OPEL MERIVA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2015.5Pages: 281, PDF Size: 7.92 MB
Page 161 of 281

Возење и ракување159Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
Заклучете го возилото и
активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Типично му требаат помеѓу 7 и
12 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за време на овој
период. Испуштањето на миризби и чад за време на овој процес е
нормално.
Page 162 of 281

160Возење и ракување
Во извесни услови за возење, на
пр. кратки растојанија, системот не
може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено се појавува Diesel
partic. filter is full continue driving
(Филтерот за дизелски честички е
полн, продолжете со возењето)
или предупредувачката шифра 55
на Информативниот центар за
возачот.
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно поскоро.
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држејќи ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски четички.
Ако контролната сијаличка g се
осветли дополнително, чистењето
не е возможно. Побарајте помош
од автомеханичар.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 177, 3 257 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
Page 163 of 281

Возење и ракување161
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, задржувајќи ја брзината на возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, тркалата се блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и сопирачката за
паркирање е применетаR=рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN=лерD=автоматски режим со сите
брзини на менувачот
Page 164 of 281

162Возење и ракување
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без да се нагазне педалот на
сопирачките, контролната
сијаличка j се пали.
Ако рачката на менувачот не е во P кога палењето е исклучено,
контролната сијаличка j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Page 165 of 281

Возење и ракување163Рачен режим
Извадете ја рачката на менувачот
од положбата D налево а потоа
нанапред или наназад.
<=менување во поголема брзина]=менување во помала брзина
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остваруваавтоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматскисе префрлува на работење в
место кога возилото е застанато
во некоја брзина за напред и
педалот за сопирачките е
притиснат.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога
се вози по угорници или
удолнини.Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се пали g.
Во Информативниот центар за
возачот дополнително се
прикажува број на шифра или
порака за возилото. Пораки за
возилото 3 118.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина може
да се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 166 of 281

164Возење и ракувањеПрекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 239.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.2. Држете ја украсната облога на рачката на менувачот за
обележаната положба и
повлечете ја за да се откочи
назад.
3. Преклопете ја украсната облога
на рачката на менувачот угоре.
Повлечете ја за да се откочи
напред.
4. Поместете ја украсната облога на рачката на менувачот
налево. Внимавајте
приклучокот и снопот жици долу
да не се оштетат.5. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако P или N е одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
6. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Page 167 of 281

Возење и ракување165Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот и притиснете го копчето
за ослободување на рачката на менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Пред да продолжете со
патувањето побарајте помош од
автомеханичар.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 107.
Page 168 of 281

166Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 108.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Електрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда,
електричната сопирачка за
паркирање се вклучува
автоматски со соодветна сила.
За максимална сила, на пр.
Page 169 of 281

Возење и ракување167паркирање со приколка или на
стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога ќе
светне контролната сијаличка
m 3 107.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото,
проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање.
Контролна сијаличка m 3 107.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете го
педалот на сопирачката притиснат
и потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Притискање на куплунгот (рачен
менувач) или ставање во D
(автоматски менувач), па
притискање на педалата за гас
автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е возможно кога прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Оваа функција исто така помага со
поаѓањето на стрмнини.
Агресивно поаѓање може да го намали работниот век на
потрошните делови.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
примени статично.
Штом прекинувачот m ќе се
отпушти, динамичното сопирање
ќе престане.Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j и број на шифра или
порака за возилото што е
прикажана во Информативниот
центар за возачот.
Контролна сијаличка j 3 108,
пораки за возилото 3 118.
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната
сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Page 170 of 281

168Возење и ракување
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Контролна сијаличка m 3 107.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози по
косини.
Кога ја отпуштате сопирачката
откако ќе сопрете на косина,
сопирачките остануваат активни
уште 2 секунди. Сопирачките се
отпуштаат автоматски штом
возилото ќе почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на системот за електронска
контрола на стабилноста.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.