OPEL MERIVA 2014.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2014.5Pages: 271, PDF Size: 7.69 MB
Page 221 of 271

Нега на возилото219
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени само на гуми со големина
195/65 R 15, 205/55 R 16 и
225/45 R 17.
Сиnџири за гуми не се дозволени
за гумите со големина 225/40 R 18 .
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Page 222 of 271

220Нега на возилото9Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за попврање гуми е во складишната преграда во
товарниот простор.
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
1. Земете ги шишето со заптивната смеса и рамката со
воздушното црево од влогот.
2. Откачете го воздушното црево од рамката и зашрафете го врз
спојката на шишето со заптивната смеса.
Page 223 of 271

Нега на возилото221
3. Наместете го шишето созаптивната смеса врз рамката.Уверете се дека шишето не
паѓа.
4. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
5. Зашрафете го цревото за пумпање гуми врз вентилот.
6. Зашрафете го цревото за воздух врз спојката на
компресорот.
7. Вклучете го палењето. За да се избегне испразнување
на акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставите
моторот да работи.8. Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на
компресорот. Гумата се полни
со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 257. Кога
потребниот притисок се
постигна, исклучете го
компресорот со повторно
притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
Page 224 of 271

222Нега на возилото
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштајте го вишок
притисокот во гумата
користејќи го копчето ].
Не работете со компресорот подолго од 10 минути.
12. Притиснете ја спојката на рамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете го
цревото за пумпање на гуми на
слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
13. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.14. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
15. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.Побарајте помош од
автомеханичар.
16. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума се тешко
изменети, затоа нека Ви ја
заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку за
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Обрнувајте
внимание на информациите за
чување на шишето со заптивна
смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Page 225 of 271

Нега на возилото223
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извадат, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 219.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
цврста и нелизгава површина.
Предните тркала треба да бидат
наместени право.
■ Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 226.■ Не менувајте повеќе од едно
тркало одеднаш.
■ Дигалката користете ја само за менување на тркала во случај на
продупчување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
■ Пред да ги зашрафите завртките
на тркалото, исчистете ги и малку
намачкајте го стеснетиот крај од
секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.
1. Извлечете ја раткапната со куката. Прирачен алат 3 214.
За раткапни со видливи завртки
на ткралото: Раткапната може
да остане на тркалото. Не ги
вадете прстените за држење на завртките на тркалото.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на завртките за
тркало со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
Page 226 of 271

224Нега на возилото
2. Варијанта 1:
Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Варијанта 2:
Одвиткајте го клучот за
тркалата и ставете го
внимавајќи да е безбедно
наместен и разлабавете ја
секоја завртка на тркалото
половина круг.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот за
клуч на главата на завртката
пред да го наместите клучот за
тркалата. Адаптерот за клуч се
наоѓа во касетата.3. Проверете дека дигалката е наместена точно до точките на
возилото за дигање.
4. Варијанта 1:
Page 227 of 271

Нега на возилото225
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Наместете ја рачката на
дигалката на дигалката
правилно приклучена, вртет ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
Варијанта 2:
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
завртка по вкрсен редослед.
Затезниот момент е 110 Nm.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на завртките на тркалото.
Page 228 of 271

226Нега на возилото
11. Одложете ги сменетото тркало3 226, прирачниот алат 3 214 и
адаптерот за клуч 3 67.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и исто така изатегнатоста на завртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја сменат или поправат
неисправната гума.
Положба за кревање заплатформаПоложба за задниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата.
Резервното тркало има челична
рамка.
Употребата на резервно тркало кое е помало од другите тркала или во
комбинација со зимски гуми може
да повлијае врз возната состојба.
Заменете ја неисправната гума
колку е можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во
товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
Page 229 of 271

Нега на возилото227
Шуплината за резервното тркало
не е предвидена за гуми од сите дозволени големини. Ако во
товарниот простор мора да се
складира тркало пошироко од
резервното тркало, тоа треба да се
прицврсти со каиш или, зависно од верзијата, со шипка за
извлекување.
Складирање на сменето
тркало во товарниот простор со употребата на каиш Користете го каишот сместен во
кутијата со алати. Прирачен алат
3 214.
■ Наместете го тркалото на подот на товарниот простор близу до
едниот страничен ѕид на
товарниот простор.
■ Протнете го крајот со јамка од каишот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
■ Протнете го крајот на каишот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.■ Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
■ Монтирајте ја куката на задната алка за врзување.
■ Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
Page 230 of 271

228Нега на возилото
Складирање на сменето
тркало во шуплината за
резервното тркало со
употребата на шипка за
извлекување
Користете ја шипката за
извлекување сместена во кутијата
со алати. Прирачен алат 3 214.
■ Свртете ја пеперужната навртка обратно од насоката на
стрелките на часовникот и
извадете го привременото
резервно тркало.■ Земете ја шипката за извлекување од кутијата со
алати и зашрафете ја врз
завртката.
■ Ставете го оштетеното тркало на
место и прицврстете го со
вртење на пеперужната навртка во насоката на стрелките на
часовникот.
Капакот на подот може да се стави на тркалото што штрчи.
Извадете ја шипката за
извлекување пред да го наместите
резервното тркало во шуплината
по менувањето или поправањето
на неисправното тркало.9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Ставајте го оштетеното тркало
секогаш во товарниот простор
прицврстено со каишот или во
шуплината за резервното
тркало прицрвстено со
пеперужната навртка.
Привремено резервно тркало
Употребата на привременото
резервно тркало може да повлијае
врз возната состојба. Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.