OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5Pages: 343, PDF Size: 8.44 MB
Page 291 of 343

Нега на возилото2899Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени
само на гуми со големина
215/60 R16, 215/55 R17,
225/55 R17 M+S и 235/45 R18.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 mm или што се на
страничниот ѕид на гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Достапни се два типа комплети за
поправање гуми:
Page 292 of 343

290Нега на возилото●Тип 1 што се одликува со
прекинувачот за вклучување/
исклучување на горниот дел од компресорот.
● Тип 2 што се одликува со
прекинувачот за вклучување/
исклучување на страната од
компресорот.
Ако возилото има издишана гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Кај возила со аудиосистем со
звучници, комплетот за поправање
гуми се наоѓа заедно со алатите.
Кај другите возила, комплетот за
поправање гуми се наоѓа во торба.
Разлабавете ја завртката и
извадете ја торбата.
Извадете ги шишето со заптивна
смеса и компресорот од кутијата.
Page 293 of 343

Нега на возилото291
1. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
2. Тип 1: навртете го цревото за
воздух од компресорот на приклучокот од шишето созаптивна смеса и ставете го
шишето со заптивна смеса во
држачот на компресорот.
Тип 2: извадете го затворачот
од компресорот и од шишето со
заптивна смеса. Навртете го
шишето на компресорот без да
ја отстранувате фолијата од
шишето.
3. Поставете го компресорот близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
4. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
5. Тип 1: навртете го цревото за
полнење на вентилот од гумата.
Page 294 of 343

292Нега на возилотоТип 2: извадете го заштитното
капаче од цревото за полнење
и навртете го цревото за
полнење на вентилот од гумата.
Вентилот за испуштање воздух
мора да биде затворен (завртен надесно).
6. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
7. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
8. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 322. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
Тип 1: ако притисокот во гумите
не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Проверете го
притисокот во гумите уште
еднаш. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Page 295 of 343

Нега на возилото293
Ако притисокот за гумите се
достигне во рок од 10 минути,
поправете го пропишаниот притисок во гумите со
користење на компресорот за
да го зголемите или намалите
со копчето на показателот за притисок.
Тип 2: извадете го комплетот за
поправање гуми и возете
веднаш до 10 км, но не подолго
од 10 минути. Проверете го
притисокот во гумите уште
еднаш. Ако притисокот за
гумите не се достигне, повторно закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако притисокот во гумите се
достигне, поправете го
пропишаниот притисок во
гумите со користење на
компресорот за да го зголемите
или намалите со отворање на
вентилот за испуштање воздух
(вртете налево) на цревото за
воздух.
12. Откачете го комплетот за поправање гуми.
Тип 1: притиснете ја спојката на
рамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете го
цревото за пумпање на гуми врз
слободната врска на шишето со заптивната смеса. Тоа ја
спречува заптивната смеса да
истече.
Тип 2: шишето со заптивна
смеса не може да се отстрани
од компресорот. Шишето созаптивна смеса треба да се
замени кај автомеханичар.
13. Чувајте го комплетот за поправање гуми во товарниот
простор.
14. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
15. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата. Навртете
го цревото за воздух од
компресорот директно на
вентилот од гумата.
Page 296 of 343

294Нега на возилото
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го комплетот за поправање гуми во кутијата.
18. Прицврстете ја кутијата со завртката.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слуша необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот за најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од
околу -30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гуменичамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 289.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 297.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
Page 297 of 343

Нега на возилото295●Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките и шарите на тркалото со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Челични тркала со раткапна:
Извлечете ја раткапната.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
специфичните завртки, првин
ставете го адаптерот за завртки
на главата на завртката пред да го наместите клучот за
тркалата. Адаптерот се наоѓа
во касетата.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Page 298 of 343

296Нега на возилото
4. Поставете ја дигалката напотребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 297.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 125 Nm.
10. Наместете го отворот за вентилот во рааткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
11. Наместете го капакот на местото за дигалката.12. Одложете ги и прицврстете гизаменетото тркало 3 297,
прирачниот алат 3 282 и
адаптерот за заклучување на
завртките 3 75.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Заменете ја неисправната гума
колку е можно поскоро.
Положба за кревање за
платформа
Page 299 of 343

Нега на возилото297Положба за задниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на подот.
2. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Свртете ја пеперужната
навртка налево и извадете го
резервното тркало.
Под резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
вдлабнатината за резервното
тркало, прицврстете ја кутијата
со алатот со завртување на
пеперужната навртка и
затворете го капакот на подот.
4. По промената на целосното тркало, поставете го
резервното тркало надвор во
просторот за резервното тркало
и прицврстете го со
пеперужната навртка.
Page 300 of 343

298Нега на возилотоОдложување на заменетото
тркало во вдлабнатината за
резервното тркало
Прицврстете го оштетеното тркало
со целосна големина со
пеперужната навртка во
вдлабнатината за резервното
тркало откако ќе монтирате долга
завртка на навојната завртка.
Долгата завртка се складира
заедно со прирачните алати 3 282.
За прицврстување на тркалото:1. Ставете ја долгата завртка на навојната завртка.
2. Складирајте го оштетеното тркало со надворешната страна
нагоре во вдлабнатината за
резервното тркало и
прицврстете ги со вртење на
пеперужната навртка надесно
на долгата завртка.9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги тркалото, дигалката и алатите секогаш во
оригиналните складишни места
и прицврстувајте ги со
фиксирање.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 289.
Резервно тркало со насочна
гума
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на