OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2015Pages: 361, PDF Size: 9.11 MB
Page 121 of 361

Инструменти и контроли119Систем за контрола на
притисокот во гумите
w свети или трепка жолто.
Свети Губење на притисокот во гумата.
Застанете веднаш и проверете го
притисокот во гумата.
Трепка
Дефект во системот или гума
без монтиран сензор за притисок
(на пр. резервно тркало). По
60-90 секунди контролната
сијаличка свети непрекинато.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Притисок на моторното
масло
I свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.Свети додека работи моторотВнимание
Може да е прекинато
подмачкувањето на моторот.
Тоа може да резултира со
оштетување на моторот и/или
закочување на погонските
тркала.
1. Притиснете го куплунгот.
2. Ставете во лер, наместете ја рачката на менувачот во N.
3. Иставете го возилото од сообраќајниот тек колку е
можно побрзо без попречување
на другите возила.
4. Исклучете го палењето.
9 Предупредување
Кога моторот е изгаснат,
потребна е значително
поголема сила за сопирање и за
управување. За време на
Autostop, серво-уредот на
сопирачките сеуште работи.
Не вадете го клучот додека
возилото е во мирување, инаку
може неочекувано да се заклучи
воланот.
Проверете го нивото на маслото
пред да побарате помош од
автомеханичар 3 250.
Ниско ниво на гориво
i или Y свети или трепка жолто.
Свети
Нивото во резервоарот за гориво е
прениско.
Трепка
Горивото е истрошено. Наполнете гориво веднаш. Никогаш не
дозволувајте резервоарот да се испразни докрај.
Катализатор 3 182.
Цедење на системот за дизел
гориво 3 257.
Page 122 of 361

120Инструменти и контролиИмобилизатор
d трепка жолто.
Дефект во системот на
имобилизаторот. Моторот не може
да се запали.
Autostop
D свети кога моторот е во Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 178.
Надворешно светло 8 свети зелено.
Надворешните светла се запалени
3 141.
Долго светло
C свети сино.
Свети кога долгото светло е
запалено или за време на
аблендирањето 3 143.
Помош за долго светло l Свети зелено.Активирана е помошта за долго
светло, видете во
приспособливото предно светло
3 145.
Приспособливо предно
светло f свети или трепка жолто.
Свети
Дефект во системот.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Трепка
Системот е префрлен на
симетричното средно светло.
Контролната сијаличка f трепка
околу 4 секунди откако ќе се вклучи
палењето како потсетник за
симетричното предно светло
3 144.
Фар за магла
> свети зелено.Предните фарови за магла се
запалени 3 149.
Заден фар за магла
r свети жолто.
Задниот фар за магла е запален 3 149.
Контрола на патувањето
m се пали во бело или зелено.
Свети бело Системот е вклучен.
Свети зелено
Активна е контролата на
патувањето. Одредената брзина е
прикажана на екранот од средно
или горно ниво до симболот m.
Контрола на патувањето 3 199.
Приспособлива контрола на патувањето
C или m светнува бело или зелено.
Page 123 of 361

Инструменти и контроли121
Свети белоСистемот е вклучен.
Свети зелено
Активна е приспособливата
контрола на патувањето.
Одредената брзина е прикажана
кај симболот C или m.
Приспособлива контрола на
патувањето 3 202.
Откриено е возило
напред
A свети зелено или жолто.
Свети зелено
Откриено е возило напред во
истата лента.
Свети жолто
Растојанието меѓу возилото и
возило во движење пред него
премногу се намалува, или
премногу бргу се приближувате кон
друго возило.Предупредување за преден судар
3 210, Приспособлива контрола на
патувањето 3 202.
Ограничувач на
брзината
L се пали во бело или зелено.
Свети бело Системот е вклучен.
Свети зелено
Ограничувачот на брзината е
активен. Одредената брзина е
прикажана кај симболот L.
Ограничувач на брзината. 3 200.
Помошник за
сообраќајни знаци
L ги прикажува откриените
сообраќајни знаци како контролен
показател.
Помош со сообраќајни знаци
3 230.Отворена врата
h свети црвено.
Отворена е некоја врата или
задната врата.
Page 124 of 361

122Инструменти и контролиИнформативни екрани
Информативен центар за
возачот
Информативниот центар за
возачот (DIC) се наоѓа во групата
инструменти.
Зависно од верзијата и групата
инструменти, Информативниот центар за возачот е достапен како
екран од основно ниво, екран од
средно ниво или екран од горно
ниво.
DIC покажува, зависно од
опремата:
■ вкупна и дневна километража
■ информации за возилото
■ информации за патувањето/ горивото
■ информации за економичноста
■ информации за перформансите
■ пораки за возилото и за предупредување
■ информации за звукот и за инфозабавата■ информации за телефонот
■ информации за навигацијата
■ поставки на возилото
Екран од основно ниво
Страниците на изборникот на
екранот од основно ниво се
избираат со притискање на копчето MENU на рачката за трепкачите.
Симболите за главниот изборник
се покажани во горниот ред на
екранот:
■ W Информативен изборник
■ X Изборник за поставки
■ s Изборник за економичност
Некои од функциите на екранот се
разликуваат помеѓу возењето и
мирувањето на возилото, и некои
функции се активини само кога
возилото се вози.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Меморизирани поставки 3 25.
Одбирање изборници и функции
Изборниците и функциите може да
се изберат преку копчињата на
рачката за трепкачите.
Page 125 of 361

Инструменти и контроли123
Притиснете го копчето MENU да се
префрлувате помеѓу главните
изборници или да се вратите од
подизборник на следното повисоко ниво на изборниците.
Вртете го тркалцето за местење за
да изберете потстраница на
главниот изборник или за да
одредите бројчена вредност.
Притискајте го копчето SET/CLR за
избирање и потврдување
функција.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на DIC
ако е потребно. Потврдувајте ги
пораките со притискање на копчето
SET/CLR . Пораки за возилото
3 133.
Екран од средно и од горно
ниво
Изборните страници се покажуваат
со притискање на копчето p на
воланот. Притиснете
Q или P за да изберете изборник,
притиснете 9 за да потврдите.
Достапни изборни страници се:
■ Информативен изборник
■ Изборник за перформанси
■ Изборник за звук
■ Изборник за телефон
■ Изборник за навигација
■ Изборник за поставки
Некои од прикажаните функции се
разликуваат кога возилото се вози
или е во мирување. Некои функции
се достапни само кога возилото се
вози.
Групата инструменти од горно ниво може да се прикаже како Спортски
или Патен режим. Видете подолу:
Изборник за поставки, Теми на
екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 135.
Меморизирани поставки 3 25.
Одбирање изборници и функции
Изборниците и функциите може да
се избираат со копчињата од
десната страна на воланот.
Притиснете p за да ја отворите
страницата на главниот изборник.
Page 126 of 361

124Инструменти и контроли
Изберете ја страницата на
главниот изборник со Q или P.
Потврдете ја страницата на
главниот изборник со 9.
Штом ќе се избере страница на
главниот изборник, притиснете го
Q или P за да изберете
потстраници.
Притиснете го q за да отворите
следна папка на избраната
потстраница.
Притиснете Q или P за да бирате
функции или да поставувате
бројчени функции, ако треба.
Притискајте го копчето 9 за
избирање и потврдување
функција.
Ако Информативниот центар за
возачот (DIC) бара возачот да
потврди функција или порака со
притискање на H (Избор),
потврдете со притискање на 9.
Штом ќе се избере страница на
главниот изборник, овој избор
останува мемориран додека не се
избере друга страница на главниот
изборник. Тоа значи дека кога ќе сеизбере страницата на
Информативниот изборник,
можете да ги менувате
потстраниците само со притискање на P или Q.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на DIC
ако е потребно. Потврдувајте ги
пораките со притискање на копчето
9 . Пораки за возилото 3 133.
Информативен изборник
Следнава листа ги содржи сите можни страници на Info Menu
( Инфо изборникот). Некои може да
не се достапни за Вашиот модел на возилото. Зависно од екранот,
некои функции се симболизирани.
Вртете го копчето за местење или
притиснете Q или P за да
изберете страница:
■ Дневна километража 1/А Просечна потрошувачка
Просечна брзина
■ Дневна километража 2/Б
Просечна потрошувачка
Просечна брзина■ Дигитална брзина
■ Досег на горивото
■ Досег на горивото, верзија LPG
■ Моментална потрошувачка
■ Преостанат работен век на маслото
■ Притисок во гумите
■ Ниво на бензинот Ниво на ТНГ
■ Темпирање
■ Потрошено гориво
■ Помош со сообраќајни знаци
■ Оддалеченост за следење
■ Температура на средството за ладење
■ Напон во батериите
■ Еко-страница: Најголеми потрошувачи
■ Економичен тренд
■ Еко-индекс
■ Температура на маслото
■ Притисок на маслото
■ Турбо засилување
Page 127 of 361

Инструменти и контроли125
■ Температура на течноста запреносот
■ Показател на Г-силата
■ Празна страница
На екранот од основно ниво,
страниците „Преостанат век на
маслото, „Притисок на гумите“,
„Помошник за сообрќајни знаци“ и
„Показател на оддалеченоста за
следење“ се прикажани на Settings
Menu (Изборник за поставки) X.
Изберете со притискање на
копчето Menu.
На екранот од основно ниво,
страниците „Најголеми
потрошувачи“, „Економичен
тренд“ и „Еко-индекс“ се прикажани
во Eco Menu (Еко-изборник) s.
Изберете со притискање на
копчето Menu.
Дневна километража 1/А и 2/Б
Дневната километража го
прикажува моменталното
растојание од одредено
препоставување.Дневната километража брои до
растојание од 2000 км, па почнува
пак од 0.
За да ресетирате на екранот од
основно ниво, притиснете го
копчето SET/CLR неколку секунди,
на екранот од средно и горно ниво, притиснете > и потврдете со 9.
Информациите на страниците за
дневната километража 1/А и 2/Б
може да се ресетираат посебно за
километражата, просечната
потрошувачка и просечната брзина
додека е активен соодветниот
екран.
Average consumption (просечна
потрошувачка)
Прикажување на просечната
потрошувачка. Мерењето може да
се препостави кога било и почнува
со основната вредност.
За да ресетирате на екранот од
основно ниво, притиснете го
копчето SET/CLR неколку секунди,
на екранот од средно и горно ниво,
притиснете > и потврдете со 9.Кај возилата со мотори на ТНГ,
просечната потрошувачка се
покажува за моментално
избраниот режим, ТНГ или бензин.
Average speed (просечна брзина)
Прикажување на просечната
брзина. Мерењето може да се
препостави во кое било време.
За да ресетирате на екранот од
основно ниво, притиснете го
копчето SET/CLR неколку секунди,
на екранот од средно и горно ниво,
притиснете > и потврдете со 9.
Digital speed (дигитална брзина)
Дигитално прикажување на
моменталната брзина.
Досег на горивото
Досегот се пресметува според
моменталната содржина на
резервоарот за гориво и тековната потрошувачка. Екранот прикажува
просечни вредности.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.
Page 128 of 361

126Инструменти и контроли
Кога нивото на горивото во
резервоарот е ниско, се појавува
порака на екранот и контролната
сијаличка i или Y на мерачот за
гориво светнува.
Кога резервоарот треба да се
наполни веднаш, се појавува
предупредувачка порака и
останува не екранот.
Дополнително, контролната
сијаличка i или Y во мерачот
трепка 3 119.
Досег на горивото, верзија LPG
Приказ на приближниот досег со преостанатото гориво во секој од
резервоарите за бензин и LPG,
заедно со вкупниот досег со двата
типа гориво. Менувајте меѓу
режимите притискајќи го копчето
SET/CLR или 9.
Instantaneous consumption
(моментална потрошувачка)
Екран на моменталната
потрошувачка.Кај возилата со мотори на ТНГ, моменталната потрошувачка се
покажува за моментално
избраниот режим, ТНГ или бензин.
Преостанат работен век на
маслото
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројот во проценти го покажува преостанатиот век намаслото 3 111.
Притисок во гумите
Го проверува притисокот во гумите на сите тркала при возењето
3 279.
Ниво на бензин/Ниво на ТНГ
Го прикажува нивото за горивото
што се користи во моментот
(бензин или ТНГ). Посебен групен
мерач на DIC го покажува нивото
на горивото што се користи во
моментот.
Timer (темпирање)
За да почнете или сопрете,
притиснете 9. За да ресетирате,
притиснете > и потврдете го
ресетирањето.Потрошено гориво
Го покажува потрошеното гориво
од одредено време. За да
ресетирате, притиснете > и
потврдете го ресетирањето.
Помош со сообраќајни знаци
Ги прикажува откриените
сообраќајни знаци за
моменталната делница на
маршрутата 3 230.
Оддалеченост за следење
Ја прикажува оддалеченоста до
возилото што е напред во секунди
3 214. Ако е активна
приспособливата контрола на
патувањето, на оваа страница се
покажува поставката за
оддалеченост за следење.
Температура на средството за
ладење
Ја прикажува температурата на
течноста за ладење.
Напон во батериите
Го прикажува напонот на
акумулаторот.
Page 129 of 361

Инструменти и контроли127
Најголеми потрошувачи
Прикажан е список на најголемите
моментално вклучени
потрошувачи за удобност по
надолен ред. Укажан е
потенцијалот за штедење гориво.
Исклучен потрошувач исчезнува
од списокот и вредноста на
потрошувачката се ажурира.
При променливи услови за возење, моторот ќе го вклучи
одмаглувањето на задното стакло
автоматски за да ја зголеми
оптовареноста на моторот. Во тој
случај, одмаглувањето на задното
стакло е означено како еден од
најголемите потрошувачи, без
активирање од возачот.
Економичен тренд
Го прикажува развојот на
просечната потрошувачка за
растојание од 50 км. Поцрнетите
сегменти ја прикажуваат
потрошувачката во чекори од 5 км
и прикажано е влијанието на
топографијата или начинот на
возење врз потрошувачката.Индекс на економичност
Моменталната потрошувачка на
гориво е покажана со економичен
размер. За економично возење,
приспособете го стилот на
возењето за да остане показателот во рамките на подрачјето Есо.
Показател надвор од Еко-
подрачјето значи поголема
потрошувачка на горивото. На
екранот од основно ниво се
прикажува вредноста на
моменталната потрошувачка.
Показател за менување брзина : На
екранот од основно ниво
моменталната брзина е покажана
во стрелка. Бројката над неа
препорачува ставање во поголема
брзина поради штедење гориво.
Температура на маслото
Ја прикажува температурата на
маслото во Целзиусови степени.
Притисок на маслото
Го прикажува притисокот на
маслото во kPa.Засилување на моторот
Го прикажува моменталното турбо
засилување во проценти.
Температура на течноста за
преносот
Ја прикажува температурата на
течноста за преносот во
Целзиусови степени.
Показател на Г-силата
Ја покажува силата на
перформансите на возилото.
Количеството на позитивна/
негативна надолжна сила се
прикажува на оската y;
страничната сила се прикажува на
оската x. Вредноста на Г-силата се
пресметува и се прикажува како
бројчена вредност.
Празна страница
прикажува празна страница без
информации.
Изборник за перформанси
Изборникот за перформанси може
да се види само на екранот од
горно ниво.
Page 130 of 361

128Инструменти и контроли
Следнава листа ги содржи сите
можни страници на Performance
Menu (Изборникот за
перформанси). Некои може да не
се достапни за Вашиот модел на
возилото.
Притиснете Q или P за да
изберете страница:
■ Показател на Г-силата
■ Меур на триење
■ Забрзување и сопирање
■ Турбо засилување
■ Температура на маслото
■ Притисок на маслото
■ Напон во батериите
■ Температура на течноста за преносот
Зависно од поставките на екранот
од горно ниво, се прикажуваат и „Температура на маслото“,
„Притисок на маслото“, „Напон во
батериите“ или „Температура на
течноста за преносот“ лево или
десно од брзиномерот.Показател на Г-силата
Ја покажува силата на
перформансите на возилото. Се
прикажуваат количеството на
позитивна/негативна надолжна
сила и на страничната сила.
Вредноста на Г-силата се
пресметува и се прикажува како
бројчена вредност.
Меур на триење
Визуелен преглед со четири
квадранти што ги покажуваат
четирите агли на автомобилот со
„меур“ што покажува каде има
најголема инерција за возилото.
Забрзување и сопирање
Прикажува процент на притискање
на сопирачките или гасот од страна на возачот како графикон со црти
околу надворешната обиколка на
подрачјето на DIC. Левата страна е за гасот, а десната за сопирачките.
Засилување на моторот
Го прикажува моменталното
апсолутно количество турбо
засилување што се додава.Температура на маслото
Ја прикажува температурата на
маслото во Целзиусови степени.
Притисок на маслото
Го прикажува притисокот на
маслото во kPa.
Напон во батериите
Го прикажува напонот на
акумулаторот.
Температура на течноста за
преносот
Ја прикажува температурата на
течноста за преносот во
Целзиусови степени.
Изборник за звук Изборникот за звук овозможува
разгледување за музика, избирање
од омилени или менување на
изворот за звук.
Видете во прирачникот за
Инфозабавниот систем.