OPEL MOKKA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016.5Pages: 263, PDF Size: 6.62 MB
Page 211 of 263

Нега на возилото209Прирачен алат
Алати Возила со комплет за
поправање гуми
Алатите и комплетот за поправање гуми се од десната страна на
товарниот простор 3 217.
Возила со резервно тркало
Дигалката и прирачниот алат се во
преграда за складирање во
товарниот простор над резервното
тркало.
Менување тркала 3 221, резервно
тркало 3 223.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се ставаат на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 246.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.
Page 212 of 263

210Нега на возилотоОзнаки на гумитеНа пр. 215/60 R 16 95 H215:широчина на гумата во мм60:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во процентиR:вид ремен: РадијаленRF:вид : RunFlat ( функционираат
и издишани)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја
намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 242.
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот вогумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 246.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите врз рамката
на левата или десната врата
укажува на оригиналните гуми и
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Page 213 of 263

Нега на возилото211Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 241.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 246.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Систем за следење на притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири гуми
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.
Page 214 of 263

212Нега на возилотоВнимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот.
Изборникот може да се изберат со
копчињата на рачката за
трепкачите.
Притиснете MENU за да изберете
Vehicle Information Menu (Изборник
за информации за возилото) X .
Свртете го тркалцето за местење
за да го изберете системот за
контрола на притисокот во гумите.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Системот ја зема во предвид
температурата на гумите при
предупредувањата.
Зависност од температурата
3 210.
Page 215 of 263

Нега на возилото213
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 96.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 246.
Ако w светка 60-90 секунди а потоа
свети непрекинато, има дефект во
системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по одредено време возење, може да
се работи за наближување на
состојба на низок притисок во
гумите. Проверете го притисокот
во гумите.
Пораки за возилото 3 105.
Ако притисокот во гумата има да се намали или зголеми, исклучете го
палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Привремената резервна гума не е
опремена со сензори за притисок.
Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Работата со електронски уреди или
близината до објекти кои користат
слични бранови на фреквенција
може да доведе до нарушување на системот за следење на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
сервисираат. За навртниот сензор,
заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот сензор, заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото
Приспособете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареност, согласно со
етикетата за информации за
Page 216 of 263

214Нега на возилотогумите или табелата со притисоци
за гумите 3 246 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tyre Load
(Оптовареност на гумите) во
Информативниот центар за
возачот, Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) 3 99. Оваа поставка е
референтна вредност за
предупредувања за притисоци во
гумите.
Изборникот Tyre Load
(Оптовареност на гумите) се
појавува само ако возилото е во
мирување или е употребена
сопирачка за паркирање. Кај
возилата со автоматски менувач,
рачката на менувачот треба да
биде во P.
Изберете:
● Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица
● Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица
● Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Споредување на сензори за
притисок на гумите
Секој од сензорите за притисокот
на гумите има единствена
идентификациска шифра. Кодот за
идентификација мора да се
спореди со позицијата на новото тркало по ротирање на гумите или
по замена на целиот комплет на
тркалото, како и по замена на еден или повеќе сензори за притисок во
гумите. Споредувањето на
сензорите за пријавување
притисок на гумите треба да се
врши и откако ќе се замени
резервно тркало со тркало за
патување со сензор за притисок на
гумите.
Светлото за неисправност w и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгаснат при
следното палење. Сензорите се споредуваат со положбите на
тркалата со користење на алатката
за повторно учење по следниов
редослед: лево предно тркало,
десно предно тркало, десно задно
тркало и лево задно тркало.
Трепкачот на моменталната
активна положба свети додека да
се усогласи сензорот.
Консултирајте автомеханичар или купете алатка за повторно учење.
Има две минути за споредување на
положбата на првото тркало и пет
минути вкупно за да се споредат
сите четири положби на тркалата.
Page 217 of 263

Нега на возилото215Ако трае подолго, споредувањетопрестанува и мора повторно да се
почне.
Сензорот за споредување
притисок на гумите е:
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Вклучете го палењето.
3. Кај возилата со автоматски менувач: ставете ја рачката на
менувачот во P.
За возила со рачен пренос:
одберете лер.
4. Притиснете MENU на рачката
за трепкачи за да изберете
Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) на Информативниот
центар за возачот.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на
сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати
за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната нагумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус сигнал од сирената потврдува
дека идентификациската
шифра на сензорот е
споредена со таа положба на
гума и тркало.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапатида укаже дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со
задното тркало од страната на
возачот, и сензор за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 99.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Page 218 of 263

216Нега на возилотоОд безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големината на гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
лепливата етикета со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрички одобрени, гумите не смеат да имаат заштитно
ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возича со тркала од легура: При
поставување на челичните тркала
со завртки од легура, на пример,
при промена на зимски гуми,
раткапните не може да се постават на челичните тркала.
Page 219 of 263

Нега на возилото217Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само напредните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени за
гуми со големина 215/65 R16,
215/60 R17 и 215/55 R18.
На гуми со големина 215/65 R16,
секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што се соодветни за
спортски возила и не додаваат
повеќе од 9 мм на шарата и
внатрешните страни на гумата
(вклучувајќи ја и бравата на
синџирот).
На гуми со големини 215/60 R17 и 215/55 R18, употребувајте само
специјални синџири за снег кои се
дозволени за Opel Mokka и гуми со тие големини. За повеќе
информации, контактирајте со
сервис.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Page 220 of 263

218Нега на возилотоКомплетот за поправање гуми се
наоѓа од десната страна на
задната преграда.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете ги кабелот за поврзување со струја (1) и
цревото за воздух (2) од
преградите на долната страна од компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.