OPEL MOKKA 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016.5Pages: 263, PDF Size: 6.62 MB
Page 221 of 263

Нега на возилото2198. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од
десет минути. Притисок во
гумите 3 246. Кога ќе се
постигне правилниот притисок,
исклучете го компресорот.Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
Page 222 of 263

220Нега на возилотосмеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголематадозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот
на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
Page 223 of 263

Нега на возилото221чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот
и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 217.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 223.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките и шарите на тркалото со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Page 224 of 263

222Нега на возилото
3. Уверете се дека дигалката еправилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Зависно од опремата, прво
отстранете го капакот од точките на возилот за
подигнување.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 223.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните
бандажи.
11. Наместете го капакот на точката за кревање на возилотокај верзиите со долни панели.
12. Складирајте ги заменетото тркало 3 223 и прирачните
алати 3 209.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Page 225 of 263

Нега на возилото223Положба за кревање заплатформа
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 217.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Page 226 of 263

224Нега на возилотоРезервното тркало е сместено во
товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
Складирање на оштетено
тркало со целосна големина во
товарниот простор
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен за резервното тркало.
Оштетеното тркало со целосна
големина треба да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат 3 209.
За да го прицврстите тркалото:
1. Наместете го тркалото на средината од товарниот
простор.
2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ алката за
врзување на едната страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на спротивната алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
Привремено резервно тркало
Внимание
Употребата на привременото
резервно тркало може да
повлијае врз возната состојба.
Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
Page 227 of 263

Нега на возилото225Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
задна гума додека влече друго возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 217.
Резервно тркало со насочна
гума
Доколку е можно, монтирајте
еднонасочни гуми, така што тие ќе
се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи штое можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
Page 228 of 263

226Нега на возилотопредизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен
или на искри.
● Испразнетиот акумулатор може да замрзне при
температура од 0 °C.
Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред
поврзувањето на каблите за
палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
( 12 волти). Неговиот капацитет
(Ач) не смее да биде
значително помал од оној на испразнетиот акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
● Отворете ги заштитните капачиња на позитивната
клема на двата акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
Page 229 of 263

Нега на возилото227монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По пет минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
три минути со поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Откачете го капачето со одвртка и
извадете го.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 209.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот во лер.
Page 230 of 263

228Нега на возилотоВнимание
Никогаш не влечете возило со
погон на сите тркала (AWD) со
предните или задните гуми на
патот. Ако влечете возило со
AWD додека предните или
задните гуми се тркалаат по
патот, системот за возење на возилото може сериозно да сеоштети. При влечење возило
со AWD, сите четири тркала не
смее да дојдат во допир со
патот.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за
сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
системот за кружење на воздухот
3 133 и затворете ги прозорците.
Возила со рачен менувач:
Возилото мора да се влече со
поглед нанапред. Максималната
брзина е 80 км/ч. Во сите други
случаи и кога менувачот е
дефектен, предната оска треба да
се крене од тлото.
Возила со автоматски менувач: Не
влечете го возилото со алка за
влечење. Влечењето со јаже за
влечење може да предизвика
големи оштетувања на
автоматскиот менувач. За влечење
возила со автоматски менувач,
користете возило за влечење со
рамен под или опрема за
подигнување тркала.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето и затворете
го.Влечење друго возило
Откачете го капачето со одвртка и
извадете го.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 209.