OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2016Pages: 371, PDF Size: 9.37 MB
Page 21 of 371

Накратко19Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
На Autostop укажува иглата во положба AUTOSTOP на
вртежомерот или контролната
сијаличка во групата инструменти.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
Page 22 of 371

20Накраткоќе светне контролната
сијаличка m 3 117.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на угорница,ставете во прва брзина или
поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на рамна
површина или на надолница,
ставете во рикверц брзина
или поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за
палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски менувач, клучот може да се извади само кога рачката наменувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото со
копчето e на далечинскиот
управувач.
Активирајте го системот за тревожење при кражба 3 36.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 262.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 21, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 261.
Page 23 of 371

Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Клучеви ..................................... 21
Картичка на автомобилот .......22
Далечински управувач ............22
Систем на електронскиот клуч .......................................... 23
Меморизирани поставки .........24
Систем на централната брава ....................................... 25
Автоматско заклучување ........29
Детски брави ............................ 30
Врати ........................................... 31
Товарен простор ......................31
Безбедност на возилото ............36
Систем за заштита од кражба ..................................... 36
Систем за тревожење при кражба ..................................... 36
Имобилизатор .......................... 39
Странични ретровизори ............40
Конвексен облик ......................40
Електрично местење ...............40
Преклопни прозорци ................ 40Ретровизори со греење ...........41
Автоматско затемнување ........41
Помош за паркирање ..............42
Ретровизори ............................... 42
Рачна заштита од отсјај ..........42
Автоматско намалување на отсјај ........................................ 42
Прозорци .................................... 43
Шофершајбна .......................... 43
Механички прозорци ...............43
Електрични прозорци ..............43
Греење на задното стакло ......46
Штитници за сонце ..................46
Ролетни со валци ..................... 46
Покрив ......................................... 46
Подвижен покрив .....................46Клучеви, заклучување
КлучевиВнимание
Не закачувајте тешки или
обемни елементи на клучот за
палење.
Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикета што се откачува.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 311, Далечински
управувач 3 22, Електронски клуч
3 23, Централна брава 3 25,
Палење на моторот 3 181.
Бројот на шифрата за адаптерот за
завртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Page 24 of 371

22Клучеви, врати и прозорциМенување на тркалата 3 299.
Клуч со дел што се преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста и затоа
треба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци на
возилото се потребни за да се
извршат извесни постапки.
Далечински управувач
Овозможува ракување со следниве функции со користење на
копчињата на далечинскиот
управувач:
● централната брава 3 25
● системот за заштита од кражба
3 36
● системот за тревожење при кражба 3 36
● задна врата 3 31
● електричните прозорци 3 43
● подвижниот покрив 3 46
● преклопувањето на ретровизорите 3 40
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 50 метри. Него може да го ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Замена на батеријата во
далечинскиот управувач
Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 25 of 371

Клучеви, врати и прозорци23
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач
По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Дефект
Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
● Дефект во далечинскиот управувач.
● Опсегот е надминат.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Често, повеќекратно работење
со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Рачно отклучување 3 25.Систем на електронскиот
клуч
Овозможува ракување без клуч со
следниве функции:
● централната брава 3 25
● задна врата 3 31
● вклучување на палењето и палење на моторот 3 181
Електронскиот клуч просто треба
да биде со возачот.
Освен тоа, електронскиот клуч има функција и на далечински
управувач 3 22.
Page 26 of 371

24Клучеви, врати и прозорциРакувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Забелешка
Не ставајте го електронскиот клуч во товарниот простор или пред
Info-Display.
Заменување на батеријата во
електронскиот кчуч
Заменете ја батеријата штом
системот веќе не работи правилно
или опсегот е намален. На
потребата од замена на батеријата
укажува порака во
Информативниот центар за
возачот 3 134.
Замена на батеријата, видете
„Далечински управувач“ 3 22.
Синхронизација на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч се
синхронизира автоматски при
секое стартување.Дефект
Ако со централната брава не може
да се работи или моторот не може
да се запали, причината може да
биде следното:
● Дефект на електронскиот клуч.
● Електронскиот клуч е надвор од опсегот на прием.
● Напонот на акумулаторот е слаб.
● Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање; тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
● Пречки од посилни радио бранови од други извори.
За да се отстрани причината на
дефектот, сменете ја положбата на
електронскиот клуч.
Рачно отклучување 3 25.Меморизирани поставки
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, следниве поставки
автоматски се меморираат во
уредот на далечинскиот управувач
или во електронскиот клуч:
● автоматска контрола на климатизацијата
● светла
● Инфозабавнен систем
● централната брава
● поставки на спортскиот режим
● поставки за удобност
Сочуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога ќе се вклучи палењето со мемориран
клуч со уред за далечинско
управување 3 179 или
електронски клуч 3 23.
Предуслов е Personalization by
Driver (Приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активирано во
личните поставки на
инфо-екранот. Тоа мора да се
Page 27 of 371

Клучеви, врати и прозорци25постави за секој уред за
далечинско управување или
електронски клуч што се користи.
Меморирани се и
прилагодувањата на возачкото
седиште и страничните
ретровизори, независно од
положбите на меморијата 3 55.
Електричното седиште автоматски
се придвижува кон зачуваната
позиција при отклучување и
отворање на возачката врата со
меморираниот далечински
управувач или електронски клуч и
Auto Memory Recall (Автоматско
повикување од меморијата) на
инфо-екранот е активирано.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Систем на централната брава
Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и вратичката на
резервоарот за гориво.Едно повлекување на внатрешната рачка од некоја врата ја отклучува
соодветната врата.
Повлекувањето на рачката уште
еднаш ја отвора вратата.
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски
се отклучува.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.Ракување со далечинскиот
управувач
Отклучување
Притиснете го c.
Режимот за отклучување може да
се постави во менито за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на
Информативниот екран во боја.
Може да се изберат две поставки:
Page 28 of 371

26Клучеви, врати и прозорци●Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
за гориво се отклучуваат со
притискање на c еднаш.
● Само вратата на возачот, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
гориво се отклучуваат со
притискање на c еднаш. За
отклучување на сите врати,
притиснете c двапати.
Изберете ја соодветната поставка во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се сочува за
далечинскиот управувач што се
користи. Меморизирани поставки
3 24.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го e.
Ако возачката врата не е правилно
затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Отклучување и отворање на
задната вратаЛимузина со 4 врати, Country
Tourer, Sports Tourer со електрична
задна врата
Притискајте го x кога ќе се
исклучи палењето додека задната
врата не се отвори автоматски.
Вратите остануваат заклучени.
Електрична задна врата 3 31.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Page 29 of 371

Клучеви, врати и прозорци27Ракување со системот на
електронскиот клуч
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу еден метар од страната на
соодветната врата.
Отклучување
Притиснете го копчето на некоја
надворешна рачка на вратите и
повлечете ја рачката.
Режимот за отклучување може да
се постави во менито за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на
Информативниот екран во боја.
Може да се изберат две поставки:
● Сите врати, товарниот простор
и вратичката на резервоарот
се отклучуваат со притискање
на копчето на некоја
надворешна рачка еднаш.
● Само возачката врата, товарниот простор и
вратичката на резервоарот се отклучуваат со притискање на
копчето на надворешната
рачка на возачката врата
еднаш. За отклучување на сите врати, притиснете го копчето
двапати.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се сочува за електронскиот клуч што се користи.
Меморизирани поставки 3 24.Заклучување
Притиснете копче на
надворешната рачка на некоја
врата.
Сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот се
заклучуваат.
Page 30 of 371

28Клучеви, врати и прозорциСистемот се заклучува само ако се
случи нешто од следново:
● Поминале повеќе од 5 секунди по отклучување.
● Копче на надворешна рачка било притиснато двапати во
рок од 5 секунди.
● Некоја врата била отворена, а потоа сите врати се затворени.
Ако возачката врата не е добро
затворена или електронскиот клуч
останува во возилото, а палењето
не е исклучено, нема да се дозволи заклучување и се огласува
предупредувачки тон трипати.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
вратите ќе се заклучат дури и ако
само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Отклучување и отворање на
задната врата
Задната врата и вратите можат да
се отклучат со притискање на
копчето под лентата на задната
врата кога има електронски клуч во
опсегот.Пасивно заклучување
Видете „Автоматско
заклучување“ 3 29.
Потврдување
Ракувањето со системот на
централната брава се потврдува
со предупредувачките трепкачи.
Копчиња за централната брава
Заклучување и отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на облогата на возачката врата.
Притиснете e за заклучување.
Притиснете c за отклучување.
Дефект на уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот клуч
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава c за да се
отклучат сите врати, товарниот
простор и вратичката за полнење
на резервоарот. Кога ќе се вклучи
палењето, се исклучува системот
за заштита од кражба.