возење и ракување165
Откако еднаш ќе се активира и кога
страницата за забележување на
сообраќајни знаци не е прикажана
во моментот, новооткриените
ограничувања на брзината и
знаците за забрана на поминување
се прикажуваат како скок-
известувања во Информативниот
центар за возачот.Кога е прикажана страницата на
помошникот за сообраќајни знаци,
притиснете SET/CLR на рачката.
Одберете Alerts ON (Вклучени
тревожења) или Alerts OFF
(Исклучени тревожења) со вртење
на тркалцето за прилагодување и притиснете SET/CLR.
Скок-известувањето се прикажува
околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset (Ресетирај) и
потврда со притискање SET/CLR
на рачката подолго време.
Како алтернатива, може да го
притиснете SET/CLR 3 секунди за да ја избришете содржината на
страницата.
По успешно ресетирање, ќе се
огласи тон и се покажува следниот
„Основен знак“ додека не се открие следен сообраќаен знак.
Page 168 of 261

166Возење и ракување
Во некои случаи системот го бришепомошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Отстранување на
сообраќајните знаци
Постојат различни сценарија кои
водат кон отстранување на тековно прикажаните сообраќајни знаци.
По чистењето, во Информативниот центар за возачот се прикажува
„Основниот знак“.
Причините за отстранување на
знаците:
● Управувано е однапред дефинирано растојание или
поминало одредено време (се
разликува за секој тип знак)
● Возилото вози на кривина
● Брзината се намалува под 52 км/ч (откривање влегување
во град)
Дефект
Системот за помош со сообраќајни
знаци може да не работи правилно
ако:
● Областа на шофершајбната, каде е сместена предната
камера, не е чиста или е
покриена со надворешни
елементи на пр. налепници.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,снег, директна сончева
светлина или сенки.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за знаци и сигнали
на патиштата.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Page 169 of 261

Возење и ракување167Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
● Неработење на трепкачите.
● Неработење со педалата на сопирачките.
● Немање активно работење со педалата за гас или
забрзување.
● Немање активно управување со воланот.
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде
никакво предупредување.Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека
системот е вклучен. Кога
контролна сијаличка ) во групата
инструменти ќе се запали зелена,
системот е готов да работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ), светлото во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не работи правилно кога:
● Шофершајбната не е чиста.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки.
Page 170 of 261

168Возење и ракувањеСистемот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
според европскиот стандард
EN 228 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.
Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или
слично може да доведе до
таложење или оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.