OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 51 of 323

Седишта, потпирачи49положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре или притиснете ја патентбравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете
го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
Page 52 of 323

50Седишта, потпирачи
● Седете така да задникот дабиде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Приспособете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 85.
● Наместете го потпирачот за глава 3 48.● Наместете ја височината на
безбедносниот ремен 3 58.
● Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Рачно прилагодување на седиштето
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Page 53 of 323

Седишта, потпирачи51Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу
Page 54 of 323

52Седишта, потпирачиНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
наназад:предниот крај погоренанапред:предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Page 55 of 323

Седишта, потпирачи53Електрично местење наседиштето9 Предупредување
Треба да се внимава кога се
ракува со електричните
седишта. Има ризик од повреда, особено за децата. Може да се
заглават предмети.
Внимавајте многу на седиштата
кога ги дотерувате истите.
Треба да се известат патниците
на возилото соодветно.
Надолжно прилагодување
Поместете го прекинувачот
нанапред / наназад.
Височина на седиштето
Поместете го прекинувачот угоре /
удолу.
Навалување на седиштата
Поместете го предниот дел на
прекинувачот нагоре / надолу.
Page 56 of 323

54Седишта, потпирачиНаклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го прекинувачот
нанапред / наназад.
Потпирач за половината,
приспособување на потпирачот за бутовите, видете рачно
приспособување на седиштето
3 50.
Функција на меморирање на
електрично местење на
седиштето
Може да се зачуваат две различни
поставки на возачкото седиште.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 119.
Зачувување на меморираната
позицијата
● Наместете го возачкото седиште во саканата положба.
● Притиснете и држете M и 1 или
2 истовремено додека се
огласува мелодија.
Повикување на мемориските
положби
Притиснете и држете 1 или 2
додека не се постигне зачуваната положба на седиштето. Со
отпуштање на копчето додека
седиштето се движи се откажува
повикувањето.
Безбедносна функција
Ако возачкото седиште наиде на
отпор при движењето,
повикувањето може да сопре. По
отстранувањето на пречката,
притиснете и задржете го
соодветното копче за меморирање на положбата 2 секунди. Обидете
се повторно да ја повикате
мемориската положба. Ако
повикувањето не работи,
посоветувајте се со сервисер.
Преоптоварување
Ако поставката на седиштето е
струјно преоптоварена,
напојувањето се прекинува
автоматски за кратко време.
Забелешка
По несреќа во која се активирале
воздушните перничиња,
мемориските функции за секое
позициско копче ќе бидат
деактивирани.
Page 57 of 323

Седишта, потпирачи55Потпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
лизне нанапред за 10 см.
Повлечете ја рачката за да го
лизнете потпирачот. Под
потпирачот за рака има складишна преграда.
Греење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на ß за соодветното седиште
еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со осетлива кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Проветрување
Активирајте го проветрувањето со
притискање на A за соодветното
предно седиште.
Проветрените седишта
функционираат кога работи
моторот и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Page 58 of 323

56Седишта, потпирачиЗадни седиштаПотпирач за рака
Преклопете го потпирачот за рака
надолу. Потпирачот за рака има држачи за чаши.
Греење
Регулирајте го греењето на
седиштето со вртење на тркалцето
ß за соодветното задно
надворешно седиште на саканото
поставување.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со осетлива кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
заклучуваат при нагло забрзување или забавување на возилото,
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето.
Следствено, ризикот од повреда е значително намален.
Page 59 of 323

Седишта, потпирачи579Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш.
Систем за врзување на деца
3 67.
Одвреме-навреме проверувајте ги
сите делови од системот на
безбедносните ремени за
оштетувања, нечистотија и
функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајна
незгода, посетете автомеханичар
за да ви ги замени безбедносните
ремени и активираните
затегнувачи на ремените.
Забелешка
Уверете се дека безбедносните
ремени не се оштетени или
приклештени со остри предмети.
Спречувајте го влегувањето на
нечистотија во механизмите за
вовлекување на безбедносните
ремени.
Потсетник за безбедносниот
ремен
Секое седиште е опремено со
потсетник за безбедносниот
ремен, за којшто има контролна
сијаличка X за соодветното
седиште во плафонската конзола.
Потсетник за безбедносниот ремен
3 102.
Ограничувачи на силата на
безбедносните ремени
Притисокот врз телото се намалува
со постепеното ослободување на
безбедносниот ремен при судар.Затегнувачи на безбедносните
ремени
Во случај на фронтален судир,
удар одзади или страничен судир
со одредена силина, предните и
надворешните задни безбедносни ремени се затегнуваат со
предзатегнувачите на
безбедносните ремени.9 Предупредување
Неправилното ракување
(на пример, отстранување или
монтирање на безбедносните
ремени) може да ги активира
предзатегнувачите на
безбедносните ремени.
Активирањето на затегнувачите на
безбедносните ремени се означува
со постојано светење на
контролната сијаличка v.
Воздушно перниче и
предзатегнувачи на
безбедносните ремени 3 102
Активираните предзатегнувачи на
безбедносните ремени мора да ги
замени автомеханичар.
Page 60 of 323

58Седишта, потпирачиПредзатегнувачите на
безбедносните ремени може да се
активираат само еднаш.
Забелешка
Не прицврстувајте и не
монтирајте додатоци или други предмети што може да пречат во
функционирањето на
затегнувачите на безбедносните
ремени. Не вршете никакви
преиначувања на компонентите
на предзатегнувачите на
безбедносните ремени бидејќи
тоа ќе ја поништи дозвола за
работа на возилото.Безбедносен ремен
прицврстен на три точки
Врзан
Извлечете го безбедносниот
ремен од механизмот за
вовлекување, повлечете го преку
телото без да се извитка и ставете го јазичето во бравата.
Затегнувајте го ременот за скутот
редовно за време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Лабавата или кабастата облека го
спречува безбедносниот ремен да
се постави припиено. Не ставајте
предмети, како што се чанти или мобилни телефони, помеѓу
безбедносниот ремен и вашето
тело.
9 Предупредување
Безбедносниот ремен не смее
да лежи врз тврди или кршливи
предмети во џебовите на
облеката.
Потсетник за безбедносниот ремен
X 3 102.