OPEL MOKKA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016.5Pages: 263, PDF Size: 6.62 MB
Page 161 of 263

Возење и ракување159АктивирањеDCS е активно при брзини меѓу 2 и
35 км/ч. Зависно од моменталната
брзина, возилото ќе забрза или
забави до брзина меѓу 5 и 20 км/ч.
Кога е активно DCS, u трепка.
DCS ќе се активира само на
патишта со одредена стрмнина.
Деактивирање
DCS се деактивира ако возилото забави под 2 км/ч или забрза над 35 км/ч.
Исклучување
Притиснете го u повторно.
Контролната сијаличка u се гаси.
При брзини над 60 км/ч, системот
се исклучува автоматски.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржи постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски
режим.
Контролна сијаличка m 3 98.
Вклучување Притиснете m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Page 162 of 263

160Возење и ракувањеАктивирањеЗабрзајте се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- : актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете го y: контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото е над околу 200 км/ч.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.● Рачката на менувачот езаглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето или
Електронската контрола за
стабилност работи.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзина над 30 км/ч.
Снимената брзина повторно ќе се
постигне.
Исклучување
Притиснете го m: контролната
сијаличка m во групата
инструменти гасне. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање на L за активирање
на ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната
брзина.
Page 163 of 263

Возење и ракување161Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот кога е активен системот.Активирање
Притиснете L. Ако претходно се
активирани контролата на
патувањето или приспособливата
контрола на патувањето, се
исклучуваат кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата
максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Page 164 of 263

162Возење и ракувањеМенување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепне на Информативниот центар за возачот и се огласува мелодија
за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.Деактивирање
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото
може да се вози без ограничување на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување
Притиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање m за да се активира
контролата на патувањето или приспособливата контрола на
патувањето или со гасење напалењето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Предупредување за преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Page 165 of 263

Возење и ракување163
Зелениот симбол A за возило
напред се пали на брзиномерот
кога системот ќе открие возило на
патеката за возење. Предуслов е
да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111 или
да не е исклучено со притискање на V (зависно од системот, видете
понатаму).
Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање V,
видете подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
известувањата може да се постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете V: моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на тревожењето.
Page 166 of 263

164Возење и ракување
Известување на возачот
Кога се приближувате до друго
возило пребрзо, страницата за
предупредување за судир ќе се
покаже на Информативниот центар за возачот. Истовремено, се
огласува и предупредувачка
мелодија. Притиснете го педалот
на сопирачката, ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.Општи информации9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Системски ограничувања
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Page 167 of 263

Возење и ракување165Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на шофершајбната
Помош за паркирањеПомошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.
Системот се состои од четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник. Ако
возилото е опремено со предна
помош за паркирање, системот се
состои од четири дополнителни
ултрасонични сензори за
паркирање во предниот браник.
Контролна сијаличка r 3 95.Активирање
Кога се става во рикверц, системот
се активира автоматски.
Предната помош за паркирање
може исто така да се активира при
мала брзина со притиснување r.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
На пречки укажува звучен сигнал.
Периодот помеѓу звуците се
скратува додека возилото стигнува поблизу до пречката. Кога е
растојанието помало од 30 см,
звучниот сигнал е непрекинат.
Page 168 of 263

166Возење и ракувањеАко r е притиснато еднаш
заедно со циклусот на палење,
предната помош за паркирање се
реактивира ако брзината на
возилото падне под одредена
вредност и ако брзината на
возилото претходно не надминала
25 км/ч .
Деактивирање
Деактивирање на системот со
притискање r.
Сијаличката во копчето ќе се изгасне и Park Assist Off (Помошта
при паркирање е исклучена) ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот.
Системот се деактивира
автоматски при извесна брзина.
Дефект
Во случај на дефект во системот,
r свети или во Информативниот
систем за возачот се прикажува
порака за возилото.
Освен тоа, r свети или се
прикажува предупредувачка
порака во Информативниот центар за возачот ако се откриенеисправност поради привремени
услови, на пример сензори
прекриени со снег.
Пораки за возилото 3 105.
Важни практични совети за
користење на системите за
помош при паркирање9 Предупредување
При одредени околности,
разните сјајни површини на
предмети или облеки, како и
надворешните извори на бучава
може да предизвикаат системот
да не ги открие пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки кои може да го оштетат долниот дел на браникот. Ако такви пречки ја напуштаат зоната за
приметување на сензорите за
време на приближувањето со
возилото, ќе се огласи
непрекинат предупредувачки
тон.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Page 169 of 263

Возење и ракување167Забелешка
Системот за помош при
паркирање автоматски ја
приметува фабрично
монтираната опрема за влечење.
Се деактивира кога е приклучен
штекерот.
Сензорот може да открие
непостоечки предмети (ехо
пречење), што е предизвикано од
надворешни звучни или
механички пречки.
Забелешка
Помошта за паркирање е
деактивирана кога е извлечен
задниот систем за носење.
Ретровизорска камера Ретровизорската камера му помагана возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува
на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана на рачката
на задната врата и има агол на гледање од 130°.
Page 170 of 263

168Возење и ракувањеПоради високата положба на
камерата, задниот браник може да
се види на екранот како ориентир
за положбата.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од 1 метар проектирани
на сликата за да ја определат
оддалеченоста од прикажаните
објекти.Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Функцијата може да се исклучи во изборникот Settings (поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 111.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Поставки за екранот
Navi 650/Navi 950 : Осветленоста
може да се намести со притискање и потоа вртење на надворешниот
прстен на Копчето за повеќе
функции.
CD 600 : Осветленоста може да се
постави прво со притискање, а
потоа со вртење на копчето за
повеќе функции.Деактивирање
Камерата се деактивира кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на
ретровизорската камера може да
се смени во изборникот Settings
(поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 111.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да не работи правилно кога:
● Околното подрачје е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го