OPEL MERIVA 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MERIVA, Model: OPEL MERIVA 2015.5Pages: 281, PDF Size: 7.92 MB
Page 21 of 281
Накратко19
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
ќе светне контролната
сијаличка m 3 107.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги предните
тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
■ Затворете ги прозорците.
■ Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
Page 22 of 281
20Накратко
■ Заклучете го возилото сопритискање на e на
далечинскиот управувач за радиото.
■ Активирајте го системот за тревожење при кражба 3 30.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 191.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 21, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 190.
Page 23 of 281
Клучеви, врати и прозорци21Клучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............21
Врати ........................................... 28
Безбедност на возилото ............29
Странични ретровизори ............31
Ретровизори ............................... 32
Прозорци .................................... 33
Покрив ......................................... 36Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикета што се откачува.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 243.
Бројот на шифрата за адаптерот за
навртките за заклучување на
тркалата е наведен на картичка.
Треба да се наведе кога се
нарачува резервен адаптер.
Менување на тркалата 3 232.Клуч со дел што се
преклопува
Притиснете го копчето за да се
извлече. За да се преклопи клучот,
прво притиснете го копчето.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста, и затоа
треба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, податоците за
возилото се потребни за да се
извршат извесни работи.
Page 24 of 281
22Клучеви, врати и прозорциДалечински управувач
Се користи за ракување со:■ централната брава
■ системот за заштита од кражба ■ системот за тревожење при кражба
■ електричните прозорци
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 5 метри. Него може да го
ограничат надворешни влијанија.
Предупредувачките трепкачи го
потврдуваат работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект Ако со централната брава не може
да се ракува со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Дефект во далечинскиот управувач.
■ Опсегот е надминат.
■ Напонот на акумулаторот е слаб.
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
побара повтроно
синхронизирање.
■ Преоптоварување на системот на централната брава поради
често ангажирање, тогаш
напојувањето се прекинува
накратко.
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 23.Основни поставки
Некои поставки може да се изменатво изборникот Settings (поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 126.
Замена на батеријата на
далечинскиот управувач Заменете ја батеријата штом се
намали опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Page 25 of 281
Клучеви, врати и прозорци23
Клуч со дел што се преклопува
Извлечете го клучот и отворете го
уредот. Заменете ја батеријата
(вид на батеријата CR 2032),
обрнувајќи внимание на положбата
на инсталирањето. Затворете го
уредот и синхронизирајте го.
Клуч со фиксен дел на клучот
Батеријата нека Ви ја замени
автомеханичар.
Синхронизирање на
далечинскиот управувач По заменувањето на батеријата
отклучете ја вратата со клучот во
бравата на возачката врата.
Далечинскиот управувач ќе се
синхронизира кога ќе го вклучите
палењето.
Меморизирани поставки При секое вадење на клучот од
бравата за палење, клучот
автоматски ги меморира следните
поставки:
■ светла
■ Инфозабавен систем (само со CD 400)
■ централната брава
■ поставки за удобност
Зачуваните поставки автоматски
се користат следниот пат кога
меморираниот клуч ќе се вметне во
бравата за палење и ќе се сврти во положбата 1 3 153.Предуслов е Personalization by
driver (приспособување кон
индивидуалните потреби на
возачот) да е активиеан во личните
поставки на Сликовниот инфо-
екран. Тоа мора да се постави за секој клуч што се користи. Кај
возилата со Информативен екран
во боја, приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби е постојано активирано.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 126.
Систем на централната
брава Ги отклучува и заклучува вратите,
товарниот простор и капачето на
резервоарот.
Едно повлекување на внатрешната
рачка од некоја врата ја отклучува
односната врата. Повлекувањето
на рачката уште еднаш ја отвора
вратата.
Page 26 of 281
24Клучеви, врати и прозорци
Забелешка
Во случај на сообраќајка во
којашто се активираат воздушни
перничиња или затегнувачи на
ремените, возилото автоматски се отклучува.
Отклучување
Притиснете го c.
Две поставки може да се изберат:
■ Сите врати, товарниот простор и вратичката на резервоарот за
гориво се отклучуваат со
притискање на c еднаш.
■ Само вратата на возачот, товарниот простор и вратичката
на резервоарот за гориво се
отклучуваат со притискање на c
еднаш. За отклучување на сите
врати, притиснете c двапати.
Поставката може да се измени во изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 126.
Поставката може да се сними за
клучот кој се употребува.
Меморизирани поставки 3 23.
Заклучување
Затворете ги вратите, товарниот
простор и вратичката на
резервоарот.
Притиснете го e.
Ако возачката врата не е правилно затворена, системот на
централната брава нема да
работи.
Page 27 of 281
Клучеви, врати и прозорци25
Отклучување и отворање назадната врата
Притиснете c кога палењето е
исклучено за да се отклучат сите
врати. Задната врата е ослободена и се отклучува и отвора со
притиснување на прекинувачот на
допирање под лентата на задната
врата.
Копче за централната брава
Ги заклучува или отклучува сите
врати, товарниот простор и
вратичката за полнење на
резервоарот од патничкиот
простор.
Притиснете го копчето за
централната брава: вратите се
заклучуваат или отклучуваат. Ако
вратите се заклучени, сијаличката
во копчето свети.
По заклучувањето со далечинскиот управувач, сијаличката во копчето
свети околу 2 минути.
Дефект во системот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го копчето на
централна брава за да се отклучат
сите врати, товарниот простор и
вратичката за полнење на
резервоарот.
Со вклучување на палењето
системот за заштита од кражба се
деактивира 3 30.
Page 28 of 281
26Клучеви, врати и прозорци
Заклучување
Затворете ја возачката врата,
отворете ја совозачката врата, па
притиснете го копчето на
централната брава. Возилото е
заклучено. Затворете ја
совозачката врата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја возачката врата со вртење на клучот во бравата.
Другите врати може да се отворат
со повлекување на внатрешната
квака двапати. Товарниот простор
и вратичката на резервоарот за
гориво не може да се отворат.
За да го деактивирате системот за
заштита од кражба, вклучете го
палењето 3 30.Заклучување
Вметнете го клучот во отворот над
бравата од внатрешната страна на
вратата и со притиснување
работете со бравата додека не
штракне. Потоа затворете ја
вратата. Постапката треба да се
изведе за секоја врата. Возачката
врата може исто така да се заклучи однадвор со клучот. Вратичката на
резервоарот за гориво и задната
врата не можат да се заклучат.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Возилото се заклучува автоматски по надминување на брзината од
4 км/ч. Не е возможно отворање
однадвор. Покрај тоа, не е
возможно отворање на задните
врати одвнатре кога брзината на
возилото е поголема од 4 км/ч.
Зелените сијалички означуваат
дали е возможно отворање
одвнатре:
Page 29 of 281
Клучеви, врати и прозорци27
Држете ја внатрешната рачка на
задната врата за да се активира
сензорот за доближување, па
повлечете ја.
Кога брзината на возилото е под
4 км/ч, возможно е отворање на
вратите однадвор по:
■ отворањето на било која врата однатре
■ притиснувањето на копчето на централната браваВнимание
Автоматското заклучување е
активно само кога палењето е
вклучено.
Грешка во системот за автоматско
заклучување
Во случај на системска грешка,
контролната сијаличка ^ свети во
групата инструменти и се огласува
предупредувачка мелодија за да
означи дека задните врати не се
обезбедени од отворање. Кажете
им на патниците да остануваат
далеку од кваките на вратите.
Застанете веднаш и активирајте ја
детската брава во двете задни
врати. Ако детската брава е веќе
активирана, прво деактивирајте ја
и потоа активирајте ја повторно.
Зелените сијалички ќе се изгаснат
и предупредувачката мелодија ќе
престане штом се активираат
двете детски брави. Повлечете ги
внатрешните кваки на задните
врати за да проверите дали
вратите се заклучени однатре.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Автоматско повторно заклучување по
отклучувањето Накратко по отклучувањето со
далечинскиот управувач, сите
врати, товарниот простор и
вратичката на резервоарот за
бензин автоматски се заклучуваат,
под услов ниедна врата да не била
отворена.Детски брави9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Користејќи клуч или соодветен
шрафцигер, свртете ја детската брава во задната врата во
хоризонтална положба. Зеленото
светло ќе се изгаси. Вратата не
може да се отвори однатре. За
деактивирање свртете ја детската
брава во вертикалната положба.
Page 30 of 281
28Клучеви, врати и прозорциВрати
Задни врати9 Предупредување
Внимавајте на другите при
влегување или излегување
напред и назад истовремено.
Користете ја само дршката
наменета за тоа.
Задните врати имаат автоматско
заклучување 3 26.
Товарен простор
Задна врата Отворање
По отклучувањето притиснете го
прекинувачот на допирање под лентата на задната врата и
отворете ја задната врата.
Централна брава 3 23.
Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притиснувајте го прекинувачот
на допирање под лентата додека
се затвора бидејќи тоа ќе ја отклучи
задната врата повторно.
Централна брава 3 23.