OPEL MERIVA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2014.5Pages: 271, PDF Size: 7.69 MB
Page 191 of 271

Нега на возилото1899Опасност
Системот за палење користи
крајно висока волтажа. Не
допирајте го.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата, притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне слободно во патент
бравата. Проверете дали хаубата
е заглавена.
Моторно масло Проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да нема
оштетувања на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 238.
Page 192 of 271

190Нега на возилото
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде со работна температура и
изгаснат за најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 256.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Течност во ладилникот
Течноста за ладење дава заштита
од замрзнување се до околу -28°C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Page 193 of 271

Нега на возилото191
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста заладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на одобрен концентрат
од течност за ладење мешан со
чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење која содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Page 194 of 271

192Нега на возилотоСопирачкиВо случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправности
во системот на сопирачките. Нека
Ви ја отстрани причината на
губењето на течноста а
сопирачките автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 238.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање-
поаѓање се опремени со оловно- киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Page 195 of 271

Нега на возилото193
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 138.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина напозитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, таа треба да се
затвори со нешто што личи на
капаче, а проветрувањето во
близина на негативната клема
треба да се отвори.
Користете само акумулатори за
возила над коишто може да се
монтира кутија со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, погрижете се
да го замените акумулаторот AGM (Absorptive Glass Mat) со
акумулатор AGM повторно.Акумулаторот AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор за возилата на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Page 196 of 271

194Нега на возилото9Предупредување
Кога се мести акумулатор со
должина која се разликува од оригиналната, битно е да се
обезбеди соодветно местење
на меѓупросторниот елемент.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 153.
Полнење на акумулаторот
9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 229.
Предупредувачки натпис
Значење на симболите:
■ Без искри, отворени огнови или пушење.
■ Секогаш заштитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
■ Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете го упатството за сопственикот за понатамошни
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.
Page 197 of 271

Нега на возилото195Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Page 198 of 271

196Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.Халогенски предни
фарови
Предните фарови имаат посебни
системи за средно светло 1
(надворешни сијалици) и долго светло 2 (внатрешни сијалици).
Средно светло
1. Завртете го капачето 1 налево
и извадете го.
Page 199 of 271

Нега на возилото197
2. Турнете го држачот насијалицата угоре и извлечете го
држачот на сијалицата од фарот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на сијалицата во фарот.
5. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долги светла
1. Завртете го капачето 2 налево
и извадете го.
2. Откачете го приклучокот од сијалицата.
3. Откачете ја штипката со пружина и потоа завртете ја
наназад.
Page 200 of 271

198Нега на возилото
4. Извадете ја и заменете јасијалицата.
5. Завртете ја штипката со пружина нанапред и заглавете
ја.
6. Закачете го приклучокот за сијалицата.
7. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за дневно возење1. Завртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го.
2. Откачете ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
3. Вметнете го држачот на сијалицата во фарот и завртетего во насоката на стрелките на
часовникот.
Странични/Светла за дневно
возење со LED-сијалици
Кај другите верзии страничните и
светлата за дневно возење се
конструирани како LED-сијалици.
Во случај на дефект, нека ви ги
заменат на сервис.
Приспособливо предно
светло
Предните фарови имаат посебни
системи за средно светло и долго
светло 1 (надворешни ламби) и
светло за свиоци 2 (внатрешни
ламби).