OPEL INSIGNIA BREAK 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2020Pages: 361, PDF Size: 9.44 MB
Page 31 of 361

Клучеви, врати и прозорци29Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
уред или електронскиот клуч,
вратите се заклучуваат
автоматски ако не се отворила
ниту една врата. Предуслов за
ова е поставувањето да се
активира во приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 137.
Копчиња за централната брава
Заклучување и отклучување на
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот од
патничкиот простор со прекинувач
на панелот на возачката врата.
Притиснете e за заклучување.
Притиснете c за отклучување.
Ракување со клучот во случај на дефект на системот на
централната брава
Во случај на дефект, на пример,
испразнет акумулатор или
батерија на електронскиот клуч,
возачката врата може да се
заклучи или отклучи со металниот
дел од клучот.Притиснете го копчето на
електронскиот клуч и извлечете го
металниот дел од клучот.
Цилиндерот на бравата во
возачката врата е покриен со
капаче.
Page 32 of 361

30Клучеви, врати и прозорци
Ставете го металниот дел од
клучот во жлебот на дното на
капачето и свртете го клучот
нагоре.
Рачно отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со ставање и вртење на металниот
дел од клучот во цилиндарот на
бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
рачка двапати или со притискање
c од панелот на вратата на
возачот. Товарниот простор и
вратичката на резервоарот
веројатно нема да се отклучат.
Кога ќе се вклучи палењето, се
исклучува системот за заштита од
кражба.
Рачно заклучување
Притиснете го внатре копчето за
заклучување на сите врати освен
вратата на возачот или притиснете
e на панелот на вратата на
возачот. Потоа затворете ја
возачката врата и заклучете ја од
надвор со вртење на клучот во
цилиндарот на бравата.
Вратичката на резервоарот за
гориво и задната врата
најверојатно не се заклучени.
Page 33 of 361

Клучеви, врати и прозорци31
По заклучувањето, покријте го
цилиндарот на бравата со
капачето: ставете го капачето со долната страна во жлебот и
притиснете го додека не се вклопи
на горната страна.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може
да се конфигурира да ги заклучува
сите врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кога се вози и ќе се
надмине одредена брзина.
Кога возилото стои по возење, тоа ќе се отклучи автоматски штом ќе
се исклучи палењето.
Активирањето или
деактивирањето на автоматското заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 131.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за
далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи 3 28.
Автоматско повторно
заклучување по отклучувањето
Оваа функција може да се
конфигурира да ги заклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот
автоматски кратко по
отклучувањето со далечинскиот
управувач или електронскиот
клуич под услов ниедна врата да не
била отворена.Активирањето или
деактивирањето на автоматското
повторно заклучување може да се постави во изборникот Settings
(Поставки) I Vehicle (Возило) на
Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 131.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за далечинскиот управувач или за
електронскиот клуч што се користи
3 28.
Пасивно заклучување
Оваа карактеристика го заклучува
возилото автоматски по неколку
секунди ако претходно бил
препознаен електронски клуч во
возилото, сите врати потоа биле
затворени, а електронскиот клуч не останал во возилото.
Ако електронскиот клуч остане во
возилото или палењето не е
исклучено, пасивното заклучување
нема да биде дозволено.
Page 34 of 361

32Клучеви, врати и прозорциАко имало два или повеќе
електронски клучеви во возилото и палењето било вклучено еднаш,
функцијата го заклучува возилото
ако само еден електронски клуч се
изнесе од возилото.
За да спречите пасивно
заклучување на возилото, на
пример, кога полните гориво или
ако патниците останат во возилото,
системот мора да се оневозможи.
За да го оневозможите системот, притиснете го копчето за
централно заклучување c неколку
секунди додека една врата е
отворена. Ќе се слушнат три звучни
сигнали за да се потврди
деактивирањето. Функцијата
останува оневозможена сè додека
не се притисне копчето за
централно заклучување e или не се
вклучи палењето.
Активирањето или
деактивирањето на пасивното
заклучување може да се постави
во изборникот Settings (Поставки) I
Vehicle (Возило) на Инфо-екранот.
Инфо-екран 3 131.Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.
Поставката може да се зачува за
секој електронски клуч што се
користи 3 28.
Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Поместете ја иглата во задната
врата во предна положба. Вратата не може да се отвори однатре.
За да го деактивирате, поместете
ја иглата на задната позиција.
Page 35 of 361

Клучеви, врати и прозорци33Врати
Товарен простор
Задна врата ОтворањеGrand Sport
По отклучувањето, притиснете го
амблемот за брендот и отворете ја задната врата.
Sports Tourer, Country Tourer
По отклучувањето, притиснете го
копчето под лајсната на задната врата и отворете ја задната врата.
Централна брава 3 28.
Затворање
Користете ја внатрешната рачка.
Централна брава 3 28.
Електрична задна врата
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната задна врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Внимавајте многу на
подвижната задна врата кога
работите со неа. Уверете се
Page 36 of 361

34Клучеви, врати и прозорцидека ништо не се приклешти завреме на ракувањето и никој не
стои во пределот на движењето.
Електричната задна врата може да се управува со:
● Електронскиот клуч.
● Ракување без раце со сензорот
за движење под задниот
браник.
● Копчето под надворешната лајсна на задната врата C
при отворена задна врата.
● Прекинувачот C на
внатрешниот дел од вратата кај возачот.
Кај возилата со автоматски
менувач, со задната врата може да се ракува само кога возилото е во
мирување и рачката на менувачот
е во P.
Трепкачите трепкаат и се слуша
мелодија кога работи
електричната задна врата.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата не ја опслужува
централната брава. За да ја
отворите задната врата со
копчето на електричниот клуч или
со копчето за задната врата или
со функцијата за слободни раце,
не е неопходно да го отклучите возилото. Предуслов е
електронскиот клуч да биде
надвор од возилото, на
растојание од приближно 1 м од
задната врата.
Не го оставајте електронскиот клуч во товарниот простор.
Заклучете го возилото по
затворањето, ако претходно било
отклучено.
Централна брава 3 28.Ракување со електронскиот клуч
Притиснете X двапати за да ја
отворите или затворите задната
врата. За да спречите ненамерно
отворање на задната врата, X
мора да се притисне подолго при заклучување или отклучување.
Page 37 of 361

Клучеви, врати и прозорци35Ракување без раце со сензорот за
движење под задниот браник
За да ја отворите или затворите
задната врата, движете го
стапалото под задниот браник
напред-назад. Не држете ја ногата
под браникот. Електронскиот клуч
мора да биде надвор од возилото
во опсег од околу 1 м од задната врата. Кога сензорот ќе открие
движење на стапалото, системот ја активира задната врата со кратко
одложување.
9 Опасност
Не допирајте ги деловите од
возилото под возилото при
активна функција за слободни
раце. Постои ризик од повреда
од жешките делови на моторот.
Ракување со копчето под
надворешната лајсна на задната
врата
За да се отвори задната врата,
притиснете го копчето под лајсната на задната врата додека задната
врата не почне да се движи. Ако
возилото е заклучено,
електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од задната врата.
За да се затвори, притискајте го
C во отворената задна врата
додека таа не почне да се движи.
Page 38 of 361

36Клучеви, врати и прозорциРакување со прекинувачот на
внатрешниот дел од вратата кај
возачот
Притискајте C на внатрешниот
дел од вратата кај возачот, додека
задната врата не почне да се
отвора и затвора.
Запрете го движењето или сменете ја насоката на истото
За да го запрете движењето на
задната врата веднаш:
● притиснете X еднаш на
електронскиот клуч или
● притиснете го копчето под надворешната лајсна на
задната врата или
● притиснете C на отворената
задна врата или
● притиснете C на
внатрешниот дел од вратата кај возачот.
Повторното притискање на едниот
од прекинувачите ќе го смени
правецот на движење.
Режими на ракувањето
Електричната задна врата има три
режими на ракување, кои ги
контролира прекинувачот C во
возачката врата. За да се смени режимот, свртете го прекинувачот:
● MAX : електричната задна
врата се отвора до целосната
височина.
● 3/4: електричната задна врата
се отвора до намалена
височина што може да се
приспособи.
● Off: со задната врата може да
се ракува само рачно.
Приспособете ја намалената
височина при отворањето во
режимот за ракување 3/4
1. Свртете го прекинувачот за работниот режим на 3/4.
Page 39 of 361

Клучеви, врати и прозорци372. Отворете ја електричнатазадна врата со било кој
прекинувач за ракување.
3. Запрете го движењето во саканата височина со
притиснување на било кој
прекинувач за ракување. Ако е
потребно, рачно поместете ја
запрената задна врата во
саканата положба.
4. Притиснете го и задржете го копчето C од внатрешната
страна на отворената задна
врата 3 секунди.
Забелешка
Прилагодувањето на висината на
отворањето треба да се
програмира на рамно.
Ќе се слушне мелодија што ја
означува новата поставка и
трепкачите ќе трепкаат.
Намалената височина може да се постави само при агол на отворање
поголем од 30°.
Кога се врти тркалцето за местење во возачката врата на средниот
режим 3/4, електричната задна
врата ќе престане да се отвара во
новопоставената положба.
Задната врата може да се држи
отворена само ако е над
минималната височина (најмал
агол на отворање од 30°).
Височината при отворањето не може да се програмира под таависочина.
Безбедносна функција
Ако електричната задна врата
наиде на пречка за време на
отворањето или затворањето,
насоката на движењето
автоматски ќе се смени малку.Повеќе пречки во еден електронски циклус ќе ја деактивираат
функцијата. Во тој случај,
затворете ја или отворете ја
задната врата рачно.
Електричната задна врата има
сензори за приклештување од
страничните рабови. Ако
сензорите приметат пречки помеѓу
задната врата и шасијата, задната
врата ќе се отвора додека не се
активира повторно или не се
затвори рачно.
На безбедносната функција
укажува предупредувачка
мелодија.
Отстранете ги сите пречки пред да
се врати обичното електронско
работење.
Ако возилото е опремено со
фабрички монтирана опрема за
влечење и електрично е
приклучена приколка,
електричната задна врата може да се отвори или затвори само рачно.
Page 40 of 361

38Клучеви, врати и прозорциПреоптоварување
Ако електричната задна врата се
активира на кратки интервали,
функцијата ќе биде оневозможена
некое време. Придвижете ја
задната врата рачно до крајната
позиција за да го ресетирате
системот.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете дали има
пречки во горниот дел, на пр.
врата од гаража, со цел да се избегне оштетување на задната
врата. Секогаш проверувајте ја
движечката површина над и зад задната врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.
Забелешка
Ракувањето со електричната
задна врата се исклучува при
низок напон на акумулаторот. Во
тој случај, со задната врата нема да може да се ракува ни рачно.
Забелешка
Кога е исклучена електричната
задна врата и сите врати се
отклучени, со задната врата може
да се ракува само рачно. Во тој
случај, рачното затворање на
задната врата бара значително
поголема сила.
Забелешка
При ниски надворешни
температури, задната врата не може сама да се отвори во целост.
Во овој случај, подигнете ја
задната врата рачно до нејзината нормална крајна положба.