OPEL INSIGNIA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2014.5Pages: 361, PDF Size: 9.11 MB
Page 31 of 361
Клучеви, врати и прозорци29
Копчиња за централнатабрава
Заклучување и отклучување на сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на облогата на возачката врата.
Притиснете го копчето e
за
заклучување.
Притиснете го копчето c за
отклучување.
Дефект на уредот на
далечинскиот управувач или
на системот на електронскиот клуч
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката за полнење
на резервоарот. Кога ќе се вклучи
палењето, се исклучува системот
за заштита од кражба.
Рачно заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат. За
да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 37.
Рачно заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да
се заклучат.
Page 32 of 361
30Клучеви, врати и прозорциАвтоматско заклучувањеАвтоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може
да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога е во мирување по возење,
возилото ќе се отклучи автоматски
штом се извади клучот од
прекинувачот за палење, или со
системот на електронски клуч кога
палењето е исклучено.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle ( Возило) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 25.
Автоматско повторно
заклучување по
отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не била отворена.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското
повторно заклучување може да се
постави во изборникот Settings
(Поставки) , I Vehicle (Возило) на
инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 25.
Пасивно заклучување
Кај возилата со систем на
електронски клуч, оваа функција го
заклучува возилото автоматски по
неколку секунди ако електронскиот клуч претходно бил препознаен во
возилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во внатрешноста.
Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да се дозволи и се огласува
предупредувачки тон трипати.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Пасивното заклучување може да
се исклучи со притискање на c
неколку секунди додека една врата
Page 33 of 361
Клучеви, врати и прозорци31
е отворена. Останува исклучено
додека не се притисне e или не се
вклучи палењето.
Активирањето или
деактивирањето на пасиното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle ( Возило) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 129.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Поставката може да се зачува за далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 25.Брави за деца9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете ја детската брава во задната врата во
хоризонтална положба. Вратата не може да се отвори однатре. За
деактивирање свртете ја детската
брава во вертикална положба.
Врати
Товарен простор
Задна врата Отворање
Хечбек со 5 врати, Sports Tourer,
Country Tourer
По отклучувањето, повлечете го
копчето под лентата на задната
врата и отворете ја задната врата
рачно.
Лимузина со 4 врати
Page 34 of 361
32Клучеви, врати и прозорци
Притискајте го копчето x на
далечинскиот управувач додека
задната врата не се отвори
автоматски или притиснете го
копчето под лентата на задната
врата по отклучувањето.
Централна брава 3 26.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не го повлекувајте копчето под
лентата додека затворате, бидејќи
тоа ќе ја отклучи задната врата
повторно.
Централна брава 3 26.
Електрична задна врата9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната задна врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Внимавајте многу на
подвижната задна врата кога
работите со неа. Уверете се
дека ништо не се приклешти за време на ракувањето и никој не
стои во пределот на движењето.
Со електричната задна врата се ракува со:
■ Копче за контрола на далечинскиот управувач x
■ Прекинувачот G во облогата
на возачката врата
■ Прекинувачот на допирање и копчето G во задната врата.
Кај возилата со автоматски пренос,
со задната врата може да се ракува само кога возилото е во мирување
и автоматскиот менувач е во P.
Page 35 of 361
Клучеви, врати и прозорци33
Задните светла трепкаат и се
огласува мелодија кога работи електричната задна врата.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата не ја опслужува
централната брава. За отворање
на задната врата со далечинскиот
управувач, не е потребно да се
отклучи возилото. Прво отклучете го возилото кога ракувате со
прекинувачот на допирање или
прекинувачот во возачката врата.
Заклучете го возилото по
затворањето.
Централна брава 3 26.Ракување со далечинскиот
управувач
Притиснете го и држете го копчето
x додека задната врата не почне
да се отвора или затвора.
Ракување со прекинувачот во
возачката врата
Притиснете го и држете го копчето
G додека задната врата не почне
да се отвора или затвора.
Page 36 of 361
34Клучеви, врати и прозорци
Ракување со прекинувачите во
задната врата
За да се отвори задната врата,
притиснете ја допирната подлога
под лентата на задната врата
додека задната врата не почне да
се движи.
За да се затвори, притискајте го
копчето G во отворената задна
врата додека таа не почне да се
движи.
Запрете го движењето или сменете ја насоката на истото
Со притискање на копчето x на
далечинскиот управувач, на G
на задната врата или со притисок на допирната подлога додека
задната врата се движи, задната
врата ќе се сопре во моменталната
положба. Притиснувањето на
копчето x или G повторно ќе ја
смени насоката на движењето.
Режими на ракувањето
Електричната задна врата има три
режима на ракувањето нив ги
контролира прекинувачот во
возачката врата. За да се смени
режимот, свртете го прекинувачот:
■ Нормален режим MAX:
електричната задна врата се
отвора до целосната височина
■ Среден режим 3/4: електричната
задна врата се отвора до
намалена височина којашто
може да се намести
■ Режимот Off: со задната врата
може да се ракува само рачно.
Page 37 of 361
Клучеви, врати и прозорци35
Наместете ја намалената височина
при отворањето во средниот
режим
1. Свртете го прекинувачот за работниот режим на 3/4.
2. Отворете ја електричната задна врата со било кој
прекинувач за ракување.
3. Запрете го движењето во саканата височина со
притиснување на било кој
прекинувач за ракување. Ако е
потребно, рачно поместете ја
запрената задна врата во
саканата положба.4. Притиснете го и држете го копчето од внатрешната страна
на отворената задна врата
3 секунди.
Забелешка
Прилагодувањето на висината на
отворањето треба да се
програмира на рамно.
Звук на мелодија укажува на
новата поставка и надворешните
задни светла ќе трепнат ако
задната врата е под агол на
отворање помал од 30°.
Кога се врти тркалцето за местење во возачката врата на средниот
режим 3/4, електричната задна
врата ќе престане да се отвара во
новопоставената положба.
Задната врата може да се држи
отворена само ако е над
минималната височина (најмал
агол на отворање од 30°).
Височината при отворањето не може да се програмира под таа
височина.Безбедносна функција
Ако електричната задна врата
наиде на пречка за време на
отворањето или затворањето,
насоката на движењето
автоматски ќе се смени малку.
Повеќе пречки во еден електронски циклус ќе ја деактивираат
функцијата. Во тој случај,
затворете ја или отворете ја
задната врата рачно.
Електричната задна врата има
сензори за приклештување од
страничните рабови. Ако
сензорите приметат пречки помеѓу
задната врата и шасијата, задната
врата ќе се отвора додека не се
активира повторно или не се
затвори рачно.
На безбедносната функција
укажува предупредувачка
мелодија.
Отстранете ги сите пречки пред да
се врати обичното електронско
работење.
Page 38 of 361
36Клучеви, врати и прозорци
Ако возилото е опремено со
фабрички монтирана опрема за
влечење и приклучена е приколка,
електричната задна врата може да се отвори само со прекинувачот на
допирање или да се затвори со копчето G во отворената задна
врата. Уверете се дека нема пречки во пределот на движењето.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата проверете дали има
некои пречки во горниот дел, на пример вратата од гаражата, соцел да се избегне оштетување
на задната врата. Секогаш
проверувајте ја движечката
површина над и зад задната
врата.
Забелешка
Електрична задна врата: Ако
кревачите на отворената задна
врата изгубат притисок, задната
врата паѓа малку, а потоа
системот ја сопира. Потоа
задната врата ќе се отвора и
затвора на електричен погон. За
тоа време задните светла
трепкаат и се огласува мелодија.
По затворањето, со задната врата
не може да се ракува додека не се сервисира.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата се исклучува при
низок напон на акумулаторот. Во
тој случај, со задната врата не
може да се ракува ни рачно.
Забелешка
Кога е исклучена електричната
задна врата и сите врати се
отклучени, со задната врата може
да се ракува само рачно. Во тој
случај, рачното затворање на
задната врата бара значително
поголема сила.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Page 39 of 361
Клучеви, врати и прозорци37Безбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е можно со копчето на централната брава
во патничкиот простор.
Активирање
Далечински управувач или
електронски клуч: притиснете го e
двапати во рок од 5 секунди.
Систем за тревожење
при кражба Системот за тревожење при
кражба го содржи системот за
заштита од кражба и работи
поврзано со него.
Ги надгледува:
■ Вратите, задната врата, хаубата■ Патничкиот простор вклучувајќи го соседниот товарен простор
■ Наклонетоста на возилото, на пр. ако е кренато
■ Палење
Активирање
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
■ Далечински управувач: се активира сам 30 секунди откако
ќе се заклучи возилото со еден
притисок на e.
■ Систем на електронски клуч: се активира сам 30 секунди откакоќе се заклучи возилото со
притискање на копче на некоја од рачките на вратите однадвор.
Page 40 of 361
38Клучеви, врати и прозорци
■ Далечински управувач илиелектронски клуч: директно со
притискање на e двапати во рок
од 5 секунди.
■ Системот на електронски клуч со
вклучено пасивно заклучување:
накратко се активира откако ќе
дојде до пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Активирање без
надгледување на патничкиот
простор и наклонетоста на
возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете го копчето o.
Сијаличката во копчето o
свети најмногу 10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.