bluetooth OPEL MOKKA 2014.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2014.5Pages: 157, PDF Size: 3.11 MB
Page 145 of 157

Телефон145
■ Додека разговарате по телефон,држете го притиснато копчето
q за повикување на воланот за
да смените во режим за приватен
разговор (некои телефони може
да не го поддржуваат режимот за
приватен повик, зависно од
опциите на телефонот).
■ Кога се прима повик со Инфозабавниот систем и е
поврзано Bluetooth, има мобилни
телефони што не менуваат
автоматски во режим за
приватен повик. Тоа зависи од
оригиналните спецификации на
секој мобилен телефон.■ Кога е можно да се користат услуги за разговор со друго лице
што ги поддржува операторот
преку апликација, можно е да се
упатуваат повици за време на
разговор преку Инфозабавниот
систем.
■ За време на разговор со три или повеќе лица, прикажаните
содржини може да се
разликуваат од практичните
информации.
Повикување со повторно
бирање
Од далечинскиот управувач на
воланот, притиснете го копчето q
за да се прикаже екранот за
повторно бирање или држете го
притиснато копчето за да се
прикаже екранот со историјата на
повици.
Вртете го повеќефункциското
копче за да изберете Yes (Да), а
потоа притиснете го за да упатите
повик.
Page 150 of 157

150Телефон
Напомена за ажурирањето
контакти ■ Функцијата може да се користи со
мобилни телефони што ги
поддржуваат функциите за
ажурирање на контактите и
пренесување на историјата на повиците. (Ако производот е
поврзан со мобилен телефон
што не ги поддржува овие
функции, историјата на повиците може да се прикаже преку
Инфозабавниот систем.)
■ Не е поддржано ажурирање на повеќе од 1000 броеви за
контакт.■ Имајте предвид дека разговорот без раце и репродукцијата на
звук Bluetooth се прекинуваат
додека се ажурираат контактите
(може да се користат останатите
функции, освен разговор без
раце и репродукција на звук
Bluetooth.)
■ За да се ажурираат контактите, можно е да се побара
сертификат за пренос на
контактите. Ако екранот за
чекање не се смени долго време,
може да проверите дали
мобилниот телефон бара
сертификат. Кога се бара
сертификат на мобилниот
телефон, сите поврзувања
Bluetooth се прекинуваат ако не
се прифати, а потоа уредот
повторно се поврзува.
■ Кога примате историја на повиците, можно е да се побара
сертификат за пренос за
историјата на повиците од
мобилниот телефон. Ако екранот
за чекање не се смени долго
време, проверете далимобилниот телефон бара
сертификат.
Кога се бара сертификат на
мобилниот телефон, сите
поврзувања Bluetooth се
прекинуваат ако не се прифати, а потоа уредот повторно се
поврзува.
■ Ако има проблем со зачуваните информации на мобилниот
телефон, контактите може да не се ажурираат.
■ Инфозабавниот систем користи само информации кодирани во
формат UTF-8.
■ Ако се активирани други операции (игра, пребарување
карта, навигација и сл.) за време
на ажурирање на контактите или
пренесување на историјата на
повици, ажурирањето или
пренесувањето може да не
успеат.
Причината е што други операции што работат на мобилниот
телефон влијаат врз преносот на податоци.
Page 151 of 157

Телефон151
■ Кога ќе заврши ажурирањетоконтакти или преносот на
историјата на повици, врската на
сите режими за без раце и
репродукција на звук Bluetooth
автоматски ќе се прекине, а
потоа пак ќе се воспостави.
■ Ако Инфозабавниот систем се исклучи за време на разговор потелефон, повикот ќе се пренесена мобилниот телефон. За некои телефони е потребно претходнода се постави функција за
пренос, зависно од типот на
телефонот.
■ Ако корисникот ја прекине врската директно (со
Инфозабавниот систем или
мобилниот телефон), функцијата за автоматско поврзување не се
активира.
Автоматско поврзување: Оваа
функција автоматски го наоѓа и
го поврзува последниот поврзан
уред.
■ Можно е контактите да не ги прикажуваат секогаш сите листи
на телефонот кога ќе се одберат.Инфозабавниот систем го
прикажува само она што било
пренесено од мобилниот
телефон.
■ Ажурирањето на контактите може да прими само четири
броеви за еден контакт (мобилен телефон, службен, домашен идруг).
■ Менувањето на поставката за јазикот за време на ажурирањето
на контактите ќе ги избрише сите
претходни ажурирања.
■ Ако мобилниот телефон не е поставен со екран за чекање,
може да не се упатуваат повици
до овој Инфозабавен систем.
■ Ако оперативниот систем на мобилниот телефон се ажурира,
може да го смени начинот на
којшто работи функцијата за
Bluetooth на телефонот.
■ Посебните знаци и неподдржаните јазици ќе се
прикажат како ____.■ Повиците регистрирани во контактите без име ќе се
прикажат како No number in
contact (Нема број за контакт) .
■ Инфозабавниот систем ќе ги прикаже контактите, историјата
на повиците и информациите за
повторно бирање како што се
пренесуваат од мобилниот
телефон.
Телефонски изборник → Именик →
Бришење на сите
Page 152 of 157

152Телефон
Со повеќефункциското копче,
изберете Phone Menu (Мени на
телефонот) → Phone book
(Телефонски именик) → Delete all
(Избриши ги сите) , па притиснете
го.
Свртете го повеќефункциското копче за да одберете Yes (Да) или
No (Не) , па притиснете го за да ги
избришете сите контакти или за да откажете.
Телефонски изборник → Листи со повици
Проверка, користење или
бришење на контактите.Со повеќефункциското копче,
изберете Phone Menu (Мени на
телефонот) → Call lists (Списоци на
повици) , па притиснете го.
Вртете го повеќефункциското
копче за да ја изберете саканата
историја на повици, па притиснете го.
Вртете го повеќефункциското за
проверка на историјата на повици и за упатување повици.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да го повикате избраниот
број од историјата на повиците.
■ Ако екранот Please wait
(Почекајте) се прикажува
премногу долго откако ќе се
избере дневник на повици,
проверете дали мобилниот
телефон бара потврда на
преносот на броевите на
повиците. Откако ќе завршат
постапките за потврда на
мобилниот телефон, контактите
и дневникот на повици ќе се
пренесат во Инфозабавниот
систем.
■ Дневникот на повиците од мобилниот телефон и дневникот
прикажан на Инфозабавниот
систем може да се разликуваат.
Инфозабавниот систем ги
прикажува информациите
пренесени од мобилниот
телефон какви што се.
Телефонски изборник → Поставки
за Bluetooth
Поставување на функцијата
Bluetooth.
Page 153 of 157

Телефон153
Со повеќефункциското копче,
изберете Phone Menu (Мени на
телефонот) → Bluetooth settings
(Поставки за Блутут) , па
притиснете го.За да ја активирате функцијата
Bluetooth, да регистрирате,
поврзете или избришете уред
Bluetooth или да го смените кодот
за Bluetooth, изберете Bluetooth
(Блутут) со повеќефункциското
копче, а потоа поставете ја
саканата ставка со него.За да ги поставите тонот за
ѕвонење и неговата гласност за
функцијата Bluetooth, со
повеќефункциското копче
изберете Sound & Signals (Звук и
сигнали) , а потоа поставете ги
саканите ставки со него.
Page 154 of 157

154Телефон
За повторно иницијализирање на
Bluetooth settings (Поставки за
Блутут) на основните вредности, со
повеќефункциското копче
изберете ја ставката за
обновување на почетните
поставки, па изберете Yes (Да) со
повеќефункциското копче.
Page 156 of 157

156ИндексДДополнителни уред .................130
О Општи информации ....................92
П Преглед на контролните елементи .................................. 94
Приспособување кон индивидуалните потреби ......102
Р Радио податочен систем (RDS) ..................................... 115
Ракување .................................... 97
Т
Телефон без раце .................... 143
У Употреба.................................... 106
Ф
Фиксна стапчеста антена .........119
Функција за аларм при кражба . 93
Ц ЦД плеер .................................. 121
B Bluetooth® ................................. 138