OPEL INSIGNIA BREAK 2018.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018.5, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2018.5Pages: 143, PDF Size: 2.48 MB
Page 31 of 143

Основно ракување31Забелешка
Пораките поврзани со возилото и
ретровизорската камера
остануваат овозможени.
Заклучување на системот
Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Листајте и изберете Valet Mode
(Услужен режим) . Се прикажува
тастатура.
Внесете шифра од четири цифри и
потоа изберете Enter (Внеси).
Тастатурата повторно се
прикажува.
За да го потврдите првиот внес,
повторно внесете ја
четирицифрената шифра и
изберете Lock (Заклучи) . Системот
е заклучен.
Отклучување на системот
Вклучете го инфозабавниот
систем. Се прикажува тастатура.
Внесете ја соодветната
четирицифрена шифра и изберете
Unlock (Отклучи) . Системот е
отклучен.
Заборавен PIN-код
За враќање на PIN-кодот на
стандардните поставки,
контактирајте со вашиот сервис.
Екран Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Листајте и изберете Display
(Приказ) .
Режим
Изберете Mode (Режим) за да
влезете во односниот
подизборник.
Page 32 of 143

32Основно ракувањеВо зависност од надворешните
услови со осветлувањето,
изберете Day (Ден) или Night ( Ноќ).
Доколку избравте Auto
(Автоматски) , системот автоматски
ќе го приспособи екранот.
Калибрирање на екранот на допир
Изберете Calibrate Touchscreen
(Калибрирај допирен екран) за да
влезете во односниот
подизборник.
Следете ги упатствата на екранот
и допирајте ги соодветните
наведени точки. Екранот на допир
е калибриран.
Исклучување на екранот
Изберете Turn Display Off (Исклучи
екран) за да го исклучите екранот.
За повторно вклучување на
екранот, допрете го екранот на
допир или притиснете копче на
контролната табла.
Враќање на фабричките
поставки
Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .
Враќање на поставките на возилото
Изберете Restore Vehicle Settings
(Обнови поставки на возилото) за
да ги вратите сите
персонализирани поставки за
возилото. Се прикажува
предупредувачка порака.
Изберете го Restore (Обнови) .
Поставките се ресетирани.Бришење на сите приватни
податоци
Изберете Clear All Private Data
(Избриши ги сите приватни
податоци) за да ги избришете
следните податоци:
● спарени уреди преку Bluetooth
● зачувани именици
● список со контакти на возилото
● список со дестинации
● омилени
Се прикажува предупредувачка
порака.
Изберете го Delete (Избриши) .
Податоците се избришани.
Враќање на поставките за радиото
Изберете Restore Radio Settings
(Обнови радио поставки) за да ги
ресетирате следните податоци:
● поставки на тонот
● поставки на гласноста
● поставки за говор
● табла со апликации
● извори на контакти
Page 33 of 143

Основно ракување33Се прикажува предупредувачка
порака.
Изберете го Restore (Обнови) .
Поставките се ресетирани.
Информации за софтверот Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Листајте и изберете Software
Information (Информации за
софтверот) .
Се прикажува список со броеви на
верзиите на сите ставки вчитани во системот.
Ажурирање на системот
За да го ажурирате системскиот
софтвер, контактирајте со
сервисот.
Page 34 of 143

34РадиоРадиоУпотреба..................................... 34
Пребарување станици ...............34
Радио податочен систем ...........36
Дигитална аудио дифузија ........37Употреба
Функцијата за радио е дел од
апликацијата AUDIO (АУДИО) .
Активирање на функцијата
радио
Притиснете ; и изберете AUDIO
(АУДИО) на почетниот екран.
Изберете RADIO (РАДИО) во
интерактивната лента за избор.
Одбирање на брановата
должина
Изберете RADIO (РАДИО) неколку
пати за да менувате меѓу
различните бранови должини.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Притиснете t или v зада се
пушти претходната или следната
станица.
Рачно пребарување на станици Притиснете го и држете го t или
v . Отпуштете го соодветното
копче кога е речиси достигната
саканата фреквенција.
Местење станици
Изберете TUNE (МЕСТЕЊЕ) во
интерактивната лента за избор. Се прикажува тастатура.
Page 35 of 143

Радио35
Допрете го полето Direct Tune
(Директно пребарување) , па
внесете ја саканата фреквенција.
Потврдете го внесеното.
Списоци со станици
На списоците со станици се
прикажани сите радио станици што
се достапни во моментното
приемно подрачје.
За да се прикаже списокот на
станици во брановата должина што е активна во моментот, изберете
BROWSE (РАЗГЛЕДУВАЊЕ) во
интерактивната лента за избор.
Се прикажува списокот со станици.Забелешка
Моментално приманата станица
се селектира.
Листајте низ списокот и изберете
го саканиот запис.
Списоци со категории
Бројни станици RDS 3 36 и DAB
3 37 емитуваат шифра PTY
којашто го определува видот на емитуваната програма (на пр.
вести). Некои станици ја менуваат
и шифрата PTY, зависно од
содржината што се емитува во
моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
Забелешка
Ставката Categories (Категории)
од списокот е достапна само за
брановите должини FM и DAB.
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) во
интерактивната лента за избор за
да се прикаже соодветниот
изборник за бранова должина и
изберете Categories (Категории) .
Се прикажува список со видови
категории што се моментално
достапни.
Изберете ја саканата категорија.
Се прикажува листа на станиците
што емитуваат програма од
избраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Ажурирање на списокот со
станици
Ако станиците зачувани на списоксо станици кои се специфични за брановата должина веќе не може
Page 36 of 143

36Радиода се примат, изберете Update
Station List (Ажурирање на списокот станици) .
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Updating Station List (Се ажурира
листата станици) се прикажува на
екранот додека не заврши
пребарувањето.
Радио податочен систем Радиоподаточен систем (RDS) е
услуга на FM станиците која
значително го подобрува
наоѓањето на саканата станица и
приемот за неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пр.,
информации за актуелната
програма.
Поставки за RDS За конфигурација на опциите за
поставките за RDS, активирајте ја
функцијата радио и потоа изберете
ја FM брановата должина.
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) на
интерактивната лента за избор за
приказ на изборник за FM.
RDS
Поставете RDS - On (RDS - Вкл.)
или RDS - Off (RDS - Искл.) .
Сообраќајна програма (TP)
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести. Ако е
вклучена сообраќајната услуга,
функцијата што е моментално
активна се прекинува додека трае
соопштението за сообраќајот.
Ако е активирана радио
сообраќајната услуга, во горниот
ред на сите главни изборници е
прикажано [TP]. Ако моменталната
станица или медиум што се
Page 37 of 143
![OPEL INSIGNIA BREAK 2018.5 Прирачник за инфозабавата Радио37репродуцира не е станица со радио
сообраќајна услуга, се прикажува
[ ] и автоматски почнува да се бара
с OPEL INSIGNIA BREAK 2018.5 Прирачник за инфозабавата Радио37репродуцира не е станица со радио
сообраќајна услуга, се прикажува
[ ] и автоматски почнува да се бара
с](/img/37/38501/w960_38501-36.png)
Радио37репродуцира не е станица со радио
сообраќајна услуга, се прикажува
[ ] и автоматски почнува да се бара
следната достапна станица со
радио сообраќајна услуга. Штом ќе
се најде станица со радио
сообраќајна услуга, [TP] се
нагласува. Ако не се најде радио
сообраќајна услуга, [ ] останува на
екранот.
Ако се емитува сообраќајно
соопштение на соодветната
станица со радио сообраќајна
услуга, се прикажува порака.
За да го прекинете соопштението и да се вратите на претходно
активираната функцијата,
откажете го алармот.
Поставете Traffic Programme (TP) -
On (Сообраќајна програма - Вкл.)
или Traffic Programme (TP) -
(Сообраќајна програма - Искл.) .
Регион
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.Ако е вклучена регионализацијата,
се избираат алтернативни
фреквенции со истите регионални
програми, доколку е потребно. Ако регионализацијата е исклучена, се
избираат алтернативни фреквеции
на станиците без оглед на
регионалните програми.
Поставете Region - On (Регион -
Вкл.) или Region - Off (Регион -
Искл.) .
Дигитална аудио дифузија
DAB дигитално емитува
радиостаници.
Предности на DAB ● Станици со DAB се означуваат со името на програмата
наместо фреквенцијата на
емитувањето.
● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани сопрограмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне
емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може
да се избегне со активирање
на DAB to DAB Linking
(Поврзување DAB со DAB) и/
или DAB to FM Linking
(Поврзување DAB со FM) во
изборникот за DAB (видете
подолу).
Page 38 of 143

38Радио● Пречење предизвикано одстаниците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниот
систем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP 3 36,
се емитуваат сообраќајните соопштенија на FM-станицата
со најдобар прием.
Деактивирајте го ТР доколку не сакате приемот на DAB да бидепрекинат со FM соопштенија за
сообраќајот.
Поставки за DAB За конфигурација на опциите за
поставките за DAB, активирајте ја
функцијата радио и потоа изберетеја DAB брановата должина.
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) на
интерактивната лента за избор за
приказ на изборникот за DAB.
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Ако активирате некои или сите
категории, услугата DAB што се
прима моментално се прекинува кога има соопштение од таков вид.
Изберете DAB Announcements
(Соопштенија DAB) за приказ на
списокот со категории на DAB.
Изберете ги саканите категории.
Избраните категории се
означуваат со 9.
Забелешка
DAB соопштенијата може да се примат ако е активирана
брановата должина DAB.
Поврзување DAB co DAB
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (ако е достапна) кога
сигналот DAB е премногу слаб за
да го прими приемникот.
Поставете DAB to DAB Linking - On
(Поврзување DAB со DAB - Вкл.)
или DAB to DAB Linking - Off
(Поврзување DAB со DAB - Искл.) .
Поврзување DAB co FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Page 39 of 143

Радио39Поставете DAB to FM Linking - On
(Поврзување DAB со FM - Вкл.) или
DAB to FM Linking - Off
(Поврзување DAB со FM - Искл.) .
L-опсег
Ако се активира L Band (L-опсег),
инфозабавниот систем прима дополнителен опсег на
фреквенции. Фреквенциите за L-
опсег сочинуваат земјени и
сателитски радиофреквенции
(1452 - 1492 MHz).
Поставете L Band - On (L-опсег -
Вкл.) или L Band - Off (L-опсег -
Искл.) .
Интелитекст
Функцијата Intellitext (Интелигентен
текст) овозможува прием на
дополнителни информации како соопштенија, финансиски
информации, спорт, вести и сл.
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка за да се прикажат детални информации.
Page 40 of 143

40Надворешни уредиНадворешни
уредиОпшти информации ...................40
Репродукција на звук .................42
Репродукција на филмови .........43
Користење апликации за
паметни телефони .....................44
Користење апликации ................ 45Општи информации
Во средишната конзола се наоѓаат
два USB-приклучоци и еден AUX- приклучок за поврзување
надворешни уреди.
Забелешка
Приклучокот секогаш треба да
биде чист и сув.
Влез AUX
Дополнителни уреди може да
поврзувате преку AUX
приклучокот.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
овие уреди.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува од дополнителниот уред.Поврзување/откачување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во
приклучокот AUX на
инфозабавниот систем, користете
го следниов кабел:
со 3 дела за аудио-извор.
За да го откачите уредот AUX,
изберете друга функција, а потоа
отстранете го уредот AUX.
Приклучок за USB
MP3-плеер, уред USB или паметен
телефон може да се приклучат во
секој од USB-приклучоците.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки и
филмови од овие уреди.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.