OPEL INSIGNIA BREAK 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: INSIGNIA BREAK, Model: OPEL INSIGNIA BREAK 2020Pages: 361, PDF Size: 9.44 MB
Page 41 of 361

Клучеви, врати и прозорци39Безбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за
заштита од кражба. Тоа не е можно
со копчето за централно
заклучување во возилото.
Активирање
Двапати притиснете e на
далечинскиот уред или
електронскиот клуч во рок од
5 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува:
● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор, вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање
Сите врати треба да се затворени
и електронскиот клуч од системот
на електронскиот клуч не смее да
остане во возилото. Инаку
системот не може да се активира.
● Далечински управувач: се активира 30 секунди откако ќе
се заклучи возилото со еден
притисок на e.
● Систем на електронски клуч: се
активира 30 секунди откако ќесе заклучи возилото со
притискање на копче на некоја
од рачките на вратите
однадвор.
Page 42 of 361

40Клучеви, врати и прозорци
● Далечински управувач илиелектронски клуч: директно со
притискање на e двапати во
рок од 5 секунди.
● Системот на електронски клуч со вклучено пасивно
заклучување: накратко се
активира откако ќе дојде до
пасивно заклучување.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Активирање без надгледување
на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. Сијаличката во
копчето o свети најмногу
10 минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Сијаличка за состојба
Page 43 of 361

Клучеви, врати и прозорци41Сијаличката за состојба е вградена
во сензорот на врвот од таблата со инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.
Деактивирање
Далечински управувач:
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при
кражба.
Систем на електронскиот клуч:
Отклучувањето на возилото со
притискање на копчето на која било
рачка на вратите однадвор го
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Електронскиот клуч мора да биде
надвор од возилото во опсег од
околу 1 м од страната на
соодветната врата.
Системот не се деактивира со
рачно отклучување на возачката
врата или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните сигнали се утврдени со закон.
Алармот може да се деактивира со притискање на c на клучот, со
притискање на прекинувачот на рачката на вратата со системот на
електронскиот клуч или со
вклучување на палењето на
моторот.
На вклучен аларм што не го
прекинал возачот укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач или
електронскиот клуч.
Дополнително, во
Информативниот центар за
Page 44 of 361

42Клучеви, врати и прозорцивозачот се прикажува
предупредувачка порака откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 136.
Ако акумулаторот на возилото треба да се откачи (на пр. за
одржување), сирената на алармот
треба да се деактивира на
следниот начин: вклучете го па исклучете го палењето, а потоа
откачете го акумулаторот на
возилото во рок од 15 секунди.
Имобилизатор
Имобилизаторот се активира
автоматски.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено, има дефект во системот; моторотне може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење. Обидете се повторно со
клучот во џебот од предавателот.
Ракување кај возилата со систем
на електронски клуч во случај на
дефект 3 175.Ако контролната сијаличка d
продолжи да свети, обидете се да го запалите моторот со користење
на резервниот клуч.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Забелешка
Ознаките за радио фреквентна
идентификација (RFID) може да
предизвика пречки со клучот. Не
го ставајте во близина на клуч кога
го палите возилото.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 28, 3 39.
Контролна сијаличка d 3 121.Странични
ретровизори
Конвексен облик Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Известување за странична мртва точка 3 236.
Електрично местење
Page 45 of 361

Клучеви, врати и прозорци43Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со
притискање на í за левиот
ретровизор или ì за десниот
ретровизор. LED-сијаличката во
копчето го покажува изборот.
Потоа завртете ја контролата за да
се намести ретровизорот.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Електрично свиткување
Притиснете n. Двата странични
ретровизора ќе се свиткаат.
Притиснете n повторно за да ги
вратите страничните ретровизори
во првичната положба.
Ако рачно се отвори некој
електрично преклопен ретровизор,
притискањето на копчето n
електрично ќе го отвори само
другиот ретровизор.
Склопување на ретровизорите
со далечинскиот уред или
електронскиот клуч
Притиснете го e повторно по
заклучувањето и држете го
1 секунда за да се склопат
ретровизорите.
Притиснете го c повторно по
отклучувањето и држете го
1 секунда за да се склопат
ретровизорите.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
Приспособувањето на возилото
кон индивидуалните потреби.
Page 46 of 361

44Клучеви, врати и прозорциПриспособување на возилото кониндивидуалните потреби 3 137.
Поставките се зачувуваат
автоматски за клучот што се
користи 3 28.
Ретровизори со греење
Загревањето на задниот прозорец
и страничните ретровизори се
управува со притискање на b. LED-
сијаличката во копчето се
вклучува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Автоматско затемнување
Заслепувањето од следењето навозилата во темнина автоматски се
намалува со затемнување на
страничниот ретровизор од
страната на возачот.
Помош за паркирање Кај ретровизорите со меморирање
на позицијата, страничните
ретровизори автоматски се
насочуваат кон задните гуми како
помош при паркирањето кога е
ставено во рикверц, освен за време
на работењето со приколка.
Меморија на положбата 3 55.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се промени во
приспособувањето на возилото кон индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 137.Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 47 of 361

Клучеви, врати и прозорци45Автоматско намалувањена отсјај
Кога возите во темнина, отсјајот од
возилата што се следат се
намалува.
Прозорци
Шофершајбна Налепници на шофершајбната
Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Внимание
Ако возилото има горен екран,
многу е важно замената на
шофершајбната да се изврши
правилно, според
спецификациите на Opel. Во
спротивно, системот може да не
работи правилно, а сликата
може да изгледа дека не е
фокусирана.
Електрични прозорци
9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Page 48 of 361

46Клучеви, врати и прозорциВклучете го палењето за ракувањесо електричните прозорци.
Задржано исклучување 3 176.
Користете го # за соодветниот
прозорец со притискање за
отворање или повлекување за
затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен, а
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии во
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето,
потоа повлечете го прекинувачот
до првото попуштање и задржете
го. Прозорецот се движи нагоре
без да биде вклучена
безбедносната функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете V за деактивирање на
задните електрични прозорци,
сијаличката свети. За активирање
притиснете го V повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.
Page 49 of 361

Клучеви, врати и прозорци47
Притиснете и задржете c подолго
од 2 секунди за да ги отворите
прозорците.
Притиснете и задржете e подолго
од 2 секунди за да ги затворите
прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Пораки за возилото 3 136.
Активирајте ги електричните
прозорци на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не сезатвори и продолжете да го
повлекувате уште 2 секунди.4. Притискајте го прекинувачот додека прозорецот целосно не
се отвори и продолжете да го
притискате уште 2 секунди.
5. Повторете го истото за секој прозорец.
Греење на задното стакло
Загревањето на задниот прозорец
и страничните ретровизори се
управува со притискање на b. LED-
сијаличката во копчето се
вклучува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Page 50 of 361

48Клучеви, врати и прозорциГреење на
шофершајбната
Се користи со притискање на ,.
LED-сијаличката во копчето
светнува.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Со притискање на , уште еднаш
во ист циклус на палење греењето
може да работи уште три минути.
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Капаците на огледалата треба да
се затворени додека возите.
На задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Вклучете го палењето за ракување со подвижниот покрив.