OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 41 of 323

Клучеви, врати и прозорци39Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата и прозорците.
2. Исклучете го палењето и притиснете o во рок од
10 секунди додека LED-
сијаличката во копчето o
светне.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Показател LED-сијаличката во копчето o
трепка ако се активира системот за
тревожење при кражба.
Предупредувачките трепкачи
светат неколку секунди.Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при кражба.
Систем на електронскиот клуч:
Отклучување на возилото со
притискање на една од кваките на
предните врати на ознаките го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од страната на
соодветната врата.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Предупредувачките трепкачи
трепкаат неколку секунди.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на алармните
сигнали се утврдени со закон.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира со
притискање на c, со притискање на
една од кваките на предните врати
на ознаките со системот на
електронскиот клуч или со
вклучување на палењето на
моторот.
На активиран аларм што не го
прекинал возачот ќе укажува LED-
сијаличката во копчето o. LED-
сијаличката ќе трепка брзо
Page 42 of 323

40Клучеви, врати и прозорциследниот пат кога возилото ќе сеотклучи со далечинскиот
управувач.
Ако акумулаторот е повторно
поврзан (на пример, по
одржување), почекајте 10 минути
за да го стартувате моторот
повторно.
Дефект Ако LED-сијаличката во копчето
o свети постојано кога ќе го
вклучите палењето, побарајте
помош од автомеханичар.
Заклучување на возилото без
активирање на системот за
тревожење при кражба
Заклучете го возилото така што ќе ја заклучите возачката врата совметнатиот клуч.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога
го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш заклучувајте го
возилото по напуштањето 3 26.
Вклучете го системот за
тревожење при кражба 3 38.
Ракување со електронскиот клуч во
итни случаи 3 154.Странични
ретровизори
Конвексен облик
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Известување за странична мртва точка 3 212.
Електрично местење
Page 43 of 323

Клучеви, врати и прозорци41Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на копчето за
ретровизорот налево или надесно.
Потоа завртете ја контролата за да
се намести ретровизорот.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
извиткаат од своите вообичаени
монтажни положби ако се удрат со
доволна сила. Вратете го
ретровизорот на место со вршење
благ притисок врз неговото
куќиште.
Електрично свиткување
Повлечете го копчето за
ретровизорите наназад. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Повлечете го копчето за
ретровизорите наназад повторно
за да ги вратите страничните
ретровизори во првичната
положба.
Ако рачно се отвори некој
електрично преклопен ретровизор, повлекувањето на копчето за
ретровизорите наназад
електрично ќе го отвори само
другиот ретровизор.
Автоматско преклопување
Кога возилото е отклучено,
ретровизорите се враќаат во
нормалната положба. Кога
возилото е заклучено,
ретровизорите се преклопени.
За да го овозможите или
оневозможите автоматското
преклопување на страничните
ретровизори, консултирајте се со
автомеханичар.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на b.
Page 44 of 323

42Клучеви, врати и прозорциГреењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Греење на задното стакло 3 45.Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Кога возите во темнина, отсјајот од
возилата што се следат се
намалува.
Page 45 of 323

Клучеви, врати и прозорци43Прозорци
Шофершајбна Налепници на шофершајбната
Не ставајте налепници како вињети
за патарина или слично на
шофершајбната, во пределот на
ретровизорот. Чувајте го сензорот
да биде чист од прашина,
нечистотија и мраз. Инаку, зоната
за откривање на сензорот за дожд /
сензорот за светлина и погледот на
камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Сензори 3 87, 3 127
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и / или пораки од
овие системи.
Електрични прозорци
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Page 46 of 323

44Клучеви, врати и прозорциЦврсто притискање или
повлекување до вториот степен, а потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете V за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го V повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се затворат
целосно, предупредувачките
светла ќе трепнат двапати.
Преоптоварување Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Page 47 of 323

Клучеви, врати и прозорци45Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 117.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште 2 секунди.
4. Туркајте го прекинувачот додека прозорецот не се отвори
целосно и продолжете да го
туркате уште 2 секунди.
5. Повторете го истото за секој прозорец.Греење на задното стакло
Се користи со притискање на b
заедно со страничните
ретровизори со греење.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Во зависност од системот за
контрола на климатизацијата, b се
наоѓа на различно место.
Возила со систем за греење и
проветрување или систем за
климатизацијаВозила со електронски систем
за контрола на климатизацијата
Греење на
шофершајбната
Се користи со притискање на ,.
LED-сијаличката во копчето
светнува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Во зависност од системот за
контрола на климатизацијата, ,
се наоѓа на различно место.
Page 48 of 323

46Клучеви, врати и прозорциВозила со електронски систем
за контрола на климатизацијата
Возила со систем за
климатизација
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
На задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.
Ролетни со валциЗа да се намали сончевата
светлина на вториот ред седишта,
повлечете ја ролетната угоре
користејќи ја дршката и заглавете
ја на врвот од рамката на вратата.
Page 49 of 323

Клучеви, врати и прозорци47Покрив
Стаклена плоча
Ролетна
Нежно притиснете го N на првиот
степен назад: ролетната се отвора
додека се држи прекинувачот.
Силно притиснете го N на вториот
степен, па ослободете го назад:
ролетната се отвора додека се
држи прекинувачот.
Нежно притиснете го N на првиот
степен напред: ролетната се
затвора додека се држи
прекинувачот.
Силно притиснете го N на вториот
степен, па ослободете го напред:
ролетната се затвора додека се
држи прекинувачот.
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање
ролетната наиде на отпор, таа
веднаш се запира и се отвора
повторно.
Функција за подготвеност
Во положбата 1 на прекинувачот за
палење може да се ракува со
ролетната 3 154.
Стартување по прекин во
електричното напојување
По прекин во електричното
напојување, со ролетната може да
се работи само до одреден опсег.
Иницијализирајте го системот на
следниов начин:1. Свртете го клучот во прекинувачот за палење во
положба 1.
2. Нежно притиснете го N
двапати на првиот степен назад и ролетната се отвора малку.
3. Веднаш нежно притиснете го N двапати на првиот степен
напред и ролетната се затвора
малку.
По чекорот 3, ролетната е во
режимот за иницијализација
без безбедносната функција.
4. Нежно притискајте го N на
првиот степен назад додека
ролетната не се отвори
целосно.
5. Нежно притискајте го N на
првиот степен напред додека
ролетната не се затвори
целосно.
По оваа постапка, ролетната е
иницијализирана со активна
безбедносна функција.
Кога N ќе се притисне цврсто до
вториот степен за време на
иницијализирањето, постапката се
откажува.
Page 50 of 323

48Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................48
Предни седишта .........................49
Положба на седиштата ...........49
Рачно прилагодување на седиштето ............................... 50
Електрично местење на седиштето ............................... 53
Потпирач за рака .....................55
Греење ..................................... 55
Проветрување .......................... 55
Задни седишта ........................... 56
Потпирач за рака .....................56
Греење ..................................... 56
Безбедносни ремени .................56
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........58
Систем на воздушни
перничиња .................................. 60
Систем на предни воздушни перничиња ............................... 64
Систем на странични воздушни перничиња .............64Систем на завесни воздушни
перничиња ............................... 65
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 66
Системи за врзување на деца ..67
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 70Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката