ad blue OPEL GRANDLAND X 2018.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018.5Pages: 143, PDF Size: 2.39 MB
Page 6 of 143
6ВоведВоведОпшти информации.....................6
Преглед на контролните
елементи ....................................... 8
Употреба ..................................... 11Општи информации
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Користејќи ги функциите за радио FM, AM или DAB, може да
регистрирате до 15 станици.
ЦД-уредот ќе ве забавува со аудио
ЦД-а и MP3 / WMA ЦД-а.
Може да поврзете надворешни
уреди за складирање податоци со
Инфозабавниот систем како
дополнителни аудио извори; преку
кабел или преку Bluetooth ®
.
Системот за навигација со
динамично планирање на
маршрутата ќе ве доведе сигурно
до вашата дестинација и, ако
сакате, автоматски ќе ги избегнува
застоите во сообраќајот или
другите сообраќајни проблеми.
Освен тоа, Инфозабавниот систем
овозможува удобно и безбедно
користење на вашиот мобилен
телефон во возилото.Со користење на функцијата за
проекција на телефонот, може да
управувате со одредени апликации на паметниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Опционално, со Инфозабавниот
систем може да се ракува со
контролите на воланот или преку
системот за препознавање говор.
Добро обмислената конструкција
на контролните елементи,
допирниот екран и јасните екрани
ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и интуитивно.
Забелешка
Упатството ги опишува сите опции и функции достапни за разни
Инфозабавни системи. Одредени
описи, вклучително и оние за
функциите на екранот и на
изборниците, може да не важат за
вашето возило поради
варијантата на моделот,
посебната опрема или
додатоците.
Page 9 of 143
Вовед91Инфо-екран / допирен
екран со почетен
изборник (почетниот
изборник е видлив само
по допирање на екранот
со три прсти) ........................ 15
2 AUDIO
Отвора изборник за аудио:
Радио ................................... 23
ЦД плеер .............................. 28
Надворешните уреди
(USB, Bluetooth) ...................29
3 NAV
Прикажува карта за
навигација ........................... 35
4 v
Отвора изборник за
телефон ............................... 53
5 X........................................... 11
Ако е исклучен:
вклучува / исклучува
напојувањеАко е вклучен: го
стишува микрофонот
Вртење: дотерување на
гласноста
6 SET
Отворање на изборникотза поставки .......................... 15
7 Ì
Отвора изборник за
апликации ............................ 32
8 Í
Го отвора изборникот за
поставки за возилото,
видете во
Сопственичкиот прирачникКонтроли на воланот
1 SRC (извор)
Изберете аудио извор,
потврдете го изборот со
G .......................................... 11
Долго притискање: го
стишува системот
2 ä / å
Ја избира следната /
претходната претходно
поставена радио
станица кога радиото е
активно ................................. 23
Page 13 of 143
Вовед13Телефон
Пред да може да се користи
функцијата за телефон, треба да
се воспостави поврзување помеѓу
Инфозабавниот систем и
мобилниот телефон.
За детален опис за подготвување и
воспоставување Bluetooth-врска
меѓу инфозабавниот систем и
мобилен телефон 3 50.
Ако мобилниот телефон е поврзан, притиснете v за да се прикаже
главниот изборник од
телефонската функција.За детален опис за ракувањето со
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем 3 53.
Апликации
За да се прикажат одредени
апликации од паметниот телефон на екранот од Инфозабавниот
систем, поврзете го паметниот телефон.
Притиснете Ì за да се прикаже
главниот изборник на режимот на
апликации.
Допрете CarPlay или Android Auto .
Се прикажува изборник со различни апликации што може да
се изберат.
За детален опис 3 32.
Поставки
Притиснете SET, а потоа изберете
Audio settings (Поставки за аудио)
за да се прикаже односниот
изборник.
За детален опис 3 15.
Притиснете SET, па OPTIONS
(ОПЦИИ) за да се прикаже
изборник за различни поставки поврзани со системот.
Page 30 of 143
30Надворешни уредиИнфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската со
уредот USB, изберете друга
функција, па отстранете го уредот
USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Пренесување аудио преку
Bluetooth
Пренесувањето ви овозможува да слушате музика од паметниот
телефон.
За детален опис за
воспоставување поврзување
Bluetooth 3 51.
Ако репродуцирање аудио не започне автоматски, можеби ќе
биде потребно да ја стартувате
репродукцијата од паметниот
телефон.
Прво приспособете ја гласноста на паметниот телефон (на високо
ниво). Потоа приспособете ја
гласноста на Инфозабавниот
систем.
Формати на фајлови Аудио опремата поддржува
различни формати на датотеки.
Репродукција на звук Активирање на функцијата за
музика
Поврзување уред USB или
Bluetooth 3 29.
Ако уредот е веќе поврзан, но
репродуцирањето на зачуваните
музички датотеки не е активно:
Притиснете AUDIO, изберете
SOURCES (ИЗВОРИ) , па изберете
го соодветниот извор.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Функции за репродуцирање
Прекинување и продолжување на репродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.
Репродуцирање на претходната
или следната нумера
Допрете < или >.
Page 33 of 143
Надворешни уреди33Поврзување на паметниот
телефонiPhone
Поврзете го телефонот со USB-
приклучокот 3 29.
Ако телефонот веќе е поврзан преку Bluetooth, по поврзувањето
со USB-приклучокот и активирање на Apple CarPlay , поврзувањето
преку Bluetooth ќе се исклучи.Телефон Android
Поврзете го телефонот преку
Bluetooth 3 51, па поврзете го
телефонот преку USB-приклучок
3 29.
Вклучување на проекцијата на
телефонот
Притиснете Ì, па допрете
CarPlay или AndroidAuto .
Прикажаниот екран за проекција на
телефонот зависи од паметниот
телефон и верзијата на софтверот.
Враќање на Инфозабавниот екран
Притиснете го, на пример, копчето
AUDIO на контролната плоча.
Page 50 of 143
50ТелефонТелефонОпшти информации...................50
Поврзување Bluetooth ................51
Итен повик .................................. 53
Ракување .................................... 53
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ............................. 56Општи информации
Функцијата за телефон ви дава
можност да водите разговори на
мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, како и да управувате со најважните функции на мобилниоттелефон преку Инфозабавниот
систем во возилото. За да може да
ја користете функцијата за
телефон, мобилниот телефон
мора да е поврзан со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth.
Не сите функции за телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Повеќе информации
за ова можат да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон или може да
се распрашате кај операторот.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 51 of 143
Телефон51разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Функцијата за телефон е
сертифицирана од Bluetooth
Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата можат да се
најдат на интернет на
http://www.bluetooth.com.
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни телефони, паметни телефони или
други уреди.
Спојување уред
Во текот на процесот на спојување, се врши размена на PIN-кодови
помеѓу уредот со Bluetooth и
Инфозабавниот систем и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем.
Важни информации ● Два споени уреди преку Bluetooth истовремено можатда се поврзат со
Инфозабавниот систем. Еден
уред во режим без раце,
другиот во режим за
пренесување аудио -
погледнете го описот за
поставките на профилот за
Bluetooth подолу.
Но, двата уреди не можат
истовремено да се користат во режим без раце.
● Спојувањето треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот на споени уреди. Ако
уредот бил поврзан претходно,Инфозабавниот систем ја
воспоставува врската
автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување нов уред 1. Активирање на функцијата Bluetooth на уредот со
Bluetooth. За повеќе
информации видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Ако веќе е поврзан друг уред со Bluetooth:
Притиснете v, изберете
OPTIONS (ОПЦИИ) , изберете
Bluetooth connection
(Поврзување Bluetooth) , па
допрете o Search (Пребарај) .
Ако не е поврзан ниту еден уред
со Bluetooth:
Притиснете v, па допрете
Bluetooth search (Пребарување
Bluetooth) .
Page 52 of 143
52ТелефонСе врши пребарување за сите
уреди со Bluetooth во блиската
околина.
3. Од прикажаниот список, изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го споите.
4. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Потврдете ја пораката на
Инфозабавниот систем и на уредот со Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
На Инфозабавниот систем: се прикажува порака што
бара да внесете PIN-код на уредот со Bluetooth.
На уредот со Bluetooth:
внесете го PIN-кодот и
потврдете го внесеното.
5. Активирајте ги функциите што сакате да ги извршува споениотпаметен телефон и потврдете
ги поставките. Може да ги
промените овие поставки напрофилот за Bluetooth во секое
време, видете подолу.
Инфозабавниот систем и
уредот се споени.
6. Телефонскиот именик се презема автоматски наИнфозабавниот систем. Во
зависност од телефонот,
Инфозабавниот систем мора да
има дозвола за пристапување
до телефонскиот именик. Ако е
потребно, потврдете ги
пораките прикажани на уредот
со Bluetooth.
Ако функцијата не е поддржана од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака.
Операции на споени уреди Притиснете v, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) , па изберете Bluetooth
connection (Поврзување Bluetooth) .
Се прикажува список на сите
спарени уреди.
Менување на поставките на профилот за Bluetooth
Допрете † до саканиот споен уред.Активирајте ги или деактивирајте
ги поставките на профилот според
ваша желба и потврдете ги
поставките.
Поврзување споен уред
Уредите кои се споени, но не се
поврзани, се означени со —.
Изберете го саканиот уред за да го поврзете.
Откачување уред
Уредот што е поврзан во моментот е означен со “.
Изберете го уредот за да ја
прекинете врската.
Бришење споен уред
Допрете e во горниот лев агол од
екранот за да се прикажат иконите
e до секој споен уред.
Допрете e до уредот со Bluetooth
што сакате да го избришете и
потврдете ја прикажаната порака.
Page 53 of 143
Телефон53Итен повик9Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. Во
одредени случаи, не можат да
се прават итни повици во сите
мобилни мрежи; можат да
настанат проблеми кога се
активни одредени мрежни
услуги и / или функции на
телефонот. Можете да се
распрашате за тоа кај
опслужувачите на локалната
мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од
службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Во режимот за слободни раце,
ракувањето со мобилниот
телефон и натаму е можно, на пр. за примање повик или местење на
гласноста.
По воспоставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Инфозабавниот систем. Тоа може
Page 54 of 143
54Телефонда потрае, зависно од мобилниот
телефон и количеството податоци
што треба да се пренесат. За тоа
време, ракувањето со мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем е можно само до одредена
мерка.
Забелешка
Ниту еден мобилен телефон не ја
поддржува целосно функцијата за телефон. Затоа, можни се
отстапувања од опсегот на
функции опишани во
продолжение.
Главен изборник за телефонот
Притиснете v за да се прикаже
главниот изборник за телефонот.
Забелешка
Главниот изборник за телефонот
е достапен само ако е поврзан мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку Bluetooth. За детален опис 3 51.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници), како и преку
контролите за телефонот на
воланот.
Почнување телефонски повик
Внесување телефонски број
Внесете телефонски број со
тастатурата во главниот изборник
за телефонот.
Како што се внесуваат цифри,
соодветните ставки од списокот на
контакти се прикажуваат по
азбучен редослед.
Допрете ја саканата ставка од
списокот за да започнете
телефонски повик.