OPEL GRANDLAND X 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018Pages: 303, PDF Size: 7.49 MB
Page 31 of 303

Клучеви, врати и прозорци29
Рачно отклучете ја возачката врата
со вметнување и вртење на клучот
во цилиндарот на бравата.
Другите врати можат да се отворат со повлекување на внатрешната
квака. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со ставање и вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
За да ги заклучите другите врати,
отстранете го црното капаче со
клучот.
Внимателно ставете го клучот и
поместете го кон внатрешната
страна од вратата без да го вртите клучот.
Извадете го клучот и вратете го
црното капаче.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
Автоматско заклучување Автоматско заклучување по
поаѓање
Системот дозволува автоматско
истовремено заклучување на
вратите и хаубата штом брзината
на возилото ќе надмине 10 км/ч.
Ако една од вратите или товарниот
простор е отворена, автоматската
централна брава нема да се
активира. На тоа се укажува со
звукот на отклучување на бравите,
придружено со осветлување на h
Page 32 of 303

30Клучеви, врати и прозорцина таблата со инструменти, звучен
сигнал и прикажување на порака за
предупредување.
Можете трајно да ја активирате или
деактивирате оваа функција. Со
вклучено палење, притискајте Q
додека не започне да се емитува
звучен сигнал и не се прикаже
соодветна порака.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе го исклучите палењето.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција автоматски ги
заклучува сите врати, товарниот простор и вратичката на
резервоарот за гориво автоматски кратко по отклучувањето со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч ако ниту една
врата не била отворена.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Детски брави, механички
Свртете ја црвената детска брава
во задната врата во хоризонтална положба со користење на клуч.
Вратата не може да се отвори
однатре.
За деактивирање, свртете ја
детската брава во вертикална
положба.
Page 33 of 303

Клучеви, врати и прозорци31Детски брави, електрични
Систем што се управува од
далечина за да го спречи
отворањето на задните врати со
користење на нивните внатрешни контроли и користењето на
задните електрични прозорци.
Контролата се наоѓа во
средишната конзола пред рачката
на менувачот.
Вклучување
Притиснете R. Се вклучува
индикаторското светло во копчето,
придружено со порака за
потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се исклучат детските брави.
Исклучување
Притиснете го R повторно.
Индикаторското светло се
исклучува, придружено со порака
за потврдување. Ова индикаторско
светло останува вклучено додека
не се вклучат детските брави.Врати
Товарен простор
Задна врата
Отворање
По отклучувањето, притиснете го
прекинувачот на подлогата на
допир под лентата на задната
врата и отворете ја задната врата.
Page 34 of 303

32Клучеви, врати и прозорциЗатворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не го притискајте допирниот
прекинувач додека затворате
бидејќи така повторно ќе ја
отклучите задната врата.
Централна брава 3 25.
Електрична задна врата
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната задна врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Внимавајте многу на
подвижната задна врата кога
работите со неа. Уверете се
дека ништо не се приклешти за време на ракувањето и никој не
стои во пределот на движењето.
Електричната задна врата може да се управува со:
● Подолго притискање P на
електронскиот клуч.
● Ракување без раце со сензорот
на движење под задниот
браник.
● Допирниот прекинувач под надворешната рачка на
задната врата T при
отворена задна врата.
Кај возилата со автоматски пренос, со задната врата може да се ракува
само кога возилото е во мирување
и автоматскиот менувач е во P.
Трепкачите трепкаат и се огласува
мелодија кога работи
електричната задна врата.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата не ја опслужува
централната брава. За да ја
отворите задната врата со
копчето на електричниот клуч или со допирниот прекинувач под
рачката на задната врата или со
функцијата за слободни раце, не е неопходно да го отклучите
возилото. Предуслов е
електронскиот клуч да биде
надвор од возилото, на
растојание од приближно
еден метар од задната врата.
Не го оставајте електронскиот клуч во товарниот простор.
Заклучете го возилото по
затворањето, ако претходно било
отклучено.
Централна брава 3 25.
Page 35 of 303

Клучеви, врати и прозорци33Ракување со електронскиот клуч
Подолго притиснете P за да ја
отворите или затворите задната
врата.
Ракување без раце со сензорот на
движење под задниот браник
За да ја отворите или затворите
задната врата, придвижете го
стапалото под задниот браник напред-назад во областа под
регистарската табличка (видете ја
илустрацијата). Клучот мора да
биде во радиус од еден метар. Ако има помош за паркирање, делот сепрепознава под прикажаниот
сензор. Не држете го стапалото
подолго или не движете го
премногу бавно под браникот.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од задната
врата.
Активирањето или
деактивирањето на ракувањето
без раце може да се постави во
изборникот Settings (Поставки) , I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Информативен екран 3 112.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 116.9 Опасност
Не допирајте ги деловите од
возилото под возилото при
активна функција за слободни
раце. Постои ризик од повреда
од жешките делови на моторот.
Page 36 of 303

34Клучеви, врати и прозорциАвтоматско заклучување по
ракување без раце
Притиснете го копчето S во
отворената задна врата, целото
возило ќе се заклучи по
затворањето на задната врата без
раце.
Ракувањето со допирниот
прекинувач под надворешната
рачка на задната врата
За да се отвори задната врата,
притиснете ја допирната подлога
под лентата на задната врата
додека задната врата не почне да
се движи. Ако возилото е
заклучено, електронскиот клуч
мора да биде надвор од возилото
во опсег од околу еден метар од
задната врата.
За да се затвори, притискајте го
T во отворената задна врата
додека таа не почне да се движи.
Запрете го движењето или сменете ја насоката на истото
Запрете го движењето на задната
врата веднаш:
● подолго притиснете P на
електронскиот клуч или
● притиснете го допирниот прекинувач под надворешната
рачка на задната врата или
● притиснете T на отворената
задна врата.
Page 37 of 303

Клучеви, врати и прозорци35Повторното притискање на едниот
од прекинувачите ќе го смени
правецот на движење.
Приспособување на намалената
висина за отворање
1. Отворете ја електричната задна врата со било кој
прекинувач за ракување.
2. Запрете го движењето на саканата висина со притискањена T . Ако е потребно, рачно
поместете ја запрената задна
врата во саканата положба.3. Задржете го притиснато копчето T од внатрешната
страна на отворената задна
врата 3 секунди.
Забелешка
Прилагодувањето на висината на
отворањето треба да се
програмира на рамно.
Ќе се огласи мелодија што ја
означува новата поставка и
трепкачите ќе трепкаат.
Намалената височина може да се постави само при агол на отворање
поголем од 30°.
За да ја избришете позицијата на
намалената висина, отворете ја
задната врата до половина од
позицијата и притиснете T три
секунди
Задната врата може да се држи
отворена само ако е над
минималната височина (најмал
агол на отворање од 30°).
Височината при отворањето не
може да се програмира под таа
височина.Безбедносна функција
Ако електричната задна врата
наиде на пречка за време на
отворањето или затворањето,
насоката на движењето
автоматски ќе се смени малку.
Повеќе пречки во еден електронски циклус ќе ја деактивираат
функцијата. Во тој случај,
затворете ја или отворете ја
задната врата рачно.
Електричната задна врата има
сензори за приклештување од
страничните рабови. Ако
сензорите приметат пречки помеѓу
задната врата и шасијата, задната
врата ќе се отвора додека не се
активира повторно или не се
затвори рачно.
На безбедносната функција
укажува предупредувачка
мелодија.
Отстранете ги сите пречки пред да се врати обичното електронско
работење.
Ако возилото е опремено со
фабрички монтирана опрема за
влечење и приклучена е приколка,
електричната задна врата може да
Page 38 of 303

36Клучеви, врати и прозорцисе отвори само со прекинувачот надопирање или да се затвори со
T во отворената задна врата.
Уверете се дека нема пречки во
пределот на движењето.
Преоптоварување
Ако електричната задна врата се
активира на кратки интервали,
функцијата ќе биде оневозможена
некое време. Придвижете ја
задната врата рачно до крајната
позиција за да го ресетирате
системот.
Активирање на електричната
задна врата
Ако електричната задна врата не
може да работи автоматски (на пр.
по откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.Активирајте ја електрониката на
следниов начин:
1. Рачно отворете ја задната врата.
2. Рачно затворете ја задната врата.
3. Вклучете го палењето.
Ако проблемот не се реши,
побарајте помош од
автомеханичар.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата се исклучува при
низок напон на акумулаторот. Во
тој случај, со задната врата нема да може да се ракува ни рачно.
Забелешка
Кога е исклучена електричната
задна врата и сите врати се
отклучени, со задната врата може
да се ракува само рачно. Во тој
Page 39 of 303

Клучеви, врати и прозорци37случај, рачното затворање на
задната врата бара значително
поголема сила.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врти.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Активирање
Притиснете го N на далечинскиот
управувач двапати во рок од пет
секунди.
Систем за тревожење при кражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Page 40 of 303

38Клучеви, врати и прозорциГи надгледува:● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч од системот
на електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: се активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Систем на електронскиот клуч:
се активира самостојно
30 секунди по заклучувањето
на возилото со притискање со
прст или палец на кваката на
една од надворешните врати на ознаките.
● Далечински управувач или електронски клуч: директно со
притискање на e двапати во
рок од пет секунди.
● Системот на електронски клуч со вклучено пасивно
заклучување: накратко се
активира откако ќе дојде до
пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта и отворени прозорци
може да го влошат
функционирањето на
надгледувањето на патничкиот простор.
Активирање без надгледување
на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.