OPEL MOKKA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2015Pages: 253, PDF Size: 6.24 MB
Page 121 of 253

Светла119
Возила со систем на
приспособливо предно
осветлување
1. Клучот во бравата.
2. Повлечете ја рачката на трепкачите и задржете ја
(аблендирање).
3. Вклучете го палењето.
4. По околу 3 секунди се огласува сигнал.
Предните фарови се насочуваат
автоматски.
Секој пат кога палењето ќе се
вклучи, f трепка како потсетник
околу 4 секунди.
За деактивирање извршете ја
истата постапка како што е
опишано погоре. f нема да трепка
кога функцијата е деактивирана.
Контролна сијаличка f 3 97.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Се палат автоматски кога ќе се
вклучи палењето.
Приспособливо предно светло Функциите на приспособливото
предно светло се достапни само
со Bi-Xenon фаровите. Опсегот на
светлото, распределбата на
светлината и интензитетот на
светлото разно се активираат
зависно од светлосните услови,
времето и видот на коловозот.Осветлување за игралишта
Автоматски се активира при мали
брзини до околу 30 км/ч. Снопот на
светлото е свртен под агол од
-5°/3° кон страната на патот.
Градско осветлување Автоматски се активира при брзини
до околу 50 км/ч и кога сензорот за
светлина забележува улични
светла. Опсегот на светлото се
намалува со зголемена
распределба на светлината.
Осветлување надвор од
градот Автоматски се активира при обем
на брзината помеѓу околу 50 и
115 км/ч. Снопот на светлото и
јачината на светлоста се различни
помеѓу левата и десната страна.
Page 122 of 253

120Светла
Осветлување на автопатиштаАвтоматски се активира при брзининад околу 115 км/ч и минималнидвижења со воланот. Се вклучува
со доцнење или непосредно кога возилото се забрзува нагло.
Снопот на светлото е подолг и
посветол.
Осветлување за неповолно
време Автоматски се активира до брзини
од околу 70 км/ч, кога сензорот за
дожд препознава кондензација или бришачот работи непрекинато.
Опсегот, распределбата и
интензитетот се регулираат разно
зависно од видливоста.Динамично свиочно
осветлување
Снопот од светлото се врти врз
основа на аголот на воланот и
брзината, подобрувајќи го
осветлувањето во кривини.
Контролна сијаличка f 3 97.
Осветлување за вртење под
кривина
На тесни свиоци или кога се врти,
зависно од аголот на
управувањето или светлото на
трепкачот, дополнителен лев или
десен фар се вклучува кој го
осветлува патот под прав агол во
насоката на патувањето. Тоа се
активира до брзини од 40 км/ч.
Контролна сијаличка f 3 97.
Функција за рикверц Ако фаровите се вклучени и се
стави во рикверц, двете светла за
вртење под кривина се вклучуваат. Тие остануваат запалени за време
од 20 секунди по вадењето на
менувачот од рикверц или додека
не почнете да возите побрзо од 17 км/ч во некоја брзина за напред.
Помош за долгото светло
Оваа функција овозможува
долгото светло да биде главното
светло за возење ноќе и кога
брзината на возилото е поголема
од 40 км/ч.
Page 123 of 253

Светла121
Се префрлува на средно светло
кога:
■ камерата во шофершајбната ги приметува светлата на возилата
од спротивната насока или
напред
■ брзината на возилото е помала од 20 км/ч
■ има магла или снег
■ се вози во градски предели
АктивирањеПомошта за долго светло се
активира со притискање на рачката
за трепкачите двапати при брзина
поголема од 40 км/ч.
Зелената контролна сијаличка l
свети постојано кога помошта е активирана, сината 7 свети кога
долгото светло е вклучено.
Контролна сијаличка l 3 96.
Деактивирање
Притиснете ја рачката за
трепкачите еднаш. Исто така се
деактивира кога предните или
задните фарови за магла се
вклучени.
Ако се активира аблендирањето
кога долгото светло е запалено,
помошта за долгото светло ќе се
деактивира.
Ако се активира аблендирањето
кога долгото светло е исклучено,
помошта за долгото светло ќе
остане активирана.
Помошта за долго светло е
секогаш активна откако ќе се
вклучи палењето.Динамично автоматско
нивелирање на височината на
фаровите За да се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока, нивелирањето на предните
фарови автоматски се дотерува
врз основа на информацијата за
наклонетоста мерена од предната и задната оска, забрзувањето или
забавањето и брзината на
возилото.
Дефект во системот на
приспособливото предно
светло
Кога системот пронаоѓа дефект во
системот на приспособливото
предно светло, системот се
префрлува во претходно
поставена положба за да се
избегне заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока. Отстранете ја причината за проблемот во сервис што е можно
поскоро.
Page 124 of 253

122СветлаПредупредувачки
трепкачи
Со нив се ракува со копчето ¨.
Трепкачи за вртење и
менување лентирачката угоре=десен трепкачрачката удолу=лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За да трепнува трипати, на пр. кога се менуваат ленти, притиснувајте
ја рачката додека не се
почувствува отпор и тогаш
отпуштете ја.
Помрднете го лостот до отпорната
точка и држете ја таму за полдолго време.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Со нив се ракува со копчето >.
Page 125 of 253

Светла123Задно светло за магла
Со нив се ракува со копчето r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само со
предните фарови за магла.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се пали кога палењето е вклучено и е ставено
во рикверц.
Замаглени капаци на
светлата
Внатрешноста на куќиштето на
светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе; за потпомагање запалете
ги фаровите.Внатрешно светло
Контрола на
осветлувањето на
таблата со инструменти
Осветленоста на следниве светла
може да се дотера кога се запалени надворешните светла:
■ Осветлување на таблата со инструменти
■ Контроли на воланот
Свртете го малото тркалце A и
држете го додека саканата
осветленост не се постигне.
Page 126 of 253

124СветлаВнатрешни светлаВнатрешно светло
Предна
Ракување со преклопникот:
притиснете
го v=исклучувањеw=автоматско
вклучување и
исклучувањепритиснете
го u=вклучувањеЗадна
Ракување со преклопникот:
⃒=вклученоw=автоматско вклучување и
исклучување§=исклученоСветла за читање
Предните светла за читање се
наоѓаат во плафонската конзола.
Притискајте s и t за палење или
гасење на светлата.
Осветлување на
касетата Свети кога ќе се отвори касетата.
Светло во заштитникот за сонце
Светнува кога капакот ќе се отвори.
Page 127 of 253

Светла125Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување при
влегување
Осветлување
„добредојдовте“ Следниве светла се вклучуваат
накусо при отклучување на
возилото со далечинскиот
управувач:
■ средно светло,
■ странични светла,
■ задни светла,
■ светла за регистарската табличка,
■ светло на таблата со инструменти,
■ внатрешни светла.
Оваа функција работи само ако е
темно и го олеснува лоцирањето
на возилото.Вклучувањето или исклучувањето
на оваа функција може да се смени
во изборникот Settings (поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 110.
Следниве светла дополнително ќе се запалат кога возачката врата ќе
се отвори:
■ некои прекинувачи,
■ некои внатрешни светла.
Осветлување при
излегување Средното светло, страничните
светла и задните светла ја
осветлуваат околината за време
што се дотерува по излегувањето
од возилото.
Вклучување Активирањето, деактивирањето и
траењето на осветлувањето на
оваа функција може да се смени во
поставките на возилото.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 110.
1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење. 3. Отворете ја возачката врата.
4. Повлечете ја рачката на трепкачите.
5. Затворете ја возачката врата.
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гаснат по неколку секунди.
Светлото веднаш се гасне ако рачката на трепкачите се повлече
кон воланот додека е отворена
возачката врата.
Page 128 of 253

126СветлаЗаштита од празнење на
акумулаторот За да се спречи празнењето на
акумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.
Page 129 of 253

Контрола на климатизацијата127Контрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................127
Отвори за проветрување ......... 132
Одржување ............................... 133Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и
проветрување
Контроли за: ■ Распределба на воздухот
■ Температурата
■ Брзината на вентилаторот
V : одмаглување и одмрзнување
Греење на задното стакло Ü 3 34.
Температуратацрвено=топлосино=студено
Греењето нема да биде целосно
ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Распределба на воздухот
l=кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиM=кон пределот на главатаK=кон пределот на нозете
Можни се комбинирани поставки.
Брзината на вентилаторот
Регулирајте го протокот на
воздухот со вклучување на
вентилаторот на саканата јачина.
Одмаглување и одмрзнување ■ Притиснете го копчето V:
вентилаторот автоматски се
префрлува на поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
Page 130 of 253

128Контрола на климатизацијата
■Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување по потреба и
насочете ги кон прозорците на
вратите.
Систем за климатизација
Освен системот за греење и
проветрување, системот за
климатизација има и контроли за:
n=ладење4=кружење на воздухотЛадење n
Со него се ракува со копчето n и
функционира само кога моторот и
вентилаторот работат.
Системот за климатизација лади и
одвлажнува (суши) штом
надворешната температура е над
определено ниво. Затоа може да се формира кондензација и да капе од
под возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Активирано ладење може да ги
спречи автоматските запирања.
Систем за кружење на
воздухот 4
Со него се ракува со копчето 4.9Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
Распределба на воздухот на l:
Распределбата на воздухот се
деактивира.
Максимално ладење
Накратко отворете ги прозорците
за топлиот воздух да може да се
распрска брзо.
■ Ладењето n е вклучено.
■ Системот за кружење на воздухот 4 е вклучен.
■ Притиснете го прекинувачот за распределба на воздухот M.
■ Наместете ја контролата на температурата на најстудено
ниво.
■ Наместете ја јачината на вентилаторот на највисоко ниво.
■ Отворете ги сите отвори.