OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: CORSA E, Model: OPEL CORSA E 2019Pages: 261, PDF Size: 6.79 MB
Page 171 of 261

Возење и ракување169Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 236. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитив за горивотоГоривото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат
правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови. Во
одредени земји, горивото не
содржи доволно количество
адитив за да останат чисти
вбризгувачите и вентилите за
довод на гориво. Во овие земји,
потребен е адитив за горивото за
некои мотори за да се надомести за недостатокот од прочистување.
Користете само адитив за горивото
што е одобрен за ова возило.Треба да додадете адитив за
горивото во наполнет резервоар за
гориво најмалку на секои 15000 км
или по една година, кое и да
настапи прво. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забранети горива Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и други
горива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.
Таа штета нема да биде
покриена со гаранцијата за
возилото.
Некои горива, главно
високооктански горива за трки,
може да содржат адитив за
зголемување на октанскиот број
наречен метилциклопентадиенил
трикарбонил (ММТ). Не користете
адитиви за горивото со ММТ затоа
што тие можат да го намалат
животниот век на свеќичката и да влијаат врз работата на системот
за контрола на испуштањето
издувни гасови. Може да светне
индикаторското светло за дефект
Z 3 86 . Ако се случи тоа, побарајте
помош од автомеханичар.
Гориво за работа на течен
гас
Page 172 of 261

170Возење и ракувањеТечниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас, ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот број е помеѓу
105 и 115, зависно од делот на бутан. LPG се чува течен на
притисок од околу 5-10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и од соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Селектор на гориво 3 78.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Page 173 of 261

Возење и ракување171
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
Полнење бензин За да отворите, полека свртете го
капачето налево.Вратичката на резервоарот за
гориво се заглавува во конзолата
на истата.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на
грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери кои се достапни кај дистрибутерите на Opel и кај
овластените партнери на Opel.
Page 174 of 261

172Возење и ракување
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
DISH адаптер: Австрија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Чешка, Данска, Естонија,
Франција, Грција, Унгарија,
Италија, Летонија, Литванија,
Македонија, Полска, Португалија,
Романија, Србија, Словачка,
Словенија, Шведска, Швајцарија,
Турција, Украина
Адаптер бајонет: Холандија,
норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Вентилот за полнење течен глас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Page 175 of 261

Возење и ракување173Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење
на адаптерот. Активирајте ја
рачката за заклучување на цревото за полнење гориво.
DISH адаптер: Ставете го цревото
за полнење во адаптерот.
Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Адаптер бајонет: Ставете го
цревото за полнење гориво и
свртете го за една четвртина од
кругот. Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
ЕУРО адаптер: Притиснете го
цревото за полнење на адаптерот.
Активирајте ја рачката за
заклучување на цревото за
полнење гориво.
Притиснете го копчето кај пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80% од
зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и ставете го на безбедно во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас треба
да се наполни само до 80% од
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Капаче на резервоарот за
гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Page 176 of 261

174Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................175
Додатоци и модификации на возилото ................................ 175
Чување на возилото ..............175
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......176
Прверки на возилото ...............176
Вршење работа ...................... 176
Хауба ...................................... 177
Моторно масло ......................177
Ладилник ................................ 179
Течност за миење ..................180
Сопирачки .............................. 180
Течност за сопирачките ........181
Акумулатор ............................. 181
Замена на четкичките на бришачите ............................. 183
Замена на сијалиците ..............184
Халогенски предни фарови ..184
Ксенонски предни фарови ....186
Предни фарови за магла ......187
Предни трепкачи ....................188
Задни светла .......................... 188
Странични трепкачи ..............190Средишно високо монтирано
стоп-светло ........................... 191
Светло за регистарската табличка ................................ 191
Внатрешни светла .................192
Електричен систем ..................192
Осигурувачи ........................... 192
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............193
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......195
Прирачен алат ......................... 197
Алати ...................................... 197
Тркала и гуми ........................... 198
Зимски гуми ............................ 198
Ознаки на гумите ...................198
Притисок на гумите ................ 199
Систем за следење на притисокот на гумите ...........201
Длабочина на шарата ...........205
Менување на големината на гумите и тркалата .................206
Раткапни ................................. 206
Синџири за гуми ..................... 206
Комплет за поправање гуми . 207
Менување тркала ................... 213
Резервно тркало ....................214
Палење со кабли ......................218Влечење................................... 220
Влечење на возилото ............220
Влечење друго возило ..........221
Нега за изгледот ......................222
Нега на надворешноста ........222
Нега на внатрешноста ........... 224
Page 177 of 261

Нега на возилото175Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 178 of 261

176Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашатавеб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 179 of 261

Нега на возилото1779Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Page 180 of 261

178Нега на возилотоУверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 227.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.