OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2017.75Pages: 275, PDF Size: 7.54 MB
Page 241 of 275

Нега на возилото239Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 242 of 275

240Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................240
Сервисни информации ..........240
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 242
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..242Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, на пример, за такси и
полициски возила, влечење
приколка, возење по планински
терен, возење на лоша или
песоклива подлога, зголемено
загадување на воздухот, присуство на песок и големо количество
прашина во воздухот, возење на
голема надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребносервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.
Екран за сервисирање 3 92.
Сервисни периоди - држави од
група 1
Потребно е одржување на
возилото на 25.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за
сервисирање.
Овие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Андора, Австрија, Белгија, Кипар, Данска, Финска, Франција,
Германија, Грција, Гренланд,
Исланд, Ирска, Италија,
Лихтенштајн, Луксембург, Малта,
Монако, Холандија, Норвешка,
Португалија, Сан Марино,
Шпанија, Шведска, Швајцарија,
Обединето Кралство.
Page 243 of 275

Сервисирање и одржување241Сервисни периоди - држави од
група 2
Потребно е одржување на
возилото опремено со мотор
EB2DT, EB2FDTM или EB2DTS на
секои 15.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на екранот за сервисирање. Потребно е
одржување на возилото опремено
со каков било друг мотор освен
горенаведените мотори на секои
25.000 км или по една година, што
и да е прво, освен ако не е укажано
поинаку на екранот за
сервисирање.
Овие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Албанија, Естонија, Летонија,
Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Србија, Словенија.
Сервисни периоди - држави од
група 3
Потребно е одржување на
возилото опремено со мотор
EB2DTS на секои 10.000 км или по
една година, што и да е прво, освенако не е укажано поинаку на
екранот за сервисирање. Потребно
е одржување на возилото
опремено со мотор EB2FDTM или EB2DT на секои 15.000 км или поедна година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на
екранот за сервисирање. Потребно
е одржување на возилото
опремено со каков било друг мотор освен горенаведените мотори на
секои 25.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Овие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Хрватска, Чешка Република,
Унгарија, Романија, Словачка.
Сервисни периоди - држави од
група 4
Потребно е одржување на
возилото на 10.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.Овие сервисни периоди важат за
земјите кои не се наведени во
земјите од групите 1, 2 или 3.
Потврдувања Потврдата на сервисирањето се
евидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и подпис на
работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е
и при продавањето на возилото.
Page 244 of 275

242Сервисирање и одржувањеПрепорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 246.Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете
го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забрането, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 246.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Page 245 of 275

Сервисирање и одржување243Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W,
ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја
означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 246.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
течност за ладење предвидена за
одлична заштита од корозија и
смрзнување до околу -37 °C. Таа
концентрација треба да се чува по
цела година. Употребата на
дополнителни адитиви за течноста
за ладење кои се предвидени да
дадат дополнителна заштита од
корозија или изолација против помали протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и
гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 246 of 275

244Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..244
Идентификациски број на возилото ................................ 244
Идентификациска табличка ..244
Идентификација на моторот . 245
Податоци за возилото .............246
Препорачани течности и средства за подмачкување ..246
Податоци за моторот .............249
Перформанси ......................... 251
Тежина на возилото ............... 252
Димензии на возилото ........... 252
Зафатнини .............................. 254
Притисоци во гумите .............255Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е врежан на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификацискатабличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Page 247 of 275

Технички податоци245
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 249.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Page 248 of 275

246Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкувањеЕвропски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 240Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos1 GEN2✔–dexos2–✔
Само за мотори на дизел: Во случај да не е достапен квалитетот на dexos, може да користите максимум еден
литар моторно масло со квалитет АСЕА С3 еднаш меѓу секое менување на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 240Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40SAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
Page 249 of 275

Технички податоци247Меѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 240Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos1 GEN2✔–dexos2–✔
Во случај да не е доставен квалитетот на dexos може да користите квалитет на масла наведени во продолжение:
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 240Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелACEA A3/B4–✔ACEA C3–✔
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 240Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40SAE 5W-30 или SAE 5W-40
Page 250 of 275

248Технички податоциСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 240под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40до -20 °СSAE 10W-30 1)
или SAE 10W-40 1)1)
Дозволено, но се препорачува користење масла со квалитет dexos.