Надворешни уреди67
Инфозабавниот систем може да ги
репродуцира следните аудио и
филмски датотеки зачувани на
надворешни уреди.
Аудио фајлови
Формати на аудио датотеки што
можат да се репродуцираат се
.mp3, .wma, .аас, .m4а и .aif.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Филмски фајлови
Формати на филмски датотеки што
може да се репродуцираат се
.avi, .mpg, .mp4, .xvid и .wmv.
Се поддржуваат и вообичаени
аудио и видео комбинации за
мобилни уреди.
Репродукција на звукЗапочнување репродукција
Доколку не е поврзан, поврзете го
уредот 3 64.Притискајте го копчето MEDIA за
да го активирате саканиот
мултимедијален извор.
На пример: главен изборник за
USB.
Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се
достапни.
Паузирање на репродкцијата
Изберете го екранското копче = за
паузирање на репродукцијата.
Изберете го екранското копче l за
продолжување со репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете ги копчињата t или v
за репродукција на претходната
или следната песна.
Или пак, вртете го копчето MENU
за да преминете на претходните или следните песни.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени копчињата
t или v за премотување назад
или напред.
Функција за прелистување Забелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за AUX и Bluetooth, како
извори на медиум.