OPEL INSIGNIA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2014.5Pages: 361, PDF Size: 9.11 MB
Page 211 of 361

Возење и ракување209
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот по
нагорнини зависат од брзината на
возилото, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
Page 212 of 361

210Возење и ракување
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 132.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Контролната сијаличка A укажува
кога има возило напред.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135 или
да не е исклучено со копчето V
(зависно од системот, видете
подолу).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
■ Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 201.
■ Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
кај возилата без контрола на
патувањето или само со
традиционална контрола на
патувањето 3 198.
Page 213 of 361

Возење и ракување211
Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем Системот го користи радарскиот
сензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење, доколку поставката Auto
Collision Preparation (Автоматска подготовка за судир) не е
деактивирана во изборникот за приспособување кон
индивидуалните потреби 3 135.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави
на блиску, средно или далеку.
Притиснете го копчето E,
моменталната поставка се
прикажува на Информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето E повторно за да ја
смените чувствителноста на
предупредувањето. Поставката е
прикажана и на Информативниот
центар за возачот.Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето 3 201. Затоа,
менувањето на чувствителноста на навременоста на
предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Известување на возачот
Зелената контролна сијаличка за
возило напред A се пали и свети
во групата инструменти кога
Page 214 of 361

212Возење и ракување
системот ќе открие возило на
патеката за возење. Контролната
сијаличка A се менува во жолто
кога растојанието до возило во
движење напред премногу се
намалува, или премногу бргу се приближувате кон друго возило.
Истовремено, во информативниот
центар за возачот се појавва
предупредувачки симбол за судар.
Ако сударот е извесен, се огласува предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Предупредување за преден
судир врз основа на предна камера
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возило директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзини над 40 км/ч, доколку не е
исклучено со копчето V, видете
подолу.Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете го копчето V,
моменталната поставка се
прикажува на Информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето V повторно за да ја
смените чувствителноста на
предупредувањето.
Page 215 of 361

Возење и ракување213
Известување на возачот
Зелената контролна сијаличка за
возило напред A се пали и свети
во групата инструменти кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење.
Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него
премногу ќе се намали, или кога
премногу бргу се приближувате кон
друго возило и претстои судар, во
информативниот центар за
возачот се појавува сумбол за
предупредување.
Истовремено, се огласува и
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го копчето V
повеќепати додека не се појави
Forward Collision Alert Off (Искл.
предупредување за преден судир)
на Информативниот центар за
возачот.Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Page 216 of 361

214Возење и ракување
Системски ограничувања
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот може да се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци,
■ кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег,
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната.
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возилото во
движење напред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот задрешетката на ладилникот или
предната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред во вашата патека.
Активно е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило што е
напред, растојанието е прикажано
во секунди, прикажани на страница на Информативниот центар за
возачот 3 122.
На екранот од основно ниво,
поставете Settings (Поставки)
X со копчето Изборник и
изберете Following distance
indication (Показател на растојание
однапред) со тркалцето за
местење на рачката за трепкачите
3 122.
На екранот од средно или горно
ниво, изберете го изборникот Info
(Информации) и притиснете o за
да изберете Following distance
indication (Показател за растојание
однапред) 3 122.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе бидат прикажани две црти: -.- s.
Ако е активна приспособливата
контрола на патувањето, на оваа
страница се покажува поставката
за оддалеченост за следење
3 201.
Page 217 of 361

Возење и ракување215Активно итно сопирање
Активното итно сопирање може да
помогне да се намали штетата од
судири со возила и пречки
директно напред, кога судирот веќе не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење. Пред да
се активира итното сопирање,
возачот добива предупредување
за преден судир 3 210.
Карактеристиката користи разни
информации (на пр., од радарски
сензор, притисокот на
сопирачките, брзината на
возилото) за да ја пресмета
веројатноста за преден судир.
Активното итно сопирање работи
автоматски при брзина поголема
од брзина на одење, доколку
поставката Auto Collision
Preparation (Автоматска подготовка за судир) не е
деактивирана во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 135.Системот вклучува:
■ Систем за подготовка на
сопирачките
■ Итно автоматско сопирање
■ Предно серво сопирање9 Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговите
функции се ограничени само на
дополнителна употреба.
Возачот треба да ја притиска
педалата на сопирачките
додека бараат условите на
возењето.
Систем за подготовка на
сопирачките Кога се приближувате до возило
напред толку бргу што е веројатен судир, системот за подготовка на
сопирачките малку го зголемува
притисокот врз сопирачките. Тоа го
намалува времето на реакција,
кога е потребно рачно или
автоматско сопирање.
Системот на сопирачките се
подготвува така што сопирањето
може да биде побрзо.
Итно автоматско сопирање
По подготвувањето на сопирачките и токму пред судирот, функцијата
автоматски активира ограничено
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот.
Под брзина од 18 км/ч системот
може да примени целосно
сопирање.
Предно серво сопирање
Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно
серво сопирање го прави сервото почувствително. Затоа, помалку
силно нагазнување на педалата на
сопирачките резултира со
моментално нагло сопирање. Оваа
функција помага возачот да сопре
побрзо и посилно пред очекуван
судир.
Page 218 of 361

216Возење и ракување9Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да активира силно
самостојно сопирање или
автоматски да избегне судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира за
сопрени возила, пешаци или
животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го открие следното возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба
постојано да биде подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири. Системот е конструиран да
работи со сите патници со
врзани безбедносни ремени.
Системски ограничувања
Активното итно сопирање има
ограничена или никаква
функционалност на дожд, снег и многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да е
прекриен со слој вода, земја, мраз
или снег. Во случај на блокирање
на сензорот, исчистете го капакот
на сензорот.
Во извесни случаи, активното итно
сопирање може да даде
автоматско сопирање во ситуации
што изгледаат непотребни, на
пример во паркинг гаражи, поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е нормална работа, на возилото не
му треба сервисирање. Цврсто притиснете ја педалата за гас за да
го исклучите автоматското
сопирање.
Поставки
Поставката може да се смени во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби на инфо-екранот во боја.Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја 3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.
Дефект
Во случај на потреба за
сервисирање на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Page 219 of 361

Возење и ракување217
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 132.
Помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задна помош за
паркирање
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува пораки.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Page 220 of 361

218Возење и ракување
Кога се вози нанапред со мала
брзина, предната помош за
паркирање може да се активира и
со кратко притискање на копчето за
помош за паркирање r.
Штом ќе се притисне кочето r
при циклус на палење, предната
помош за паркирање секогаш
повторно се активира кога
брзината на возилото ќе опадне
под одредена вредност.
Укажување
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред или зад
возилото. На откривањето пречки
укажуваат писоци што се
огласуваат од предната или
задната страна на возилото
соодветно. Интервалот меѓу
писоците станува покус како што
возилото се приближува до
пречката. Кога растојанието е
помало од 30 см, се огласува
постојан тон.
На растојанието до предна или
задна пречка укажуваат
променливи линии за растојание
околу возилото.
Страницата за помош за
паркирање на екранот може да се скрие од пораки за возилото со
повисок приоритет. Ако страницата за помош за паркирање ја
пребрише порака за возилото,
оддалеченоста веќе не се
покажува до повторното
активирање на помошта за
паркирање.
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притиснување на копчето r.
Сијаличката во копчето ќе се
изгасне и Park Assist Off (помошта
при паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот.
Системот се исклучува автоматски
над одредена брзина.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори
прекриени со снего, светнува r
или се прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 132.