OPEL INSIGNIA 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2017Pages: 373, PDF Size: 9.31 MB
Page 271 of 373

Нега на возилото269Акумулаторот на возилото е
покриен. Извадете го капакот за да
го замените акумулаторот. Кренете го капакот од задната страна и
откачете го однапред.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 182.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 306.
Предупредувачки натпис
Page 272 of 373

270Нега на возилотоЗначење на симболите:● Без искри, отворени огнови или
пушење.
● Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или тешки изгореници.
● Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се остави целоснода се испразни, системот за дизелгориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Кренете ја рачката на бришачот и
отворете ја спојката за држење.
Page 273 of 373

Нега на возилото271
Откачете ја четкичката на
бришачот и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Притиснете ги двете спојки на
рачката, ослободете ја четкичката
на бришачот и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Page 274 of 373

272Нега на возилотоХалогенски преднифарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Преден трепкач (3)
Бихалогенски преден фар (1)
Од левата страна на возилото,
повлечете го цревото од
резервоарот со течност за миење на шофершајбната.
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
Page 275 of 373

Нега на возилото2732. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на ламбата од кабел штекерот соблаго виткање на држачот.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја во штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот и вртете ги десно за да се
затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за
дневно возење (2)
1. Свртете го капачето налево и извлечете го од фарот.
2. Притиснете ги јазичињата за
прицврстување заедно и
извадете ја фасонката од
куќиштето.
Page 276 of 373

274Нега на возилото3. Извадете ја ламбата одфасонката влечејќи ја.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
5. Вметнете ја фасонката во куќиштето и оставете да се
заглави.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странични/Светла за дневно
возење со LED-сијалици
Кај друга верзија, страничните и светлата за дневно возење се
конструирани како LED-ови. Во
случај на дефект, нека ви ги
заменат на сервис.Преден трепкач (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето.
2. Притиснете ја сијалицата во фасонката нежно, завртете ја
обратно од правецот на стрелките на часовникот и
извадете ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
4. Монтирајте ја фасонката во фарот, свртете надесно да се
заглави.
Ксенонски предни фарови9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Page 277 of 373

Нега на возилото275Страничните/Светлата за дневно
возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Ослободете ја ламбата од кабел штекерот со откачување
и влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот и вртете ги десно за да се
затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи
Page 278 of 373

276Нега на возилото1. Завртете го капачето налево иизвадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Ослободете ја фасонката од кабел штекерот со откачувањеи влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете ја фасонката со
штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
Странично светло/Светло за
дневно возење
Страничните и светлата за дневно
возење се конструирани како LED-
сијалици. Во случај на дефект, нека ви ги заменат на сервис.
Фарови за магла До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.
1. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
Page 279 of 373

Нега на возилото277
2. Откачете ја фасонката наламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и свртете ја надесно за
да се заглави.
Задни светла
Возило со 5 врати/лимузина со
4 врати
1. Извадете го капакот од внатрешната страна на
товарниот простор.
2. Одвртете ги трите пластични навртки однатре со рака.
3. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло одпроцепите и извадете го.
Page 280 of 373

278Нега на возилото
4.Свртете го држачот на ламбата
налево и извадете. Заменете ја
ламбата влечејќи или вртејќи:
Трепкач 1
Задно светло за магла 2, само
од возачката страна
Светло за рикверц 3
Задното светло и светлото за
сопирачките се конструирани
како LED-светилки. Во случај на
дефект, нека ви ги заменат
светилките на сервис.
5. Ставете ја фасонката во комплетот за задни светла исвртете надесно. Наместете го
комплетот на светлото со
држачите во процепите на
каросеријата на возилото и
затегнете ги пластичните навртки што го држат од
внатрешната страна на
товарниот простор. Затворете
го капакот.
Sports Tourer/Country Tourer
1. Ослободете го и отворете го капакот во задната врата.
2. Отшрафете ги трите пластичнинавртки за прицврстување со
рака.