OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2016Pages: 371, PDF Size: 9.37 MB
Page 31 of 371

Клучеви, врати и прозорци29Рачно заклучување
Рачно заклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат. За
да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 36.
Рачно заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата не може да
се заклучат.Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога е во мирување по возење,
возилото ќе се отклучи автоматски
штом се извади клучот од
прекинувачот за палење, или со
системот на електронски клуч кога
палењето е исклучено.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle ( Возило) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи 3 24.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не
била отворена.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското повторно заклучување може да сепостави во изборникот Settings
(Поставки) , I Vehicle (Возило) на
инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Page 32 of 371

30Клучеви, врати и прозорциПоставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 24.
Пасивно заклучување Кај возилата со систем на
електронски клуч, оваа функција го
заклучува возилото автоматски по
неколку секунди ако претходно бил
препознаен електронски клуч во возилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во внатрешноста.
Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да се дозволи и се огласува
предупредувачки тон трипати.
Ако имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
Пасивното заклучување може да
се исклучи со притискање на c
неколку секунди додека една вратае отворена. Останува исклучено
додека не се притисне e или не се
вклучи палењето.
Активирањето или
деактивирањето на пасиното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) ,
I Vehicle ( Возило) на инфо-екранот
во боја.
Информативен екран во боја
3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 24.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете ја детската брава во задната врата во
хоризонтална положба. Вратата не
може да се отвори однатре. За
деактивирање свртете ја детската
брава во вертикалната положба.
Page 33 of 371

Клучеви, врати и прозорци31Врати
Товарен простор
Задна врата Отворање
Хечбек со 5 врати, Sports Tourer,
Country Tourer
По отклучувањето, повлечете го
копчето под лентата на задната
врата и отворете ја задната врата
рачно.
Лимузина со 4 врати
Притискајте го x на
далечинскиот управувач додека
задната врата не се отвори
автоматски или притиснете го
копчето под лентата на задната
врата по отклучувањето.
Централна брава 3 25.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Не го повлекувајте копчето под
лентата додека затворате, бидејќи
тоа ќе ја отклучи задната врата
повторно.
Централна брава 3 25.
Page 34 of 371

32Клучеви, врати и прозорциЕлектрична задна врата9Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната задна врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Внимавајте многу на
подвижната задна врата кога
работите со неа. Уверете се
дека ништо не се приклешти за време на ракувањето и никој не
стои во пределот на движењето.
Со електричната задна врата се ракува со:
● x на далечинскиот
управувач.
● Прекинувачот G во облогата
на возачката врата.
● Прекинувачот на допирната подлога и G на задната
врата.
Кај возилата со автоматски пренос,
со задната врата може да се ракува само кога возилото е во мирување
и автоматскиот менувач е во P.
Задните светла трепкаат и се
огласува мелодија кога работи
електричната задна врата.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата не ја опслужува
централната брава. За отворање
на задната врата со далечинскиот
управувач, не е потребно да се
отклучи возилото. Прво отклучете
го возилото кога ракувате со
прекинувачот на допирање или
прекинувачот во возачката врата.
Заклучете го возилото по
затворањето.
Централна брава 3 25.Ракување со далечинскиот
управувач
Притиснете го и држете го x
додека задната врата не почне да
се отвора или затвора.
Page 35 of 371

Клучеви, врати и прозорци33Ракување со прекинувачот во
возачката врата
Притиснете го и држете го G
додека задната врата не почне да
се отвора или затвора.
Ракување со прекинувачите во
задната врата
За да се отвори задната врата,
притиснете ја допирната подлога
под лентата на задната врата
додека задната врата не почне да
се движи.
За да се затвори, притискајте го
G во отворената задна врата
додека таа не почне да се движи.
Запрете го движењето или сменете ја насоката на истото
Со притискање на x на
далечинскиот управувач, на G
на задната врата или со притисок на допирната подлога додека
задната врата се движи, задната
врата ќе се сопре во моменталната
положба. Притискање на x или
G повторно ќе ја смени насоката
на движењето.
Page 36 of 371

34Клучеви, врати и прозорциРежими на ракувањето
Електричната задна врата има три
режима на ракувањето нив ги
контролира прекинувачот во
возачката врата. За да се смени
режимот, свртете го прекинувачот:
● Нормален режим MAX:
Електричната задна врата се
отвора до целосната височина.
● Посреден режим 3/4:
Електричната задна врата се отвора до намалена височина
што може да се прилагоди.
● Режим Off: Со задната врата
може да се ракува само рачно.
Наместете ја намалената височина
при отворањето во средниот
режим
1. Свртете го прекинувачот за работниот режим на 3/4.
2. Отворете ја електричната задна врата со било кој
прекинувач за ракување.
3. Запрете го движењето во саканата височина со
притиснување на било кој
прекинувач за ракување. Ако е
потребно, рачно поместете ја
запрената задна врата во
саканата положба.4. Притиснете го и држете го копчето од внатрешната страна
на отворената задна врата
3 секунди.
Забелешка
Прилагодувањето на висината на
отворањето треба да се
програмира на рамно.
Звук на мелодија укажува на
новата поставка и надворешните
задни светла ќе трепнат ако
задната врата е под агол на
отворање помал од 30°.
Кога се врти тркалцето за местење во возачката врата на средниот
режим 3/4, електричната задна
врата ќе престане да се отвара во
новопоставената положба.
Задната врата може да се држи
отворена само ако е над
минималната височина (најмал
агол на отворање од 30°).
Височината при отворањето не може да се програмира под таа
височина.
Page 37 of 371

Клучеви, врати и прозорци35Безбедносна функција
Ако електричната задна врата
наиде на пречка за време на
отворањето или затворањето,
насоката на движењето
автоматски ќе се смени малку.
Повеќе пречки во еден електронски
циклус ќе ја деактивираат
функцијата. Во тој случај,
затворете ја или отворете ја
задната врата рачно.
Електричната задна врата има
сензори за приклештување од
страничните рабови. Ако
сензорите приметат пречки помеѓу
задната врата и шасијата, задната
врата ќе се отвора додека не се
активира повторно или не се
затвори рачно.
На безбедносната функција
укажува предупредувачка
мелодија.
Отстранете ги сите пречки пред да се врати обичното електронско
работење.
Ако возилото е опремено со
фабрички монтирана опрема за
влечење и приклучена е приколка,
електричната задна врата може дасе отвори само со прекинувачот на
допирање или да се затвори со G во отворената задна врата.
Уверете се дека нема пречки во
пределот на движењето.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата проверете дали има
некои пречки во горниот дел, на пример вратата од гаражата, соцел да се избегне оштетување
на задната врата. Секогаш
проверувајте ја движечката
површина над и зад задната
врата.
Забелешка
Електрична задна врата: Ако
кревачите на отворената задна
врата изгубат притисок, задната
врата паѓа малку, а потоа
системот ја сопира. Потоа
задната врата ќе се отвора и
затвора на електричен погон. За
тоа време задните светла
трепкаат и се огласува мелодија.
По затворањето, со задната врата
не може да се ракува додека не се сервисира.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата се исклучува при
низок напон на акумулаторот. Во
тој случај, со задната врата нема
да може да се ракува ни рачно.
Забелешка
Кога е исклучена електричната
задна врата и сите врати се
отклучени, со задната врата може
да се ракува само рачно. Во тој
Page 38 of 371

36Клучеви, врати и прозорцислучај, рачното затворање на
задната врата бара значително
поголема сила.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не
може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината
нормална крајна положба.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.Безбедност на
возилото
Систем за заштита одкражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е можно со копчето на централната брава
во патничкиот простор.
Активирање
Далечински управувач или
електронски клуч: притиснете го e
двапати во рок од 5 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба го содржи системот за
заштита од кражба и работи
поврзано со него.
Page 39 of 371

Клучеви, врати и прозорци37Ги надгледува:● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор, вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: се активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Систем на електронски клуч: се
активира сам 30 секунди
откако ќе се заклучи возилото
со притискање на копче на
некоја од рачките на вратите
однадвор.
● Далечински управувач или електронски клуч: директно со
притискање на e двапати во
рок од 5 секунди.
● Системот на електронски клуч со вклучено пасивно
заклучување: накратко се
активира откако ќе дојде до
пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Активирање без надгледување на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
Page 40 of 371

38Клучеви, врати и прозорци1. Затворете ги задната врата,хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. Сијаличката во
копчето o свети најмногу
10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Сијаличка за состојбаСијаличката за состојба е вграденаво сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучување на возилото со
притискање на c го исклучува
системот за тревожење при
кражба.
Систем на електронскиот клуч:
Отклучувањето на возилото со
притискање на копчето на која било
рачка на вратите однадвор го
деактивира системот за
тревожење при кражба.