OPEL MERIVA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2015.5Pages: 281, PDF Size: 7.92 MB
Page 171 of 281

Возење и ракување169
Кога TC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 109.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Контролна сијаличка k се пали.
ТС повторно се активира со
повторно притискање на b.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Електронска контрола на
стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрувастабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC функционира штом
контролната сијаличка b ќе се
изгасне.
Кога ESC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 109.
Page 172 of 281

170Возење и ракување
Деактивирање
За возење со многу високи
перформанси ESC може да се
деактивира: држете го b
притиснато околу 5 секунди.
Контролна сијаличка n се пали.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини,
контролата на патувањето не може да се активира додека не се
притисне ножната сопирачка
еднаш. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски режим.
Контролна сијаличка m 3 111.
Page 173 of 281

Возење и ракување171
ВклучувањеПритиснете го преклопникот m кај
горниот крај. Контролната
сијаличка m свети бело.
Активирање Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролна
сијаличка m се пали во зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на педалот
за гас. Кога ќе се отпушти педалот
за гас, се продолжува со претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќепати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на RES/+.
Намалување на брзината При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање Притиснете y, се вклучува бела
контролна сијаличка m.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ■ Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
■ Педалата на сопирачките е притисната.■ Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
■ Рачката на менувачот е заглавена во N.
■ Брзината на моторот е многу мала.
■ Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за
стабилност.
Продолжување со снимената брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
ИсклучувањеПритиснете го преклопникот m кај
долниот крај. Контролната
сијаличка m се гасне. Зачуваната
брзина се брише. Исклучувањето
на палењето исто така ја брише
зачуваната брзина.
Page 174 of 281

172Возење и ракувањеПомош за паркирање9Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали.Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник. Ако
возилото е опремено со предна
помош за паркирање, системот се
состои од четири дополнителни
ултрасонични сензори за
паркирање во предниот браник.
Контролна сијаличка r 3 109.
Ракување
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Предната помош за паркирање може да се активира и при брзина
до 11 км/ч со кусо притискање на
копчето за помош за паркирање.
Ако r се притисне еднаш во еден
циклус на палење, предната помош за паркирање се деактивира при
Page 175 of 281

Возење и ракување173
брзина над 11 км/ч. Повторно ќе се
активира ако брзината на
возилото, претходно, не
надминала 25 км/ч. Ако брзината
на возилото надминала 25 км/ч
претходно, предната помош за
паркирање останува деактивирана
кога брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси и во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
Системот се деактивира
автоматски кога ќе се надминат
25 км/ч.
Ако возилото има само помош за
паркирање во рикверц, системот автоматски се гасне кога
менувачот ќе се извади од рикверц.
Можно е рачно деактивирање со
притискање на r.Показател
На пречки укажува звучен сигнал.
Периодот помеѓу звуците се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога е
растојанието помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Дефект
Во случај на дефект во системот,
r се осветлува или во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака за
возилото.
Освен тоа, r свети или се
прикажува предупредувачка порака во Информативниот центар за возачот ако се открие
неисправност на системот поради
привремени услови како сензори
прекриени со снег.
Пораки за возилото 3 118.Важни практични совети за
користење на системите запомош при паркирање9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот. Ако такви
пречки ја напуштаат зоната за
приметување на сензорите за време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.
Page 176 of 281

174Возење и ракувањеВнимание
Перформансите на сензоритеможе да се намалат кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системите за помош при паркирање може
да се намалат поради тешкото
товарење.
Важат посебни услови ако се
работи за повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
во горните делови од такви
возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системот за помош за
паркирање нема да избегнува судири со предмети кои се
надвор од опсегот за откривање на сензорите.
Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Доколку ставите во брзина за
напред и надминете одредена
брзина, помошта за паркирање
назад ќе се исклучи при
извлекување на задниот систем
за превозување.
Доколку прво ставите во рикверц,
помошта за паркирање ќе го
забележи задниот систем за
превозување и ќе даде звук на
зуење. Притиснете на r кратко
за да ја исклучите помошта за
паркирање.Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не се прикажани.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Page 177 of 281

Возење и ракување175
АктивирањеРетровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Поради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 126.
Page 178 of 281

176Возење и ракување
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Navi 650/Navi 950 : Осветленоста
може да се постави со копчињата за нагоре/надолу на копчето за
повеќе функции.
CD 600 : Осветленоста може да се
постави прво со притискање, а
потоа со вртење на копчето за
повеќе функции.
Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 126.
Дефект
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
■ Наоколу е темно.
■ Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
■ Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот на
камерата. Исчистете гообјективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
■ Задната врата не е затворена правилно.
■ Возилото се судрило од задната страна.
■ Има екстремни промени на температурата.
Page 179 of 281

Возење и ракување177Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 257. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и
загуба на гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете Еуро-дизел
гориво со концентрација на сулфур под 50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Гориво за работа на
течен гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас - ТНГ) или по
Page 180 of 281

178Возење и ракување
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и
бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на на притисок
од околу 5 - 10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосната функција на системот за ТНГ може да се гарантира само
со течен гас што ги задоволува
минималните барања на
DIN EN 589.
Селектор на гориво
Со притискање на LPG се
префрлува меѓу работа на бензин
и на течен гас штом ќе се достигнат
потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температурата на гасот и
минималната брзина на моторот).
Барањата обично се достигнуваат
по околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
1 исклучување=работа на
бензин1 свети=работа на течен
гас1 трепка=не е можно
префрлување,
еден резервоар
со гориво е
празен
Откако резервоарите за течен гас
ќе се испразнат, автоматски се
активира работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Секои шест месеци испразнете го
резервоарот за бензин додека не
се запали контролната сијаличка i , па наполнете гориво. Тоа
помага да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.