OPEL INSIGNIA 2017 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: INSIGNIA, Model: OPEL INSIGNIA 2017Pages: 373, PDF Size: 9.31 MB
Page 261 of 373

Возење и ракување259Со дланката вртете ја
ослободената топчеста влечна кука надесно додека не се заглавипод подот. Уверете се дека рачката за ослободување е вратена во
својата скриена почетна положба,
инаку тонот со вибрација нема да
престане.9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволено само кога влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не се заглави
правилно или ако невозможно е да се врати рачката за
ослободување во нејзината
скриена првична положба во
куќиштето или ако звучниот тон се огласи по заглавувањето на
влечната кука, побарајте помош
од автомеханичар.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот за
приврзување за алката.
Помош за стабилноста на
приколката
Ако системот открие занесувања, моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошникот за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 203.
Page 262 of 373

260Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................261
Додатоци и модификации на возилото ................................ 261
Чување на возилото ..............261
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......262
Прверки на возилото ...............262
Вршење работа ...................... 262
Хауба ...................................... 263
Моторно масло ......................263
Течност за автоматскиот менувач ................................. 265
Ладилник ................................ 265
Течност за серво управување ........................... 266
Течност за миење ..................267
Сопирачки .............................. 267
Течност за сопирачките ........267
Акумулатор ............................. 268
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 270
Замена на четкичките на бришачите ............................. 270
Замена на сијалиците ..............271
Халогенски предни фарови ..272Ксенонски предни фарови ....274
Фарови за магла ....................276
Задни светла .......................... 277
Странични трепкачи ..............280
Светло за регистарската табличка ................................ 281
Внатрешни светла .................281
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 282
Електричен систем ..................282
Осигурувачи ........................... 282
Кутија со осигурувачи во
моторниот простор ...............284
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......286
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................288
Прирачен алат ......................... 290
Алати ...................................... 290
Тркала и гуми ........................... 290
Зимски гуми ............................ 290
Ознаки на гумите ...................291
Притисок на гумите ................ 291
Систем за следење на притисокот на гумите ...........293
Длабочина на шарата ...........295
Менување на гумите и големина на тркалата ..........295
Раткапни ................................. 296Синџири за гуми ..................... 296
Комплет за поправање гуми . 297
Менување тркала ................... 300
Резервно тркало ....................303
Палење со кабли ......................306
Влечење ................................... 308
Влечење на возилото ............308
Влечење друго возило ..........310
Нега за изгледот ......................312
Нега на надворешноста ........312
Нега на внатрешноста ........... 314
Page 263 of 373

Нега на возилото261Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Сад за течноста за миење на шофершајбната.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или лостот на
менувачот во P. Спречете го
возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 264 of 373

262Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 265 of 373

Нега на возилото2639Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Довод на воздухот 3 175.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 182.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Проверувајте го моторното масло
рачно за да се нема оштетувања на
моторот. Уверувајте се дека се
користи масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 317.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и исклучен барем пет минути.
Page 266 of 373

264Нега на возилотоИзвлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 335, Квалитет/
вискозитет на моторното масло
3 317.
Page 267 of 373

Нега на возилото265Наместете го капачето право и
затегнете го.
Течност за автоматскиот менувачВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикаат оштетување на
автоматскиот менувач и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.
Вообичаено, течноста за
автоматскиот менувач не треба да
се проверува. За да го проверите
нивото на течноста, побарајте
помош во сервис.
Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за
ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 317.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Page 268 of 373

266Нега на возилотоАко системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Во зависност од верзијата,
линијата за означување на
полнењето е внатре во отворот за
полнење. За да проверите,
отворете го капачето.
Дополнително коло за ладење за турбо мотор
Садот за средството за ладење е
фиксиран за куќиштето на
прочистувачот за воздух.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
Општо
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1 мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење мешан со
чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за сервоуправувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Page 269 of 373

Нега на возилото267
Вообичаено, течноста за серво
управување не треба да се
проверува. Во случај на
невообичаен звук за време на
управувањето или ако серво
управувањето реагира на
невообичаен начин, побарајте помош во сервис.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или по нагло опаѓање на температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 317.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачките, се
слуша чкрипење при сопирање.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Page 270 of 373

268Нега на возилото
Течноста за сопирачките мора да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 317.
Акумулатор Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 158.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.