OPEL GRANDLAND X 2019.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019.75, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2019.75Pages: 307, PDF Size: 7.81 MB
Page 121 of 307

Инструменти и контроли119Функцијата за итен повик ќе
воспостави поврзување со
најблиската точка за одговор за
јавна безбедност (PSAP).
Минимален број податоци
вклучувајќи ги информациите за
возилото и локацијата ќе се
испратат до PSAP.
Забелешка
Можно е да не може да се
воспостави итен повик во области
со недоволна мрежна достапност
или поради оштетување на
хардверот при судар.
Автоматско известување за судар
Во случај на незгода во која се
активирани воздушни перничиња,
автоматски се воспоставува итен
повик и автоматско известување за судар ќе се пренесе до следната
точка за одговор за јавна
безбедност.
Помош во итни случаи
Во итен случај, можете и рачно да упатите итен повик со притискање
на црвеното SOS копче подолго од
две секунди. LED-сијаличката
трепка за да потврди дека евоспоставено поврзување со
најблиската PSAP. LED-
сијаличката свети постојано сѐ
додека повикот е активен.
Со притискање на копчето SOS
веднаш по вторпат ќе се прекине
повикот. LED-сијаличката се
исклучува.
Сијаличка за состојба
Свети зелено и црвено и се
исклучува по краток период кога
палењето е вклучено: системот
работи правилно.
Свети црвено: дефект на системот. Посетете автомеханичар.
Трепка црвено: помошниот
акумулатор треба да се замени.
Функција за повик при дефект Притискањето на . подолго од
две секунди ве поврзува со давател на помош на пат.
За информации за покриеноста и
обемот на услуги за помош на пат,
погледнете во Сервисната и
гарантната книшка.
Page 122 of 307

120СветлаСветлаНадворешни светла.................120
Прекинувач за светлата ........120
Автоматска контрола на светлата ................................ 121
Долго светло .......................... 121
Аблендирање ......................... 122
Регулирање на височината на фаровите ............................... 122
Предните фарови кога се вози во странство .......................... 122
Светла за дневно возење .....122
LED предни фарови ..............122
Предупредувачки трепкачи ... 126
Трепкачи ................................. 126
Предни фарови за магла ......127
Задно светло за магла ..........127
Паркирни светла ....................128
Светло за рикверц .................128
Замаглени капаци на светлата ................................ 128
Внатрешно светло, ..................128
Контрола на осветлувањето на таблата со инструменти ..128
Внатрешни светла .................129Светла за читање ..................129
Светло во заштитникот за сонце ..................................... 129
Карактеристики на
осветлувањето .........................130
Осветлување на средишната конзола .................................. 130
Осветлување при влегување ............................. 130
Осветлување при излегување ............................ 130
Заштита од празнење на акумулаторот ........................ 130Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Прекинувач за светлата:
AUTO:автоматска контрола на
светлата автоматски
менува помеѓу светло за
дневно возење и предни
фарови8:странични светла9:предни фарови
Кога се вклучува палењето,
автоматската контрола на
светлата е активна.
Контролна сијаличка 8 3 105.
Page 123 of 307

Светла121Задни светлаЗадните светла светат заедно со
средното / долгото светло и
страничните светла.
Автоматска контрола на
светлата
Кога функцијата за автоматска
контрола на светлата е вклучена и
моторот работи, системот се
префрлува помеѓу светлата за
дневно возење и предните фарови
автоматски во зависност од
надворешните услови на
осветлувањето и информациите
што ги дава системот за
бришачите.
Уверете се дека сензорот не е
блокиран 3 10, 3 41.
Светло за дневно возење 3 122.
Автоматско активирање на
предните фарови
При лоши светлосни услови
предните фарови се вклучуваат.
Дополнително, предните фарови
се вклучуваат ако бришачите на
шофершајбната биле активирани
за повеќе бришења.
Откривање тунели
Кога се влегува во тунел, предните фарови се вклучуваат веднаш.Долго светло
Притиснете за да се префрлите од
кратко на долго светло.
Повлечете за да го исклучите
долгото светло.
Помош за долгото светло 3 122.
Page 124 of 307

122СветлаАблендирање
Повлечете за да аблендирате.
Повлечете за да го исклучите
долгото светло.
Регулирање нависочината на фаровите
Рачно регулирање на
височината на фаровите
Опсегот на предните фарови може
да се приспособи рачно ако
возилото е опремено со халогенски
предни фарови. LED-предните
фарови се приспособуваат
автоматски.
За приспособување на височината
на предните фарови според
оптовареноста на возилото за да
се спречи одблесокот, свртете го
малото тркалце ? во саканата
положба.
0:предните седишта се зафатени1:сите седишта се зафатени2:сите седишта се зафатени и
товарниот простор е натоварен3:возачкото седиште е зафатено
и товарниот простор е
натоваренПредните фарови кога се
вози во странство
Кога возите во земји каде што
сообраќајот се одвива на
спротивната страна од патот,
предните фарови не треба да се
приспособуваат.
Светла за дневно возењеСветлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Тие се вклучуваат автоматски кога
моторот работи.
Системот се префрлува
автоматски помеѓу светлата за
дневно возење и средното светло,
во зависност од условите на
осветлување.
LED предни фарови
LED-системот за предни фарови
содржи разни видови LED-диоди во секој фар што овозможува
контрола на функциите за
приспособливо предно
осветлување.
Page 125 of 307

Светла123Преносот на светлина и нејзиниот
интензитет варира во зависност од
условите на осветлувањето, тип на патот и ситуацијата на возење.
Возилото ги адаптира предните
фарови автоматски според
ситуацијата, со цел да овозможи
оптимални перформанси за
возачот.
Некои функции за приспособливо
предно осветлување на LED
предните фарови може да бидат
исклучени или вклучени од
изборникот за приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби. Изберете ја соодветната
поставка во Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 113.
Функциите за осветлување се достапни само кога прекинувачот
за светлата е во положба AUTO.Меѓуградско светло
Автоматски се активира при брзини
помеѓу 55 км/ч и 115 км/ч кога се
вози во рурални области.
Подобрено е осветлувањето на
тековната лента и другата страна
од патот. Не се заслепени возилата
кои доаѓаат и претекнуваат.
Светло за автопат
Автоматски се активира при брзина поголема од 115 км/ч.
Осветлувањето е приспособено на
поголема брзина со која се вози на автопатишта. Ако нема сообраќај
што доаѓа кон вас, видливоста од
страната на возилото се
зголемува. Опсегот на видливоста
се подигнува од 70 м на 140 м што
овозможува препознавање на
подалечни предмети по целата
ширина на патот.
Градско светло
Автоматски се активира при брзини до приближно 55 километри на час
и во ситуации со надворешно
амбиентално светло. Светлото е
широко и симетрично. Ако
брзината е под 30 км/ч, предните
фарови малку се вртат кон надвор
за да овозможат рано
препознавање на пешаци и
предмети од двете страни на
патот. Дизајниран е специјален
модел кој зрачи за да се избегне
отсјај за другите учесници во
сообраќајот.
Page 126 of 307

124СветлаАголно светло
Се активира при вртење со брзина
до 40 км/ч. Светлото се состои од LED-диоди кои ја осветлуваат
патеката на движењето. Овие LED-
диоди се активираат според аголот
на вртење или активирањето на
трепкачите.
Осветлување за лошо време
Се контролира од бришачот или
сензорот за дожд. Широката
дистрибуција на осветлувањето -
малку свртено нанадвор -
овозможува подобра ориентација
на рабовите од патот. Се
зголемува интензитетот на
осветлувањето на поголемо
растојание за да се препознаваат
предмети и ознаки од страната на
совозачот и пречки на лентата и
покрај временските услови. Со
намалување на одблесокот на
влажни патишта, сообраќајот од
спротивната страна помалку
заслепува. Осветлувањето за
лошо време се активира при
брзина до 70 км/ч.
Свиочно светло
За да се подобри осветлувањето
во кривините, врз основа на аголот на управување и брзината,
дополнително се активираат
посебни LED диоди. Оваа функција
се активира при брзини од 40 км/ч
до 70 км/ч.
Помош за долгото светло
Оваа карактеристика го активирадолгото светло навечер кога
брзината на возилото е поголема
од 25 км/ч.
Камерата во шофершајбната ги
забележува светлата на возилата
од спротивната насока или напред.
Секоја LED-сијаличка на десната
или левата страна може да се
активира или избледи секоја
посебно во согласност со
состојбата во сообраќајот. Ова
дава најдобра дистрибуција на
светлина без да ги заслепи другите
учесници во сообраќајот. Откако ќе се активира, помош за долгото
светло останува активно и се
вклучува и исклучува долгото
светло во зависност од околните
услови. Најпоследната поставка на
помошта за долго светло ќе остане
откако ќе се вклучи палењето
повторно.
Page 127 of 307

Светла125
Помошта за долго светло вклучуваи специјален режим за автопат.
Кога се вози побрзо од 115 км/ч на
автопат, долгото светло се
смалува за да се избегне
заслепување на дојдовниот
сообраќај. Кога се вози зад возило
напред или се разминува,
заслепувањето на овие возила е
намалено.
Активирање
Активирајте ја помошта за долго
светло со притискање на f. LED
од копчето светнува ако е
активирана помошта за долго
светло. Долгото светло се вклучува автоматски при брзини над 25 км/ч .
Долгото светло се исклучува при
брзини под 15 км/ч, но помошта за
долго светло останува активна.
Зелената контролна сијаличка f
свети постојано кога помошта за
долго светло е активирана, сината
7 свети кога долгото светло е
вклучено.
Контролна сијаличка f 3 106, 7
3 105.
Со притискање еднаш на левата
рачка за трепкачите рачно се
вклучува долгото светло без
помош за долго светло.
Помошта за долго светло
автоматски го вклучува средното
светло кога:
● Се вози во градски предели.● Камерата открие густа магла.
● Предни или задни фарови за магла се вклучени.
Ако не се откријат никакви
ограничувања, системот се враќа
на долго светло.
Деактивирање
Деактивирајте ја помошта за долго светло со притискање на f.
Ако се активира аблендирањето
кога е активирана помошта за
долго светло, а средното светло е
вклучено, помошта за долгото
светло ќе се деактивира. Системот променува на долго светло.
Page 128 of 307

126СветлаАко се активира аблендирањето
кога е активирана помошта за
долго светло, а долгото светло е
вклучено, помошта за долгото
светло ќе се деактивира. Системот
променува на средно светло.
За да ја активирате помошта за
долго светло, аблендирајте со
предните фарови повторно.
Дефект во LED системот за
осветлување
Кога системот ќе открие дефект
во LED системот за осветлување,
тој одбира дефинирана положба за да избегне заслепување на
сообраќајот од спротивната
насока. Во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредување.Предупредувачки
трепкачи
Се ракува со притискање на ¨.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата на
забавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
Трепкачиугоре:десни трепкачиудолу:леви трепкачи
При поместувањето на рачката за
трепкачите може да се почувствува точка на отпор.
Постојаното трепкање се активира
кога рачката за трепкачите ќе се
помести по точката на отпор. Ќе се деактивира кога воланот ќе се
сврти во спротивна насока или кога
рачката за трепкачите рачно ќе се
врати во неутрална положба.
Page 129 of 307

Светла127Активирајте го привременото
трепкање така што ќе ја држите
рачката за трепкачите веднаш пред точката на отпор. Трепкачитеќе трепкаат додека рачката за
трепкачите не се отпушти.
За да активирате три трепкања,
малку потурнете ја рачката за
трепкачите без да ја помине
точката на отпор.
Ако заборавите да ги откажете
трепкачите за вртење подолго од
20 секунди, гласноста на звучниот
сигнал ќе се зголеми ако брзината е над 60 км/ч.Предни фарови за магла
Се ракува со притискање на >.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги вклучи предните светла
автоматски.
Задно светло за магла
Се ракува со притискање на r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само
заедно со предните фарови за
магла.
Задното светло за магла на
возилото се деактивира кога се
влече приколка или приклучокот е
Page 130 of 307

128Светлаповрзан со штекерот, на пример,
кога се користи носач на
велосипеди.
Паркирни светла
Кога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Поместете ја рачката докрај нагоре (десни паркирни светла)
или надолу (леви паркирни
светла).
Се потврдува со сигнал и
соодветната контролна сијаличка
за трепкачите.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се вклучува
кога палењето е вклучено и се
става во рикверц.
Замаглени капаци насветлата
Внатрешноста на куќиштето на
светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе. За да помогнете, вклучете ги предните фарови.Внатрешно светло,
Контрола наосветлувањето натаблата со инструменти
Осветленоста на следниве светла
може да се дотера кога се запалени
надворешните светла:
● осветлување на таблата со инструменти
● Инфо-екран
● осветлени прекинувачи и оперативни елементи